Органско масло од бобинки од модра смрека

761 ден1.821 ден

  • Помага при чистење на црниот дроб и уринарни инфекции
  • Помага при покачен крвен притисок и покачено ниво на шеќер во крвта
  • Помага при реуматизам и артритис
  • Го намалува целулитет и ги чисти стриите


Плаќање при испорака
За нарачки до 1500 денари доставата е 130 денари,
за нарачки над 1500 денари доставата е бесплатна!
SKU: N/A Category:

Description

СВОЈСТВА:  Маслото од бобинки од модра смрека е природен антиоксиданс, антисептик, диуретик, антиреуматик, хепатопротектив, антидиабетик, карминатив, еменагог, аналгетик, антибиотик, судорифик, дигестив. Според хемискиот состав, најзастапени се монотерпенските соединија Alpha Pinene, Beta Myrcene и Limonene, како и сесквитерпенските соединенија Germacrene D и Delta Cadinene. Се добива со метод на дестилација со водена пареа, 100% природно.

ИНДИКАЦИИ:

Маслото од бобинки од модра смрека помага и орално се користи при:

– инфекции на уринарниот тракт или задржување на урина – уринарен антисептик

– намалена функција на црниот дроб – хепатопртектив;

– покачен крвен притисок – антихипертензик;

– задржување на течности во организмот – диуретик;

– детоксификација на организмот – антиоксидант;

– покачено ниво на шеќер во крвта – антидиабетик;

– проблеми со нередовна менструација – еменагог;

– каталепсија, мускулна ригидност, локомоторни проблеми, симптоми на Паркинс – неуропротектив;

– артристис и гихт – антиинфламатор;

– проблеми со дигестивниот систем – дигестив;

– прболеми со гасови и надуеност – карминатив;

– бактериски инфекции, особено кај бактериите: Staphylococus aureus, Erwinia chrysanthemi, Escherichia coli, Hafnia Alvei, Bacillus subtilis, Agrobacterium tumefaciens, и Xanthomonas phaseoli – антибиотик

Маслото од бобинки од модра смрека надворешно се употребува особено при:

– третирање на целулит и стрии;

– ревматски болки – антиреуматик;

– артритис и гихт;

– проблеми со дишни патишта – преку топла инхалација;

– детоксификација на кожата – судорифик;

– акни, егзема, чешање на кожата, мрсна кожа;

– проблеми со првут и мрсна коса;

– помали рани на кожата – антисептик;

– болки и повреди – аналгетик;

– габични инфекции на нозете;

– убоди од комарци и други инсекти.

Маслото од бобинки од модра смрека во ароматерапијата особено се користи при:

– несоница;

– напнатост;

– анксиозност;

– психички замор;

– депресија.

МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ:

Не се препорачува да се користи орално кај трудници во првиот и последниот триместар од бременоста, кај деца до три годишна возраст, како и кај лица кои имаат бубрежна болест. Доколку земате хормонална терапија, пред употреба на овој производ, потребно е да се консултирате со вашиот лекар. Да не се нанесува директно на очи, во уво или во носните шуплини. Да не се користи кај деца помали од 3 години.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Маслото од бобинки од модра смрека при орална употреба задолжително се користи разредено во вода, чај, сок или на лажичка шеќер. За превентивна употреба кај деца до 12 годишна возраст се зема 1 капка на ден, а за возрасни 2 капки на ден. За тераписка употреба, кај деца до 12 годишна возраст се зема 3 пати на ден по 1 капка, а кај возрасни се зема 3 пати на ден по 2 капки. Тераписки може да се користи до 21 ден, по што до следното користење се прави пауза од 10 дена.

Маслото од модра смрека за надворешна употреба може да се користи чисто или пак разредено, најчесто со некое базично масло (маслиново, кокосово, бадемово, јојоба или грејпфрут) во сооднос 1:1, се додека има потреба да се третира дадената состојба, без да има потреба од пауза. Се нанесува директно на местото кое треба да се третира, по 5 до 10 капки, до 3 пати на ден.

Може да се употребува и со додавање на 10 капки масло на 100 мл. шампон за коса, за третирање на првут или мрсен скалп.

Може да се додадат 10 капки на 100 мл. крема за нега на кожа или лосион за тело, за третирање на мрсна кожа, црвенило на кожата, стрии, за детоксификација на кожата.

Маслото од бобинки од модра смрека при ароматерапија се користи по 5 капки во дифузер за етерични масла или навлажнувач на воздух, како и со директно вдишување од самото пакување или додадено во топла купка (10 капки), особено при состојба на стрес, напнатост, депресија или анксиозност.

Маслото од модра смрека може да се користи и за топла инхалација, особено при проблеми со дишните патишта (синуси, бронхит, астма, симптоми на настинка), на начин што на еден литар зовриена вода се капнуваат 3 до 5 капки масло и се вдишува се додека има пареа.

Својствата, индикациите и начинот на употреба детално се опишани во стручната литература и на интернет страници посветени на лековити билки и здрав живот. Содржината на ова упатство е од информативен карактер и не содржи медицински информации или здравствени тврдења. Ве молиме да се советувате со Вашиот лекар или фармацевт пред користење на овој производ.

Additional information

Големина

10ml, 30ml