CitroNasal – спреј за нос со масло од семки од грејпфрут

220 ден

  • Го олеснува дишењето
  • Го разредува секретот
  • Помага при алергии и алергиски ринитис
  • Помага при бактериски и вирусни инфекции (стафилококи и стрептококи)


Плаќање при испорака
За нарачки до 1500 денари доставата е 130 денари,
за нарачки над 1500 денари доставата е бесплатна!
Category:

Description

Примена

CitroNasal спрејот се користи за хигиена на носните шуплини и ги чисти од инфективни агенси и честички од загаден воздух.

Помага за разредување на секретот и го олеснува дишењето при настинки и грип, при проблеми со воспаление на синусите, алергии и ринитис. Ги навлажнува носните шуплини и дејствува смирувачки и регенерирачки на надразнетата слузница.

Поседува антибактериски и антивирусен ефект благодарение на маслото од семки од грејпфрут, чија основна состојка – биофлавоноиди докажано делува антивирусно, антибактериски, антигфунгално и го зајакнува имунитетот.

Дозирање и начин на употреба

CitroNasal спрејот за нос е произведен од исклучиво природни состојки, кои се во категоријата на храна. Не содржи хемиски додатоци, конзерванси или било какви синтетички медикаменти, ниту пак некоја од состојките кои се чести предизвикувачи на алергии.

Безбеден е за користење кај деца со наполнета една година старост и возрасни. Дозирањето е различно во зависност од возраста:

  • Кај деца од една до три години, една до две апликации во секоја ноздра од три до пет пати на ден.
  • Кај деца од три до шест години, две до три апликации во секоја ноздра од четири до шест пати на ден.
  • Кај деца од шест до дванаесет години, две до три апликации во секоја ноздра до осум пати на ден.
  • Кај деца постари од дванаесет години и возрасни, три до четири апликации во секоја ноздра до осум пати на ден.

CitroNasal спрејот за нос може да се користи по потреба и без ограничување на периодот на користење.

Мерки на претпазливост

Да не се прска во очи. Да не се користи кај деца помали од 1 годинa без консултација со лекар, заради можност од алергичност на некоја од состојките. Еден апликатор треба да се користи само од едно лице. Користењето на еден апликатор од страна на повеќе лица може да предизвика ширење на инфекцијата. Да не се користи после рокот на употреба и после 6 месеци од отвoрањето.

Напомена

Содржината на ова упатство е од информативен карактер и не содржи медицински информации. Ве молиме да се советувате со Вашиот лекар или фармацевт при користење на овој производ.

Овој производ е исклучиво 100% природен. Не содржи глутен, ГМО, тешки метали, вештачки бои и било какви синтетички материи и стабилизатори.