IMUNAX – Масло од семки од грејпфрут

1.203 ден

  • Најдобар природен зајакнувач на имунитетот
  • Најмоќен природен антибиотик и антивиретик
  • 100% отстранува кандида


Плаќање при испорака
За нарачки до 1500 денари доставата е 130 денари,
за нарачки над 1500 денари доставата е бесплатна!
Category:

Description

Imunax е чиста форма на масло од семки од грејпфрут, кое е природен антибиотик, антивиретик и антиоксиданс, чија основна состојка биофлавоноид делува антивирусно, антибактериски, антигфунгално и антипаразитски и го зајакнува имунитетот. Ова масло е познато како најдобар природен антибиотик и природен лек против вирусни и габични инфекции, а истовремено е најдобар природен имуномодулатор, зајакнувајќи го имунитетот на највисоко ниво. 

ImunaX се користи особено при:

  • намален имунитет (превентивно за јакнење на имуниот систем)
  • грип, вироза, настинка;
  • повторувачки инфекции, МРСА;
  • гингивитис, парадентоза и афти во усната шуплина;
  • воспаление на горни и долни дишни патишта;
  • кашлица и инфекции;
  • бактериски инфекции: ешерихија коли, стрептококи, стафилококи, херпес симплекс, салмонела, листерија, легионела, хеликобактер и др.;
  • ХПВ вирус и габични инфекции, особено кандида;
  • гастроинтестинални нарушувања;
  • намалување на нивото на лошиот холестерол;
  • слабеење и согорување на масните наслаги.

 

Својства на ImunaX – маслото од семки од грејпфрут

ImunaX е најмоќниот природен антибиотик и антивиретик кој докажано уништува широк спектар на грам-позитивни и грам-негативни микроорганизми (вируси, бактерии и габи), вклучувајќи: Shigella,  Staphylococcus,  Pseudomonas Aeruginosa, Giardia Lamblia, Streptococcus Pneumonia,  Haemophilus Influenzae,  Mycobacterium Species, Campylobacter, Candida Albicans,  Escherichia Coli,  Salmonella, Klebsiella, Proteus,  Vibio Cholerae, Chlamydia Trachomatis ,  Trichomonas Vaginalis, Legionella Pneumophila,  Helicobacter Pylori,  Herpes Simplex 1, Influenza A2.

Најважната состојка на маслото од семки од грејпфрут се биофлавоноидите, кои директно делуваат на зајакнување и поддршка на имунолошкиот систем на организамот, со тоа што го подига вкупниот број на Т-лимфоцитите, како и нивото на имонглобулин Г и интерлеукин 1 и 2. Исто така, содржи голем број на други материи кои влијаат на човековот здравје, вклучувајќи стероли, токофероли, лимонска киселина и минерали. Ова масло е одличен извор на витамин Ц, калиум и пектин, и од тие причини има моќни антиоксидативни ефекти врз организмот во целост.

Маслото од семки од грејпфрут се добива со метод на ладна екстракција  од семките и пулпата на грејпфрутот (Citrus Paradisi) и претставува соединение богато со антиоксиданси, кое може да се користи за лекување на различни состојби. Ова масло, со својата пријатна арома и вкус, е познат природен имунолошки засилувач што поддржува и различни метаболички функции. Првата документирана медицинска употреба на маслото од семки од гејпрфут се среќава уште во далечната 1972 година, и оттогаш па се до денес се зголемува неговата популарност како корисна состојка за човековото здравје.

Начин на употреба на ImunaX

ImunaX е безбеден за користење кај деца со наполнета една година старост и возрасни. Задолжително се користи разредено во течност.

Дозирање за јакнење и одржување на имунитет:

  • Кај деца од една до две години, два пати на ден по две капки, растворени во 40мл  до 60мл  течност.
  • Кај деца од две до седум години, два пати на ден по три капки, растворени во 50мл  до 100мл течност.
  • Кај деца од седум до дванаесет години, еднаш дневно по пет капки, растворени во 50мл  до 100мл  течност.
  • Кај деца постари од дванаесет години и возрасни, два пати на ден по пет капки, растворени во 50мл  до 100мл  течност.

Дозирање за третирање на одредени инфекции (освен кандида кај возрасни, за кое има посебна терапија):

  • Кај деца од една до две години, три пати на ден по три капки, растворени во 50мл  до 100мл течност.
  • Кај деца од две до седум години, три пати на ден по четири капки, растворени во 50мл  до 100мл течност.
  • Кај деца од седум до дванаесет години, три пати на ден по пет капки, растворени во 50мл  до 100мл течност.
  • Кај деца постари од дванаесет години и возрасни, три пати на ден по осум капки, растворени во 50мл до 100мл течност.

 

ImunaX може да се користи по потреба и без ограничување на периодот на користење. Најдобри резултати се добиваат при негово континуирано користење. 

Напомена: Сите информации околу својствата, индикациите и начинот на употреба на ImunaX се засноваат на стручната литература и на светски интернет страници, посветени на лековити билки и здрав живот. Содржините се од информативен карактер и не се наменети за дијагностицирање или лекување. Одлуката да се користи маслото од семки од грејпфрут е одговорност на читателот. 

