Истражувањата спроведени на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон покажаа дека дивото оригано е одлично антифунгално средство кое целосно ја убива Candida albicans.
Кандидата е габична инфекција која е широко распространета меѓу луѓето. Маслото од диво оригано содржи силни антифунгални состојки кои сигурно и ефикасно влијаат на отстранување на кандидата. Се земаат до 4 капки масло од диво оригано разредено со друго базично масло, три пати дневно, во период не подолг од 15 дена. Третманот се повторува после пауза од 10 дена и трае до 3 месеци. За време на терапијата неопходно е да се избегнува храна со висока концентрација на шеќер, како и производи од бело брашно, од причина што истите ја хранат кандидата. Дополнително, задолжително треба да се пие 8-12 чаши вода за исфрлање на токсините од организмот, кои се создаваат при уништувањето на кандидата.
Габичните инфекции на ноктите често се упорни и тешко се отстрануваат, но затоа маслото од диво оригано има докажана 100% ефикасност за овој проблем. Два до три пати дневно ноктите треба да се измијат и исушат и да се премачкаат со 2 до 3 капки масло од диво оригано, се додека ноктите не се нормаилизираат. Лечењето на кандидата е подолготраен процес и може да трае и до 3 месеци. Ефектот е уште поголем доколку во исто време се земаат до 4 капки масло од диво оригано разредено со друго базично масло, три пати дневно, затоа што габичните инфекции на ноктите се најчесто предизвикани од инфекција на крвта со кандида. Задолжително треба да се пие 8-12 чаши вода за исфрлање на токсините од организмот, кои се создаваат при уништувањето на кандидата.