МАСЛО ОД ЦРНО СЕМЕ
405 ден
- Спречува алергии
- Го регулира крвниот притисок
- Го намалува нивото на холестерол и шеќер во крвта
- Го јакне имунитетот
Description
Маслото од црно семе е најсилен природен зајакнувач на имунолошкиот систем, кој има изразено антиалергиско, антибактериско, антивирусно, антифунгално, антивоспалително, антипиретично и др. дејства. Особено се препорачува како превенција во сезона на грип и настинка. Содржи Омега 6 и Омега 9 масни киселини, потоа калциум, цинк, бакар, железо, фосфор, витамините Б1, Б2, Б3, Б6 и Б9 и други витамини и минерали, а главна состојка е Thymoquinon. Се добива со метод на ладна екстракција, 100% природно.
Маслото од црно семе се користи при:
– автоимуни заболувања;
– намалување на симптомите на алергии;
– намалување на последиците од хемотерапија и зрачење;
– дијабетис и стабилизирање на крвниот притисок;
– детоксификација на организмот;
– смирување на кашлица и астма;
– покачена телесна температура;
– ревматски и мускулноскелетни нарушувања;
– регулирање на холестеролот, мастите и триглицеридите во крвта;
– регулирање на работата на дигестивниот тракт;
– невролошки пореметувања и артритис;
– габични инфекции, псоријаза и дерматитис и др.
Својства на маслото од црно семе
Маслото од црно семе се смета за панацеа односно универзален лек. Тоа содржи повеќе од сто активни супстанци, кои се извонредно балансирани, а неговата главна активна состојка е Thymoquinon. Иако е познато уште од времето на фараоните, сепак посериозни испитувања за ова масло се направени во периодот по 1964 година. Досега се објавени преку 480 научни трудови кои се занимаваат со употребата на ова масло и сите упатуваат на фактот дека маслото од црното семе има силно изразени лековити својства. Така, ова масло го јакне имунолошкиот систем, ги регулира проблемите со дишните патишта (алергии и астма), го регулира високиот крвен притисок, ја подобрува циркулацијата, го намалува нивото на холестерол и шеќер во крвта, помага при проблеми со дијабетис, артритис, невролошки пореметувања, бактериски и габични заболувања, го поттикнува размножувањето на ќелиите на коскената срж, го спречува развојот на ракот, итн.
Првото поважно истражување за дејството на маслото од црно семе при превенција од тумори е направено во „Cancer Immuno-Biology Laboratory“ во Јужна Каролина. Научниците кои го спровеле истражувањето, дошле до заклучок дека здравиот имунолошки систем ќе ги уништи канцерогените клетки уште пред тумурот да може да го загрози пациентот, а маслото од црно семе е токму природен зајакнувач на имунитетот. Федералната управа за контрола на лекови и храна во САД, во 1996 година ја одобрила употребата на маслото од црно семе за третман на канцерогени болести и намалување на негативните ефекти од хемотерапијата. Група лекари од Саудиска Арабија, од истражувањето кое го спровеле во 2007 година, дошле до заклучок дека маслото од црно семе го намалува високиот крвен притисок, ја подобрува циркулација и ги смалува нивото на холестеролот и шеќерот во крвта.
Начин на употреба на маслото од црно семе
Маслото од црно семе задолжително се користи разредено. За превентивна употреба се зема до два пати на ден по една кафена лажица, со една лажица мед растворен во половина чаша вода. При утврдени заболувања се зема по една супена лажица, следена веднаш со земање на една супена лажица мед растворен во половина чаша вода, 15 минути пред јадење, два пати на ден (на секои 12 часа). Може да се зема и со сок од портокал или чај. Дозата за деца е половина од препорачаната доза за возрасни. Ова масло може да се користи и како додаток во салати.
Напомена: Сите информации околу својствата, индикациите и начинот на употреба на маслото од црно семе се засноваат на стручната литература и на светски интернет страници посветени на лековити билки и здрав живот. Содржините се од информативен карактер и не се наменети за дијагностицирање или лекување. Одлуката да се користи маслото од црно семе е одговорност на читателот.
Мерки на претпазливост: Маслото од црно семе треба да се чува на суво и темно место, недостапно за деца. Не се препорачува негово користење од страна на трудници и доилки.
Црното семе е едно од првите култивирани растенија во историјата на човештвото. Најстарите пишани документи за неговата здравствена примена, датираат уште од времето на фараоните. Неговите здравствени ефекти ги користеле и ги опишале најголемите исцелители во историјата, како што се Хипокрит и Диоскорид, потоа Ибн Сина – Авицена кој го потенцира неговото значење во својата медицинска книга „Канон за Медицината”, а спомнато е и во многубројни религиски списи. Расте во медитеранските предели, во Азиските земји, на Арапскиот полуостров и во северно-Африканските земји.