Мерки на претпазливост: Не се препорачува за лица алергични на цитрусни овошја. За користење кај деца под 12 месеци старост, потребна е консултација со лекар – педијатар.

ImunaX помага при детоксикација на организмот и подобрување на функциите на имуниот систем. Ја подобрува ресорпцијата и искористувањето на витамините во организмот, ги неутрализира слободните радикали и на тој начин делува антиоксидативно. Ова масло е ефикасно во заштитата на организамот од штетите што ги предизвикуваат оксидантите, како стареење, дегенрација на клетките и мускулите, губење на видот и слухот, ментално и физичко забавување, нервни растројства итн. Маслото од семки од грејпфрут е познато по тоа што го става имунитот во “петта брзина“ и затоа во Америка го нарекуваат  “вакцина за имунитет“.

Исто така помага да се подигне нивото на pH на крвта и на тој начин го алкализира организмот, што е од особена важност при болести предизвикани од микроорганизми како што се вируси и бактерии, кои не можат да преживеат во алкална средина. Голем број на дегенеративни болести кај човекот се поврзани со киселото pH ниво.

Поради активните супстанци што ги содржи ImunaX, како што се флавоноидите и полифенолите, тој делува бактерицидно и бактериостатски на повеќе од 800 видови на вируси и бактерии, како и кај повеќе од 100 видови на габи и паразити.  

Активните состојки на ImunaX делуваат на бактериите така што ја уништуваат нивната клеточна мембрана (бактерицидно дејство), а кај одредени бактерии го намалуваат нивното размножување (бактериостатски).

ImunaX докажано делува ефикасно при воспаленија на мочниот меур и уринарните патишта предизвикани од бактеријата Escherichia Coli, посебно при случаи на резистентност на конвенционални антибиотици.

ImunaX содржи голем број на витамини кои влијаат на значително подобрување на општата здравствена состојба, а исто така помагаат при третман на кандида. ImunaX го подобрува имунолошкиот систем и помага да се регенерираат клетките на црниот дроб кои можат да бидат оштетени заради ослободување на токсини при уништувањето на кандидата. Во голем број на научни студии се потврдува ефикасноста на ImunaX – маслото од семки од грејпфрут против разни габи и мувли (Candida, Geotrichum, Aspergillus и PeniciIlium sp.). Антифунгалните својства на маслото од семки од грејпфрут овозможуваат отстранување на кандидата со убивање на габичните клетки кои се наоѓаат во цревата.

 

Кај системска и цревна кандидијаза неопходно е да се зема ImunaX најмалку 4 недели, со тоа што се започнува со 5 капки масло по 3 пати на ден растворено во 200мл. вода. Оваа доза се зголемува секој ден по 1 капка се до 10 капки масло 3 пати на ден. Во текот на третманот задолжително се конзумираат по најмалку 8 чаши вода дневно, што ќе помогне да се исчистат токсините од организмот, кои ги создаваат мртвите клетки на кандидата.

 

Вагиналната кандидијаза е вообичаено заболување кај жените во репродуктивниот период, кое може да се јави и во текот на бременоста, кај лица со шеќерна болест или после земање на антибиотици. Најчест причинител за вагиналната кандидијаза е Candida albicans (85-90% од случаите) и за третирање на оваа габична инфекција потребно е да се направи раствор од 10 капки ImunaX  во 200 мл. вода или физиолошки раствор, со кој 3 пати дневно во период од најмалку 7 дена ќе се промива вагината.

 

Кај кандидијаза на усната шуплина најдобро е да се растворат 10  капки ImunaX во 200мл. вода или незасладен чај,  20 секунди да се прави гаргара и потоа да се исплука. Постапката да се повторува дури не се потроши растворот, до 3 пати дневно, се дури постојат тегоби.

За третирање на инфекции во усната шуплина и воспаленија на гингивите, потребно е да се направи раствор од 10 капки ImunaX во 200мл. чај од камилица или жалфија и да се плакне устата после секое миење на забите.

ImunaX може да се користи и за дезинфекција на протези, кои се идеална подлога за развој на бактерии и габи. Дезинфекцијата може да се направи со директно чистење на протезите со четка на која се капнуваат 2-3 капки масло, или со потопување на протезата во времетраење од 20 минути во раствор  од 200 мл. вода и  5 капки од ImunaX.

ImunaX е ефикасно средство за разградување на масните наслаги и целулитот.  Токсините кои се задржуваат во телото и задржувањето на течностите во организамот создаваат целулит во масните клетки. Кога токсините не се чистат од телото, тие се акумулираат во клетките. Ова масло делува како диуретик и ги подобрува функциите на лимфниот систем, кој е важен дел за отстранување на токсините во телото. Помага за отстранување на вишокот на масни наслаги и на слободните радикали кои го создаваат целулитот. Се земаат 3 до 5 капки ImunaX 3 пати на ден, растворени во вода или чај. Исто така може 1 до 2 капки ImunaX да се размешаат со кокосово масло и со кружни движења да се масираат деловите од телото со целулит секоја вечер.

Својствата на ImunaX како диуретик придонесуваат со негово користење да се исфрлат вишокот на течности од организмот, вишокот на масти, уринарната киселина и други токсини, што влијае на намалување на крвниот притисок и одржување на здрaвјето на срцето.