ПРОЛЕТЕН ЗАМОР – ОПАДНАТ ИМУНИТЕТ
Што е пролетен замор и зошто се јавува?
Пролетниот замор е состојба на организмот, која се појавува на крајот од зимата а при почнувањето на пролетта. Главни предизвикувачи се недостатокот на Витамините Ц и Д, подолгиот престој во затворен простор, како и исхраната која во текот на зимата е повеќе еднолична и сиромашна со вимани и минерали. Оваа состојба најчесто е пропратена со симптоми како што се замор, раздразливост, отежната концентрација и сериозно опаѓање на имунитетот, а најчесто ги напаѓа оние кои се поосетливи на временските промени, децата и повозрасните. Организмот е ослабен во голема мера, и поради опаднатиот имунитет не е во состојба да се одбрани од вирусите и бактериите, ниту пак од алергиите кои ги носи пролетта. Всушност, токму пролетниот замор е и главната причина поради која на почетокот на пролетта се појавува новиот бран на грип, како и зголемената осетливост на алергените како што е поленот.
Што претставува имунитетот и како тој реагира?
Имунолошкиот систем (Имунитетот) е систем од органи и клетки кои го штитат телото од напад на туѓи микроорганизми. Негова главна задача е да го спречи навлегувањето на туѓите микроорганизми во телото и да ги уништи оние кои ќе влезат во организмот.
Кога микроорганизмите ќе влезат во нашето тело, нив ги напаѓаат клетките кои се наоѓаат на првата линија на одбрана – белите крвни зрнца. Имуните клетки се активираат под дејство на предизвикувачот на болеста, при што ги препознаваат и уништуваат патолошките микроби – бактерии, вируси, паразити и габички кои навлегуваат во организмот. На тој начин имунолошкиот систем не штити од инфекции. Доколку имуниот одговор е послаб и не успее да одговори на нападот на микроорганизмите, тогаш настанува болест која е предизвикана од самата инфекција.
За разлика од претходното, при пролетните алергии доаѓа до алергиската реакција која е одговор на имуниот систем на организмот кон внесените алергиски супстанци. Организамот на алергичните лица бурно реагира на некои појави од нашето природно опкружување, кои инаку не се штетни. Кај поголем дел од алергиските реакции имуниот систем реагира на алергенот како на штетен агенс. При првиот контакт со алергенот, организмот произведува голема колична на антитела, кои се нарекуваат имуноглобулин Е (IgE).
Како да го зајакнеме имунитетот и да го надминеме пролетниот замор?
Денес има навистина широка лепеза на производи со кои може да се влијае на подобрување на имунолошкиот систем. Станува збор за производи кои содржат активни состојки кои делуваат на имунолошкиот систем на различни нивоа. Тоа се производи кои се достапни без лекарски рецепт, а кои се добиваат со препорака на лекар или фармацевт. Повеќето од нив, како што се природниот мед, маслото од семки од грејпфрут, маслото од црно семе, витаминските и минералните додатоци (Витамините Ц и Д, потоа магнезиумот, цинкот) и пробиотиците имаат докажано влијание на имунолошкиот систем и кај децата и кај возрасните.
Во секој случај, почитувањето на некои општи правила е мошне важно за одржување на имунитетот. Тука пред се е важно што подолг престој на чист воздух и сонце, спортски активности, внесувањето на храна богата со минерали и витамини, секојдневно прочистување на носните шуплини и устата од алергени, висруси и бактерии и тоа со раствори кои се направени исклучиво од природни состојки.
Масло од семки од грејпрфут – најдобриот природен имуномодулатор и најмоќен природен антибиотик и антивиретик
Маслото од семки од грејпфрут го става имунитот во “петта брзина“ и затоа во САД го нарекуваат “вакцина за имунитет“. Се добива со метод на ладна екстракција од семките и пулпата на грејпфрутот (Citrus Paradisi) и претставува соединение богато со антиоксиданси, кое може да се користи за третирање на различни состојби.
Ова масло, со својата пријатна арома и вкус, е познат природен имунолошки засилувач што поддржува и различни метаболички функции. Маслото од семки од грејпфрут ги подобрува функциите на имуниот систем и помага при детоксикација на организмот. Ја подобрува ресорпцијата и искористувањето на витамините во организмот, ги неутрализира слободните радикали и на тој начин делува антиоксидативно.
