Herba Natura

Природна алтернатива за Вашето здравје
  • македонски
  • English

Вирусните инфекции, во овој период на нагло затоплување на температурата, повторно се во замав и бројот на заболени од ден во ден се повеќе се зголемува. Ова особено се отсликува во училиштата и детските градинки, каде децата се најчесто изложени на овие инфекции, особено поради фактот што во таа возраст имунитетот не е развиен на доволно високо ниво, за да може да го зачува организмот здрав. Овие инфекции речиси без исклучок се проследени со покачена телесна температура, секрет во носната шуплина, малаксаност. Дополнителен проблем во ширењето на вирусите е појавата на инсектите, а посебно на комарците, кои се сериозен преносител на овие инфекции.

 

Како да се заштите од вирусите

Здравата исхрана, богата со свежо овошје и зеленчук кое содржи природни витамини, престојот на свеж воздух, спортувањето и физичката активност, задолжително миење на рацете пред секое јадење, плакнење на носните шуплини после враќање од градинка или училиште на децата, но и избегнувањето на стресни состојби кај возрасните, се основни предуслови за добро здравје.
Сепак, главен предуслов за здрав организам е силниот имунитет. Ако до сега не сте почнале да работите на зајакнување на имунитетот на Вашето дете, па и на Вас самите, почнете веднаш. Постојат повеќе производи за зајакнување на имунитетот. Некои се синтетички, другите се природни. Од синтетичките најчесто се користат витамините, а посебно витаминот Ц, како и одредени сирупи и таблети наменети за јакнење на имунитетот. Од природните производи, пак, најчесто се користи медот, природно цедени сокови и секако, најдобриот природен имуностимулатор – Масло од семки од грејпфрут.

Што е маслото од семки од грејпфрут

Маслото од семки од грејпфрут, како што покажуваат голем број научни студии, но и искуствено, е дефинитивно природен зајакнувач на имунитетот број еден во светски рамки. Ова масло го подига вкупниот број на Т-лимфоцитите и го зголемува нивото на интерлеукин 1 и 2, како и на имуноглобулинот – Г. Почнува да дејствува 15 минути по конзумирањето и не само што го зајакнува имунитетот, туку доколку се користи во тераписка доза, претставува најмоќен природен антибиотик и антивиретик, кој директно ги напаѓа бактериите и вирусите, кои при тоа не стануваат отпорни на него и не мутираат, како што е случајот со синтетичките (фармацевтски) антибиотици.

Особено силни резултати покажува кај голем број бактериски и вирусни инфекции, како што се Стрептококи, Стафилококи, сезонскиот грип – Инфлуенца А2 и свински грип – АХ1Н1. Ова масло истовремено помага да се подигне нивото на pH на крвта и на тој начин го алкализира организмот, што е од особена важност при болести предизвикани од микроорганизми како што се вируси и бактерии, кои не можат да преживеат во алкална средина. Активните состојки на маслото од семки од грејпфрут делуваат на бактериите така што ја уништуваат нивната клеточна мембрана (бактерицидно дејство), а кај одредени бактерии го намалуваат нивното размножување (бактериостатски). Поради активните супстанци што ги содржи маслото од семки од грејпфрут, како што се флавоноидите и полифенолите, делува бактерицидно и бактериостатски на повеќе од 800 видови на бактерии, 100 видови на габи и голем број на вируси.

Најважната состојка на маслото од семки од грејпфрут се биофлавоноидите, кои директно делуваат на зајакнување и поддршка на имунолошкиот систем на организамот. Исто така, содржи голем број на други материи кои влијаат на човековото здравје, вклучувајќи стероли, токофероли, лимонска киселина и минерали. Ова масло е одличен извор на витамин Ц, калиум и пектин, и од тие причини има моќни антиоксидативни ефекти врз организмот во целост, неутрализирајќи ги слободните радикали.

Показатели од користењето на маслото од смеки од грејпфрут

Искуството од користењето на ова масло до сега, преку спроведено научно истражување на 64 пациенти во тек на 12 месеци, покажува дека дури кај 89% од оние кои го користеле маслото од семки од грејпфрут, дозирано во доза за јакнење и зачувување на имунитетот, имунитетот е зајакнат на ниво на кое нема повторувачки инфекции, а кај дури 94% од нив немало потреба од давање на антибиотик. Кај оние пациенти пак, кај кои се повторила одредена инфекција, тие овој пат периодот на боледување го поминале со многу послаби симптоми и истиот траел помалку денови.
Кога се работи за здравјето, сите го заслужуваме најдоброто. А најдоброто за Вашиот имунитет е токму маслото од семки од грејпфрут – кој заслужено го носи епитетот „Природна вакцина за имунитет“.