Herba Natura

Природна алтернатива за Вашето здравје
  • македонски
  • English

Детското здравје значајно влијае на здравото и безгрижно растење, а усвојувањето на здрави животни навики е важен услов за одржување на здравјето во зрелата и поодмината возраст.
Детските болести се нормална појава во текот на растењето, а посебно чести се настинките и вирусните инфекции. Како родители, ние секако мораме да се обидеме да ги спречиме и да ги намалиме нивните симптоми.
Заштитата од овие болести пред се треба да се сведува на превентива, преку јакнење на самиот имунитет, со цел да се избегне посериозно разболување. Дури потоа, ако симптомите се силно изразени, е потребно да се премине кон лекување на болеста.
Превентивата, односно јакнењето на имунитетот, треба да биде со секојдневно користење на природни производи, како што се маслото од семки од грејпфрут, медот, свежо овошје и зеленчук итн.
Лекувањето на најголем број бактериски и вирусни инфекции, исто така може да биде со природни производи. Маслото од семки од грејпфрут на пример, е најмоќниот природен антибиотик и антивиретик, доколку се користи тераписки.
Хигиената на носните шуплини и устата и грлото е исто така мошне важна. Со секојдневно користење на CitroNasal спрејот за нос и CitroSeptol спреј за уста и грло, ќе се ослободите од бактериските, односно вирусните наслаги кои се создаваат тука.
Грижата за правилниот раст и развој на детето и неговото добро здравје, е наша темелна определба.