МАСЛО ОД СЕМКИ ОД ДИВА КАЈСИЈА

587 ден

  • Превенција од тумори
  • Моќен природен антиоксиданс
  • Ги храни косата и кожата


Плаќање при испорака
За нарачки до 1500 денари доставата е 130 денари,
за нарачки над 1500 денари доставата е бесплатна!
Category:

Description

Маслото од семки од дива кајсија е еден од најмоќните природни антиоксиданси. Изобилува со витаминот Б17 (познат уште и како Амигдалин), како и со останатите витамини од групата Б (Б1, Б2, Б6), витамините  А, Ц, К и Е, линолната и олеинските есенцијални масни киселини (Омега 6 и Омега 9), минерали (калиум, магнезиум, фосфор) и многу други хранливи материи. 

Маслото од семка од дива кајсија се користи при:

  • превенција на тумори;
  • проблеми со астма;
  • силно изразена кашлица и бронхит;
  • проблеми со опстипација (како лаксатив)
  • егземи, дерматитис, акни и отстранување на лузни;
  • хранење на сува и повозрасна кожа;
  • губење на косата и за зајакнување на фоликулите на косата.

Својства на маслото од семки од дива кајсија

Маслото од семки од дива кајсија е моќен природен антиоксиданс, кој ги уништува слободните радикали во човечкиот организам. Една од главните состојки на маслото од кајсија е витаминот Б17, на кој стручната литература и голем број истражувања му препишуваат антиканцерогени и антитуморни својства. Освен како превенција од тумори, ова масло се употребува и против симптомите на астма и силна кашлица – за разредување на бронхијалните спазми, а со антивоспалителните својства кои ги има, можат да се третираат сериозни кожни болести, како што се егземи, дерматитис и акни. Честа е неговата употреба и како лаксатив при проблеми со опстипација и мрзливи црева. Ова масло се користи и за хранење на сува и повозрасна кожа, го спречува губењето на косата и ги јакне нејзините фоликули. Совршено се апсорбира во кожата и не остава масни траги, и не предизвикува никакви алергиски реакции дури и на најчувствителната кожа.

Начин на употреба на маслото од семки од дива кајсија

Маслото од семки од дива кајсија се користи неразредено. За превентивна употреба се зема по 5 капки еднаш на ден. При утврдени заболувања маслото од семки од дива кајсија  се конзумира  2 пати на ден, наутро и навечер по  7-10 капки во лажичка. Децата од 6 до 12 годишна возраст можат да го употребуваат ова масло, половина од препорачаната дневна доза за возрасни. Ова масло може да се користи и како додаток во салати или разни преливи.

Напомена: Сите информации околу својствата, индикациите и начинот на употреба на маслото од семки од дива кајсија се засноваат на стручната литература и на светски интернет страници посветени на лековити билки и здрав живот. Содржините се од информативен карактер и не се наменети за дијагностицирање или лекување. Одлуката да се користи маслото од семки од дива кајсија е одговорност на читателот.

Мерки на претпазливост: Маслото од семки од дива кајсија треба да се чува на суво и темно место, недостапно за деца. Не се препорачува негово користење од страна на трудници и доилки, како и деца до 6 годишна возраст.

Кајсиите биле познати во Ерменија уште во античките времиња и таму се одгледуваат толку долго што често се верува дека оттаму и потекнуваат. Таа претпоставка произлегува од научното име Prunus armeniaca (македонски – Ерменска слива). Де Поердерле, пишувајќи за дрвото во 18 век, тврдел дека “ова дрво свото име го добило по Ерменија, провинција во Азија, од каде и потекнува, и од каде било донесено во Европа …”. При археолошките ископувања во Гарни во Ерменија биле најдени семки на локалитет од енеолитичкиот период. Сепак, Вавиловиот центар за потекло го лоцира потеклото на одгледувањето кајсии во Кина, а други извори велат дека кајсијата најпрво била одгледувана во Индија, околу 3000 г. п.н.е.

Се смета дека први во Европа ја донеле Александар Македонски и римскиот генерал Луциј (106–57 г. п.н.е.) заедно со црешата и праската. Повеќе извори даваат различни податоци за потеклото на видовите. Ботаничарот Лоудон (1838) верувал дека кајсијата отпрвин се простирала не само во Ерменија туку и на Кавказ, на Хималаите, во Кина, и во Јапонија.

Според ФАО (Организацијата за храна и земјоделство при ОН) , денеска главен производител на кајсии е Турција, а веднаш по неа следат Иран и Узбекистан.

Според бројни студии објавени од страна на голем број независни биолози и медицински стручни лица, семките од дивата кајсија се најдобар извор на витаминот Б17 – позната природна супстанца која ги убива клетките на ракот, а која уште се нарекува и Amygdaline или Laetrile. Маслото од семки од дива кајсија, всушност е екстракт на целата содржина на семките и тоа се добива по природен пат, преку ладно цедење односно пресирање. Ова е причината зошто многу пациенти пијат масло од дива кајсија, кое е богато со овој витамин. Терапијата со витаминот Б17 е одобрена од страна на многу врвни онколози, вклучувајќи ја и болницата за алтернативно лекување на рак „Oasis of Hope“ во Тихуана – Мексико, каде што успешно се третирани над 100.000 пациенти.

