Органско масло од бобинки од црвена смрека
480 ден – 1.193 ден
- Ја детоксицира и подмладува кожата
- Го рзградува целулитот и ги чисти стриите
- Помага при мрсна и нечиста кожа
- Поседува антисептични, антиалергични и анти-воспалителни својства
Description
СВОЈСТВА: Маслото од бобинки од црвена смрека е природен производ кој може да се користи и да помогне кај голем број здравствени проблеми. Особено се користи за детоксификација на кожата, подобрување на циркулацијата, кај воспаленија, респираторни проблеми како што се бронхит и астма, ревматски болки итн.
Според хемискиот состав, најзастапени се монотерпенските соединија Alpha Pinene, Beta Myrcene и Limonene, како и сесквитерпенските соединенија Germacrene D, Beta Caryophyllene и Beta Cadinene. Се добива со метод на дестилација со водена пареа, 100% природно.
ИНДИКАЦИИ:
Маслото од бобинки од црвена смрека надворешно се употребува особено при:
– третирање на целулит и стрии;
– ревматски болки;
– болки во мускулите;
– проблеми со дишни патишта;
– бронхитис, пневмонија и астма;
– симптоми на настинка и грип;
– синуси и затнат нос;
– детоксификација на кожата;
– псоријаза, егзема, чешање на кожата, мрсна кожа;
– проблеми со првут и мрсна коса;
– проблеми со опаѓање на косата;
– помали рани на кожата;
– проблеми со нередовна менструација
– убоди од комарци и други инсекти или каснување од змија.
Маслото од бобинки од црвена смрека во ароматерапијата особено се користи при:
– несоница;
– стрес;
– напнатост;
– анксиозност;
– психички замор;
– депресија;
– бронхит;
– астма.
НАПОМЕНА: Не се препорачува да се користи орално. Да не се нанесува директно на очи, во уво или во носните шуплини. Не треба да се користи кај деца помали од 3 години.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Маслото од црвена смрека за надворешна употреба треба да се користи чисто или пак разредено со базично масло (маслиново, кокосово, бадемово, јојоба или грејпфрут) во сооднос 1:1, се додека има потреба да се третира дадената состојба, без да има потреба од пауза. Ова особено за третирање на целулит, стрии, ревматски болки, нередовна менструација или убоди од инсекти, со нанесување директно на местото кое се третира, по 5 до 10 капки, до 3 пати на ден.
Може да се употребува и со додавање на 10 капки масло на 100 мл. шампон за коса, за третирање на првут, мрсен скалп или проблем со опаѓање на косата.
Може да се додадат 10 капки на 100 мл. крема за нега на кожа или лосион за тело, за третирање на мрсна кожа, црвенило на кожата, стрии, за детоксификација на кожата.
Маслото од бобинки од црвена смрека при ароматерапија се користи по 5 капки во дифузер за етерични масла или навлажнувач на воздух, како и со директно вдишување од самото пакување или додадено во топла купка (10 капки), особено при состојба на стрес, напнатост, депресија или анксиозност.
Маслото од модра смрека може да се користи и за топла инхалација, особено при проблеми со дишните патишта (синуси, бронхит, астма, симптоми на настинка), на начин што на еден литар зовриена вода се капнуваат 3 до 5 капки масло и се вдишува се додека има пареа.
Својствата, индикациите и начинот на употреба детално се опишани во стручната литература и на интернет страници посветени на лековити билки и здрав живот. Содржината на ова упатство е од информативен карактер и не содржи медицински информации или здравствени тврдења. Ве молиме да се советувате со Вашиот лекар или фармацевт пред користење на овој производ.
Additional information
Големина | 10ml, 30ml |
---|