Помага да се подигне нивото на pH на крвта и на тој начин го алкализира организмот, што е од особена важност при болести предизвикани од микроорганизми како што се вируси и бактерии, кои не можат да преживеат во алкална средина. Голем број на дегенеративни болести кај човекот се поврзани со киселото pH ниво на организмот.
Поради активните супстанци што ги содржи маслото од семки од грејпфрут, како што се биофлавоноидите и полифенолите, тоа делува бактерицидно и бактериостатски на повеќе од 800 видови на вируси и бактерии, 100 видови на габи и голем број на паразити. Всушност, тоа е најмоќниот природен антибиотик и антивиретик, кој докажано уништува широк спектар на грам-позитивни и грам-негативни микроорганизми (вируси, бактерии и габи), вклучувајќи: Shigella, Staphylococcus, Pseudomonas Aeruginosa, Giardia Lamblia, Streptococcus Pneumonia, Haemophilus Influenzae, Mycobacterium Species, Campylobacter, Candida Albicans, Escherichia Coli, Salmonella, Klebsiella, Proteus, Vibio Cholerae, Chlamydia Trachomatis, Trichomonas Vaginalis, Legionella Pneumophila, Helicobacter Pylori, Herpes Simplex 1, Influenza A2.
Активните состојки на маслото од семки од грејпфрут делуваат на вирусите и бактериите така што ја уништуваат нивната клеточна мембрана (бактерицидно дејство), а кај одредени бактерии и вируси го намалуваат нивното размножување (бактериостатски).
Најважната состојка на маслото од семки од грејпфрут се биофлавоноидите, кои директно делуваат на зајакнување и поддршка на имунолошкиот систем на организамот, со тоа што го подигаат вкупниот број на Т-лимфоцитите, како и нивото на имонглобулин Г и го балансира нивото интерлеукин 1 и 2. Исто така, содржи голем број на други материи кои влијаат на човековото здравје, вклучувајќи стероли, токофероли, лимонска киселина, витамини и минерали. Ова масло е одличен извор на витамин Ц, калиум и пектин, и од тие причини има моќни антиоксидативни ефекти врз организмот во целост.
Маслото од црно семе – најдобар природен антихистаминик
Во голем број на научни и стручни истражувања, како едно од најефикасните природни средства против алергии, се посочува маслото од црно семе. Маслото од црно семе делува како природен антихистаминик и потребно е да се почне со негово конзумирање неколку недели пред почетокот на сезоната на алергии, за да се припреми организмот. Долгорочната употреба на ова масло може значително да ги намали алергиските симптоми, па дури и целосно да ги отстрани.
Маслото од црно семе содржи повеќе од сто активни супстанци, кои се извонредно балансирани, а негова главна активна состојка е Thymoquinon. Иако е познато уште од времето на фараоните, сепак посериозни испитувања за ова масло се направени во периодот по 1964 година. Досега се објавени преку 480 научни трудови кои се занимаваат со употребата на ова масло и сите упатуваат на фактот дека маслото од црното семе го јакне имунолошкиот систем и има силно изразени лековити својства, клучни за тертирањето на алергии.
Што друго да се направи за јакнење на имунитетот?
Сепак, покрај производите кои можете да ги употребувате за јакнење и одржување на имунитетот, многу важни се и здравата храна, добриот сон и физичката активност.
Здравата храна пред се вклучува свежо овошје, зеленчук и месо. Овошјето и зеленчукот може да бидат и свежо исцеден сок, ако не ги јадете доволно. Во оброците внесете здрави закуски како што се јогурт, кисело млеко или интегрални житарици со суво овошје, направени дома. Избегнувајте брза и масна храна и храна богата со шеќер, која може да доведе до ослабнување на имунитетот, како и храна која може да предизвика алергиска реакција.
Во периодот за кој зборуваме, за да може организмот брзо да закрепне, на сите ние потребно одмор и сон. На децата им е потребно дури и повеќе сон отколку на возрасните. Една студија, направена од американски научници, покажува дека децата треба да спијат барем десет часа на ден. Затоа, инсистирајте детето да спие кога е време за спиење.
Скратете го времето поминато пред телевизор, компјутер или таблет колку што можете повеќе. Имунолошкиот систем бара физичка активност и вежби кои ќе му помогнат на телото да остане здраво, затоа бидете физички активн и колку што можете повеќе излегувајте на свеж воздух и сонце, секогаш кога временските услови го дозоволуваат тоа.