Маслото од црно семе содржи повеќе од сто активни состојки, како што се заситени и незаситени масни киселини, потоа калциум, цинк, бакар, железо, фосфор, витамините Б1, Б2, Б3, Б6 и Б9 и други витамини и минерали, а главна состојка е Thymoquinon. Од триглицеридите застапени се заситените масни киселни – 16% (миристинска, палмитинска и стеаринска) и незаситените масни киселини, кои организмот неможе самиот да ги синтетизира – 84% (олеинска – 24,64%, линолна – 56,12%, линолејска – 0,70% и еикосаноидна – 2,53%). Високиот процент на застапеност на незаситените масни киселини овозможува ова масло да се применува од негување на кожата, па се до ревитализација на целиот организам. Оваа активност е овозможена бидејќи тие претставуваат прекурсори на простагландините, кои се присутни во речиси секое телесно ткиво и течност и се одговорни за важни биолошки функции. Поради ова, маслото од црно семе има изразено противтуморно влијание, поволно делува на зајакнување на срцевите мускули и лачењето на бубрезите, на репродуктивните органи, гастроинтестиналниот и респираторниот тракт, далува на централниот нервен и ендокриниот систем, го намалува нивото на холестеролот во крвта, ја одржува структурата и функцијата на артериите и вените (спречува тромбоза), помага кај реуматоиден артритис и мултиплекс склероза, лекува егземи и дерматитис, спречува ПМС синдром, итн. Ова масло содржи и 23 стероли/стерини, односно фитостероиди, кои имаат изразено дејство на кортикостероидите и половите хормони кај луѓето, а потврдена е и нивната улога во активирањето на имунолошкиот систем. Поради силно изразената разновидност на стероидните структури во ова масло, научниците сметаат дека допрва ќе се открие вистинската слика за неговото влијание на хормоналниот систем на човечккиот организам и дека на ова ниво на научни сознанија, сепак треба да се избегнуваат непотребни сензации и шпекулации.
Анализите покажуваат дека маслото од црно семе по својата биолошка функција ја има следната структура: тимохинон (Thymoquinon) до 50% (кој истовремено е и најглавната лековита состојка во ова масло); цимен; пинен; карбонски и фенолни компоненти; карвон; и лимонен. Маслото од црно семе содржи 15 аминокиселини (од нив 9 се есенцијални, колку што содржат и белковините во човечкиот организам). Изолирани се четири алкалоиди: нигелицин и нигеламин-н-оксид (изохинолини) и нигелидин и нигелицин (пиразолоиди), како и одредени сапонини.
- Аналгетик – ослободува или го намалува чувството на болка;
- Антиалергиско – ги намалува и спречува состојбите на алергиски ринитис;
- Антиастматик – го олеснува дишењето и ги намалува симптомите на астма;
- Антибактериско – ги уништува штетните бактерии или го спречува нивниот раст;
- Антидијабетично – го регулира дијабетисот, посебно типот 2;
- Антиинфламаторно – ги намалува воспаленијата;
- Антиинфектно – ги спречува и уништува инфекциите (Helicobacter Pylori);
- Антифунгално – ги уништува и ги спречува габичните инфекции и кандидата;
- Антимикробно – ги уништува штетните микроорганизми или го спречува нивниот раст;
- Антиоксидантско – ја спречува или успорува штетната оксидација на клетките и создавањето на слободни радикали во телото;
- Антипиретско–покажува ефект на разладување, со што ја намалува телесната температура;
- Антифунгално – ги уништува габичните инфекции или го успорува нивниот раст;
- Антихипертензивно – го регулира високиот крвен притисок;
- Антиспазматично – спречува или намалува мускулни грчеви;
- Антитуморно – спречува формирање на малигни тумури;
- Антивирално – спречува развој и ширење на вируси;
- Бронходилаторно – помага во ширење на бронхиите;
- Вермицидно – ги уништува и ги исфрла интестиналните глисти;
- Дигестивно – го стимулира работењето на жолчката и помага при варењето на храната;
- Дијафоретично – го поттикнува потењето кај покачена телесна температура и ослободува од токсини;
- Диуретично – го стимулира мокрењето и ги намалува отоците и надуеноста на телото и ослободува од вишок течности;
- Еменагог – го регулира менструалниот циклус;
- Галактогог – стимулира лачење на млеко кај жените – доилки;
- Хепатопротективно – ја штити и го подобрува работењето на јетрата;
- Хипотензивно – го регулира крвниот притисок;
- Имуномодулатор – го поттикнува и го балансира имунолошкиот систем;
- Карминативно – помага при нередовна столица и ослободува од гасови;
- Лаксативно – ги прочистува и ги опушта цревата;
- Ренопротективно – ги штити бубрезите и ја подобрува нивната функција;
- Тонзило-фарингитично – ги олеснува и смирува болките во усната празнина и крајниците.
Голем број студии го проучувале влијанието на маслото од црно семе за лечење тумори и рак. Авторите на една од тие студии дошле до констатација дека ова масло го стимулира произведувањето на коскена срж и клетки на имунолошкиот систем, го зголемува нивото на интерферонот, ги штити нормалните клетки од штетните влијанија на виралните болести, ги уништува клетките на туморите и го зголемува бројот на „Б“ клетките кои произведуваат антитела.
Научниците од Имунобиолошката лабораторија за канцер во Јужна Каролина – САД, дошле до констатација дека маслото од црно семе ја стимулира активноста на неутрофилните гранулоцити, најзастапениот тип на бели крвни зрнца во телото, кои се одговорни за пронаоѓање на канцерогените клетки и нивното уништување пред да се претворат во тумори.
Антивоспалителен ефект на маслото од црно семе – тимокинон, на ќелиите на карцином на панкреасот
Антитуморна активност на маслото од црно семе
Докажано дејството на црното семе кај елиминицаија на Helicobacter pylori
Маслото од црно семе – ефикасно при третман на дебелеењето кај луѓето со метаболички синдром
Маслото од црно семе како средство против Остеопороза
Маслото од црно семе при третман на сезонски алергиски Ринитис
Преглед на здравствените својства на црното семе
Црното семе го намалува нивото на шеќерот во крвта кај пациентите со Дијабетис тип 2