ЧАЈ ОД ДИВО ОРИГАНО
331 ден
- Ги спречува грипот и настинките
- Најмоќен природен антисептик
- Ефикасно ги отстранува бактериите (ешерихија коли, стафилококи, стрептококи, листерија)
Description
Чајот од диво оригано е природен антиоксиданс и прочистувач, чија основна состојка карвакрол делува антивирусно, антибактериски, антигфунгално и го зајакнува имунитетот.
Чајот од диво оригано се користи при:
– уништување на микроорганизмите кои предизвикуваат настинка и грип;
– проблеми со дишните патишта и кашлица, го зајакнува респираторниот систем и ги разредува спазмите и бронхијалниот секрет;
– воспаление на синусите;
– проблеми со дигестивниот систем (дијареа, надуеност);
– бактериски и габични инфекции: ешерихија коли, стрептококи, стафилококи, салмонела, листерија, кандида и др.
Својства на чајот од диво оригано
Чајот од диво оригано е моќен природен антибиотик, конкурент на најсилните конвенционални антибиотици. Докажано е дека основната состојка на чајот од диво оригано – carvacrol, има сили антивирусни, антифунгални, антибактериски и антипаразитски својства и ефикасно уништува над триесет видови на микроорганизми (бактерии, вируси, габи). Ефикасно ги спречува грипот и настинките, помага при воспаленија, намалување на болката и избегнување на инфекции.
Начин на употреба на чајот од диво оригано
Чајот од диво оригано се подготвува на начин што една кафена лажичка од чајот се прелева со 200мл. зовриена вода и се остава да отстои 10 минути во покриен сад, по што се процедува. Се пие засладен по вкус, три пати на ден. При утврдени заболувања се пие најмногу до 6 чаши од чајот од диво оригано, континуирано во период не подолг од 21 ден. До следната употреба на чајот од диво оригано, се прави пауза од 10 дена. Деца до 12 годишна возраст, смеат да го употребуваат чајот од диво оригано, но половина од препорачаната дневна доза за возрасни.
Напомена: Сите информации околу својствата, индикациите и начинот на употреба на чајот од диво оригано се засноваат на стручната литература и на светски интернет страници посветени на лековити билки и здрав живот. Содржините се од информативен карактер и не се наменети за дијагностицирање или лекување. Одлуката да се користи чајот од диво оригано е одговорност на читателот.
Мерки на претпазливост: Чајот од диво оригано треба да се чува на суво и темно место, недостапно за деца. Не се препорачува кај трудници и доилки, затоа што карвакролот влијае на железото во крвта; кај деца до три годишна возраст; и кај луѓе со зголемен крвен притисок и срцево-болните, затоа што може да предизвика забрзано чукање на срцето. При конзумирање не треба да се меша со сок од лимон.
Дивото оригано (Origanum minutiflorum) е ендемична билка која расте единствено на високите планински предели во јужна Турција, на надморска височина од над 2000м. Токму климата и условите кадешто расте дивото оригано овозможува висока концентрација од над 80% на активната состојка – carvacrol и го прави да биде со органско потекло. Дивото оригано се разликува од питомото оригано (Origanum Marjoram), кое најчесто се користи како зачинска билка во исхраната. Чајот од диво оригано се добива со природен процес на дестилација на листовите, единствено кога растението е во фаза на цветање и е богато со етерични масла.
Користите од дивото оригано биле познати уште од античко време, кога Хипокрит го користел за лекување на разни болести, како стомачни болки и респираторните заболувања. Подоцна, во 15 век, Парацелзус го користел дивото оригано за лечење на жолтица, псоријаза, дијареа и некои други габични заболувања.
Според бројни студии, главната антибактериски активна состојка на дивото оригано е carvacrol, кој претставува природен фенол. Други слични состојки содржани во чајот од диво оригано се флавоноиди, кои имаат антисептичко дејство, тимол и терпени кои делуваат антивоспалително. Чајот од диво оригано делува против воспаленија и болки предизвикани од артритис, астма, егзема, синузитис, хепатитис, псоријаза и други воспалителни нарушувања. Докажано е дека чајот од диво оригано не дозволува бактериите да дишаат и во многу краток временски период ги убива. Не дозволува мутација и отпорност на бактериите, a ефикасно ги убива и веќе мутираните бактерии, резистентни на конвенционална антибиотска терапија. Постојат голем број на научни студии со кои се докажува моќта на дивото оригано и уште во 1910 година е потврдено дека дивото оригано е најсилниот растителен антисептик во светот.
Чајот од диво оригано има силни антиоксидантски и стимулирачки својства. Антиоксидантските својства на чајот од диво оригано предизвикуваат забавување и запирање на процесот на оксидација на молекулите. Чајот од диво оригано може да го намали влијанието на слободните радикали, да ја намали и отстрани штетата причинета на организамот. Чајот од диво оригано ја стимулира работата на жолчката со што го подобрува протокот и варењето на храната.
Многу научни студии докажаа дека чајот од диво оригано е моќен имунолошки зајакнувач.
Чајот од диво оригано ефикасно делува против настинки и грип. Во последните години во САД и Канада, дивото оригано во форма на масло или чај, особено се користи за превенција од свински грип (А-H1N1), сезонски грип и настинки.
Со секојдневно користење на чајот од диво оригано се зајакнува имунолошкиот систем и се ослабнуваат вирусите. При првите знаци на вирусни инфекции, како што се настинка, грип, херпес, осип, итн., користет од 3 до 6 чаши чај од диво оригано дневно.
Кај воспаление на синусите и бронхитис се прави инхалација два до три пати на ден со топла вода во која се ставаат 2 до 4 кафени лажички чај од диво оригано. Чајот од диво оригано не смее да се става директно во носните шуплини и треба да се избегнува контакт на пареата со очите.
Научно е потврдено дека дивото оригано и во многу мали дози може ефикасно да ги замени пеницилинот, стрептомицинот и вакномицинот. За разлика од фармацевтските антибиотици, ориганото не ја оштетува клеточната мембрана на бактериите со што е оневозможено нивното мутирање. Покрај ова, чајот од диво оригано ги уништува и веќе мутираните бактерии. Чајот од диво оригано има силен ефект врз вообичаените патогени бактерии, како стафилококи, стрептококи, ешерихија коли и листерија. Состојката Carvacrol ефикасно делува против Candida albicans, како и против салмонела и Pseudomonas eruginoze, кои се резистентни на антибиотици.
За отстранување на паразити во организмот, се земаат до 6 чаши чај од диво оригано дневно, во период не подолг од 21 ден.