БОБИНКИ ОД СМРЕКА
120 ден – 450 ден
- Помага при чистење на црниот дроб и уринарни инфекции
- Помага при покачен крвен притисок и покачено ниво на шеќер во крвта
- Помага при реуматизам и артритис
Description
СВОЈСТВА: Лековитоста на смреката одамна е позната. Бобинките од ова растение наоѓаат широка примена во народната медицина.Се користат за надворешна и орална употреба.
Од плодот од смрека се прави чај, сок, тинктура и мелем, а неретко се употребува и како зачин за приготвување на јадења.
Главниот носител на лековитото дејство на смреката е есенцијалното масло кое содржи ароматични соединенија (пинен, сабинен, бета мирцен, алфа-терпинен, алфа-терпинолен, п-цимен, камфен, лимонен). Освен етеричното масло, бобинките содржат смола, восок, пентосан, пектин, танини (проантоцианозид), флавоноиди и бифлавоноиди, дитерпени, горчливо соединение јуниперин, кумарини (умбелиферон), органски киселини (мравја, оцетна, јаболкова), инвертен шеќер, гроздов шеќер, инизитол и минерални соли на калциум, калиум и манган.
ИНДИКАЦИИ: Смреката е една од најпознатите и најупотребуваните лековити билки, без кои не може да се замисли ниту еден дом. Во народната медицина се употребува за третирање на многу болести, а особено при:
– задржување на течности во организмот;
– покачен крвен притисок;
– инфекции на уринарниот тракт;
– настинки и грип;
– бронхит и воспаление на белите дробови;
– кашлица;
– астма;
– ревматизам и артритис;
– намалена циркулацијата на крвта;
– воспаление на желудникот и цревата;
– надуеност и гасови;
– простата;
– дијабет;
– гихт;
– намалена функција на црниот дроб;
– регулирање на работата на бубрезите
МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ: Бобинките од смрека треба внимателно да се користат, бидејќи нивната претерана употреба може да доведе до оштетување на бубрезите. Не треба да ги користат трудници и доилки.
НАЧИН НА УПОТРЕБА: Зрелите бобинки од модра смрека може да се користат како чај, тинктура или сок за третирање на овие болести, а може да се користат и како зачин за подготовка на одредена храна.
Подготовка на чај: потребно е една мала лажичка бобинки од модра смрека, која се прелива со 200 мл. врела вода и се остава да отстои 15 минути, покриено. Чајот се процедува и се пие. За поинтензивен вкус и посилно дејство на чајот, потребно е бобинките да се згмечат пред да се прелијат со врела вода. Може да се пие најмногу четири пати на ден. Особено е корисен при инфекции на уринарниот тракт, инфекции на дишните патишта, кашлица, бронхит, задржување на течности во организмот, покачен крвен притисок, намалена функција на црниот дроб, регулирање на работата на бубрезите, при психички замор или стрес, зголемена простата и гихт.
Подготовка на сок: Еден грст бобинки од модра смрека, кои претходно се згмечени, се додаваат во еден литар вода. Се додава една лажица сок од свеж лимон или една лажичка лимонска киселина, по што садот се затвора и се остава да отстои 14 дена, да созрее. По созревањето, сокот се процедува и се пие по една до две чаши на ден. Сокот е особено добар за користење кај луѓе со покачено ниво на шеќер во крвта (дијабетис), но и при психички замор, стрес и нервоза.
Подготовка на тинктура: Во еден литар 40% алкохол се додаваат 30 грама бобинки од смрека кои претходно се згмечени. Садот се затвора и се остава да стои 40 дена на темно место, со повремено промешување. После 40 дена, тинктурата се процедува и е подготовена за користење. Тинктурата најмногу се користи при ревматски болки или артритис, како и при намалена циркулација на крвта.
Како зачин бобинките од модра смрека особено се користат при готвење на секаков вид црвено месо, риба и храна со зелка, како цели зрна или малку згмечени. Се користат 5 до 10 зрна бобинки, зависно од вашиот вкус.
Additional information
Големина | 300gr, 75gr |
---|