ImunaX содржи голем број на витамини кои влијаат на значително подобрување на општата здравствена состојба, а исто така помагаат при третман на кандида. ImunaX го подобрува имунолошкиот систем и помага да се регенерираат клетките на црниот дроб кои можат да бидат оштетени заради ослободување на токсини при уништувањето на кандидата. Во голем број на научни студии се потврдува ефикасноста на ImunaX – маслото од семки од грејпфрут против разни габи и мувли (Candida, Geotrichum, Aspergillus и PeniciIlium sp.). Антифунгалните својства на маслото од семки од грејпфрут овозможуваат отстранување на кандидата со убивање на габичните клетки кои се наоѓаат во цревата.
– Кај системска и цревна кандидијаза неопходно е да се зема ImunaX најмалку 4 недели, со тоа што се започнува со 5 капки масло по 3 пати на ден растворено во 200мл. вода. Оваа доза се зголемува секој ден по 1 капка се до 10 капки масло 3 пати на ден. Во текот на третманот задолжително се конзумираат по најмалку 8 чаши вода дневно, што ќе помогне да се исчистат токсините од организмот, кои ги создаваат мртвите клетки на кандидата.
– Вагиналната кандидијаза е вообичаено заболување кај жените во репродуктивниот период, кое може да се јави и во текот на бременоста, кај лица со шеќерна болест или после земање на антибиотици. Најчест причинител за вагиналната кандидијаза е Candida albicans (85-90% од случаите) и за третирање на оваа габична инфекција потребно е да се направи раствор од 10 капки ImunaX во 200 мл. вода или физиолошки раствор, со кој 3 пати дневно во период од најмалку 7 дена ќе се промива вагината.
Кај кандидијаза на усната шуплина најдобро е да се растворат 10 капки ImunaX во 200мл. вода или незасладен чај, 20 секунди да се прави гаргара и потоа да се исплука. Постапката да се повторува дури не се потроши растворот, до 3 пати дневно, се дури постојат тегоби.