Amygdalin-от за прв пат е изолиран и именуван пред 100 години, и уште од тогаш се наоѓа во фармацевтските речници, опишуван како не-токсичен. Посериозни испитувања за влијанието на витаминот Б17 врз канцерогените клетки, за прв пат се направени во 1950 година, од страна на светски познатиот биохемичар, д-р Ернест Т. Кребс Џуниор, кој тврдел дека доколку дневно се конзумираат од 7-10 семки од дива кајсија секој ден, речиси и да не постојат шанси лицето кое ги консумира овие семки да се разболи од рак.

Научниците докажале дека човековото тело постојано произведува канцерогени клетки. Канцерогените клетки, во нормални услови, имунолошкиот систем ги уништува. Меѓутоа, во случај на голем стрес, во состојба на исцрпеност и систематско изложување на канцерогени елементи, размножувањето на клетките на ракот е премногу за да може имунолошкиот систем да ги разгради. Во овие случаеви, Amygdalin-от застанува на страна на имунолошкиот систем и ги напаѓа директно канцерогените клетки. Канцерогените ќелии во себе содржат ензим кој го ослободува цијанидот од Аmygdalin-от, при што оваа реакција ги уништува клетките на ракот. Нормално, здравите клетки имаат различни ензими од канцерогените, поради што овие ензими од Аmygdalin-от ги ослободуваат хранливите материи и неутрализирачките агенси.

Во периодот од 1972 до 1975 година, е направена пет-годишна студија за влијанието на витаминот Б17, односно неговата активна состојка Amygdaline или Laetrile, при спречување на настанување на тумори и разградување на канцерогени клетки, во најнапредниот центар за истражување на ракот во светот, „Memorial Sloan-Kettering Cancer Centar“. Човекот кој го предводел тимот на истражувачи е д-р Kanematsu Sugiura, еден од најценетите истражувач во областа на карциномот во светот, познат по својот професионален углед со над 60 години искуство во областа на истражувањето на ракот.

По завршувањето на истражувањето во 1977 година, на прес конференција одржана по тој повод, д-р Sugiura изјавил дека истражувањето покажало видни резултати при спречувањето на настанување на тумори и лекувањето на канцерогените клетки.

Како поткрепа на делувањето на витаминот Б17, кој во најголема концентрација е застапен во семките од дива кајсија, е и здравствената состојба на народот на Хунзите, кој живее на Хималаите. Кај овој народ, речиси и да не е приметено до сега дека некој човек се разболел од карцином, меланом или рак. Во нивната секојдневна исхрана, кајсијата е најмногу застапена како храна, а од семките на кајсијата прават масло кое го употребуваат буквално секој ден и орално и преку надворешна употреба. Хунзите дневно конзумираат помеѓу 50 и 75 мг. витамин Б17 секој ден, а луѓето овој витамин во толкава количина во организмот го внесуваат за една година (G.Edward Griffin во книгата „Светот без рак“).

Маслото од семки од дива кајсија има силни антиоксидантски својства поради присуството на витамините А, Ц и Е, го зајакнува имунолошкиот систем и организмот во целост и го прави отпорен на болести. Овој природен антиоксиданс го хармонизира метаболизмот и помага за чистење и исфрлање на токсините од телото.

Многу научни студии докажаа дека маслото семки од дива кајсија е моќен имунолошки зајакнувач. Со користење на само 5 капки од ова масло дневно, значително се зајакнува имунитетот и се одржува доброто здравје.

Маслото од кајсија е богато со природни витамини (особено Витамините А и Е, кои се од суштинско значење за нашата кожа), линолната и олеинската есенцијални масни киселини, минерали и многу други хранливи материи. Ова масло совршено се апсорбира од страна на кожата и не остава остатоци или чувство на маснотија. Покрај тоа, не предизвикува алергиски реакции дури и на најчувствителната кожа. Кожата ја прави лесна и нежна, а на сувата кожа делува хидратантно и ја прави да биде влажна и мека. Линолната масна киселина дејствува тонизирачки на кожата, а витамините А и Е пак дејствуваат смирувачки и го забавуваат стареењето на кожата и успешно ги отстрануваат акните. Антивоспалителното дејство на ова масло помага во лекување на сериозни кожни заболувања, како што се егзема и дерматитис. Ова масло може да даде најдобри резултати кога се користи како ноќен крем. Со нежна масажа го чисти и тонира лицето и помага во чистење на затнатите пори. Исто така, може да се употребува и за намалување на темните кругови околу очите, предизвикани од замор или несоница, како и за намалување на линиите и брчките околу очите. Помага и при отстранување на лузни предизвикани од физички повреди или изгореници, доколку се нанесува на самата лузна, со лесно втривање. Може да се употребува и за ублажување на изгореници предизвикани од сончање.

Маслото од семки од дива кајсија покажува изразено антиастматично дејство и помага во лекување на оваа болест и нејзините сродни симптоми. Ова масло има одредени квалитети на експекторант и стимулант поради неговата етеричност, благодарение не што може да им помогне на белите дробови и респираторниот систем да се прочистат и да се ослободат од притисок, со што се спречува нападот на астма уште пред да започне.

Маслото од семки од кајсија, благодарение на својот состав кој изобилува со витамини и минерали и есенцијални масни киселини, го храни скалпот и го спречува губењето на косата преку зајакнување на фоликулите на косата, а истовремено го отстранува и првутот. За да добиете најдобри резултати, се препорачува маслото малку да се загрее, а потоа со лесна масажа да се нанесе на скалпот.