Herba Natura

Природна алтернатива за Вашето здравје
  • македонски
  • English

Летото и сезоната на костими за капење се приближува, а со тоа и една од најголемите грижи на скоро секоја жена – целулитот. Подготовките за летната сезона секако го отвараат прашањето што да направиме за да го отстраниме целулитот, како и масните наслаги добиени во текот на зимскиот период.

Што е целулит?

Целулитот е заболување на сврзното и поткожното масно ткиво на кожата и е составен од масти, токсини (отрови) и вода. Целулитните промени на кожата се манифестираат како дифузни перничиња или ограничени јазли кои настанале поради вишок на масти, ослабено сврзно ткиво, пореметување во циркулацијата и размената на материите, и пред сé од задржување на вода во ткивата. Непријатниот изглед на ,,кора од портокал” на бедрата, стомакот, колената, надлактиците не е само естетски туку и здравствен, а и психолошки проблем. Целулитот најчесто се јавува кај женската популација, но во последно време претставува проблем и на машкиот пол.

Зошто се создава целулитот кај жените?

Целулитот се создава како последица на поголем број на фактори: генетско наследство, недоволно консумирање на течности, неправилна исхрана, зачинета мрсна храна, алкохол, кофеин, пушење, стрес, недостаток на физичка активност, тесна облека, лекови и хормонални наруршувања.

Жените имаат 30% повеќе поткожно масно ткиво од мажите, а сврзното ткиво кај жените е послабо отколку кај мажите. Докажано е дека жените кај кои се јавува целулит имаат послабо развиено сврзно ткиво. Дополнително, естрогенот (женскиот полов хормон) е одговорен за насобирањето на масно ткиво на типичните места за целулит и за задржувањето на течноста. Зголеменото и почесто внесување на естрогени преку средства за контрацепција или преку одредени видови на храна е причина за појава на целулитот во помлада возраст. Поради влијанието на хормоните, неправилната исхрана и недостатокот на физичка активност, процентот на масно ткиво во однос на вкупната телесна тежина изнесува 20-25%. Меѓутоа, кај жените мускулната маса е многу помала и затоа не можат да се добијат соодветни резултати при отстранувањето на целулитот само со диета и изгладнување.

Отстранување на целулитот

Лекување на целулитот пред сé подразбира отстранување на факторите кои се причина за негово настанување. Зголемена физичка активност, внесување на повеќе течности и здрав начин на исхрана може да помогне во борбата против целулитот. Големиот број на анти-целулитни креми и лосиони може да делуваат на измазнување на кожата, но ефектот трае само додека го користите средството. Исто така постојат разни видови на скапи козметички третмани, како што се анти-целулитни масажи, терапии со инфрацрвени зраци, електротерапии и терапии со ласер, чија цел е поттикнување на метаболизмот,  подобрување на циркулацијата и разградување мастите, што треба да резултираат со отстранување на целулитот.

Масло од семки од грејпфрут против целулит

grejpfrut prizvod

Покрај овие третмани, постојат и природни начини за справување со овој голем проблем, кои можат да дадат долгорочни резултати. Нашите тела вообичаено реагираат одлично на природните состојки кои ги внесуваме со консумирање на овошје и зеленчук, или пак преку природни екстракти добиени од нив.

Грејпфрутот е основна состојка на голем број на диети за намалување на тежината и е омилено овошје на жените кои сакаат да бидат витки. Грејпфрутот не содржи шеќер, ниту натриум, а воедно е богат извор на витаминот Ц. Како делува грејпфрутот? Ја подобрува циркулацијата; го спречува задржувањето на вода во организамот, а со тоа и создавањето на целулитот; го забрзува метаболизмот; го регулира нивото на шеќер во крвта.

Маслото од семки од грејпфрут е едно од најефикасните природни средства за разградување на масните наслаги и целулитот.  Ова масло делува како диуретик и ги подобрува функциите на лимфниот систем, кој е важен дел за отстранување на токсините во телото. Помага за отстранување на вишокот на масни наслаги и на слободните радикали кои го создаваат целулитот. Може да се консумира растворено во вода или чај, или пак може да се користи за масажа на деловите од телото со целулит (разредено со кокосово масло).

На крај, сепак треба да се сфати дека за отстранувањето на целулитот неопходно е да се променат основните животни навики. Вежбајте редовно, спијте, хранете се здраво, внесувајте помалку токсини, и пијте многу, многу вода.