Herba Natura

Природна алтернатива за Вашето здравје
  • македонски
  • English

Црното семе е едно од првите култивирани растенија во историјата на човештвото. Најстарите пишани документи за неговата здравствена примена датираат уште од времето на фараоните. Неговите здравствени ефекти ги користеле и ги опишале најголемите исцелители во историјата, како што се Хипокрит и Диоскорид, потоа Ибн Сина – Авицена кој го потенцира неговото значење во својата медицинска книга „Канон за Медицината”, а спомнато е и во многубројни религиски списи. Расте во медитеранските предели, во Азиските земји, на Арапскиот полуостров и во северно-Африканските земји.

 

Лековити својства на маслото од црно семе

Маслото од црно семе се смета за панацеа во природните лекови, односно универзален лек. Тоа содржи повеќе од сто активни супстанци, кои се извонредно балансирани, а неговата главна активна состојка е Thymoquinon. Иако е познато уште од времето на фараоните, сепак посериозни испитувања за ова масло се направени во периодот по 1964 година. Досега се објавени преку 480 научни трудови кои се занимаваат со употребата на ова масло и сите упатуваат на фактот дека маслото од црното семе има силно изразени лековити својства. Така, ова масло го јакне имунолошкиот систем, ги регулира проблемите со дишните патишта (алергии и астма), го регулира високиот крвен притисок, ја подобрува циркулацијата, го намалува нивото на холестерол и шеќер во крвта, помага при проблеми со дијабетис, артритис, невролошки пореметувања, бактериски и габични заболувања, го поттикнува размножувањето на ќелиите на коскената срж, го спречува развојот на ракот, итн.

Маслото од црно семе содржи повеќе од сто активни состојки, како што се заситени и незаситени масни киселини, потоа калциум, цинк, бакар, железо, фосфор, витамините Б1, Б2, Б3, Б6 и Б9 и други витамини и минерали, а главна состојка е Thymoquinon. Високиот процент на застапеност на незаситените масни киселини овозможува ова масло да се применува од негување на кожата, па се до ревитализација на целиот организам. Оваа активност е овозможена бидејќи тие претставуваат прекурсори на простагландините, кои се присутни во речиси секое телесно ткиво и течност и се одговорни за важни биолошки функции. Поради ова, маслото од црно семе има изразено противтуморно влијание, поволно делува на зајакнување на срцевите мускули и лачењето на бубрезите, на репродуктивните органи, гастроинтестиналниот и респираторниот тракт, далува на централниот нервен и ендокриниот систем, го намалува нивото на холестеролот во крвта, ја одржува структурата и функцијата на артериите и вените (спречува тромбоза), помага кај реуматоиден артритис и мултиплекс склероза, лекува егземи и дерматитис, спречува ПМС синдром, итн. Ова масло содржи и 23 стероли/стерини, односно фитостероиди, кои имаат изразено дејство на кортикостероидите и половите хормони кај луѓето, а потврдена е и нивната улога во активирањето на имунолошкиот систем. Поради силно изразената разновидност на стероидните структури во ова масло, научниците сметаат дека допрва ќе се открие вистинската слика за неговото влијание на хормоналниот систем на човечккиот организам и дека на ова ниво на научни сознанија, сепак треба да се избегнуваат непотребни сензации и шпекулации.
Анализите покажуваат дека маслото од црно семе по својата биолошка функција ја има следната структура: тимохинон (Thymoquinon) до 50% (кој истовремено е и најглавната лековита состојка во ова масло); цимен; пинен; карбонски и фенолни компоненти; карвон; и лимонен. Маслото од црно семе содржи 15 аминокиселини (од нив 9 се есенцијални, колку што содржат и белковините во човечкиот организам). Изолирани се четири алкалоиди: нигелицин и нигеламин-н-оксид (изохинолини) и нигелидин и нигелицин (пиразолоиди), како и одредени сапонини.

 

Превенција од тумори

Првото поважно истражување за дејството на маслото од црно семе при превенција од тумори е направено во „Cancer Immuno-Biology Laboratory“ во Јужна Каролина. Научниците кои го спровеле истражувањето, дошле до заклучок дека здравиот имунолошки систем ќе ги уништи канцерогените клетки уште пред тумурот да може да го загрози пациентот, а маслото од црно семе е токму природен зајакнувач на имунитетот. Федералната управа за контрола на лекови и храна во САД, во 1996 година ја одобрила употребата на маслото од црно семе за третман на канцерогени болести и намалување на негативните ефекти од хемотерапијата. Група лекари од Саудиска Арабија, од истражувањето кое го спровеле во 2007 година, дошле до заклучок дека маслото од црно семе го намалува високиот крвен притисок, ја подобрува циркулација и ги смалува нивото на холестеролот и шеќерот во крвта.

Голем број студии го проучувале влијанието на маслото од црно семе за лечење тумори и рак. Авторите на една од тие студии дошле до констатација дека ова масло го стимулира произведувањето на коскена срж и клетки на имунолошкиот систем, го зголемува нивото на интерферонот, ги штити нормалните клетки од штетните влијанија на виралните болести, ги уништува клетките на туморите и го зголемува бројот на „Б“ клетките кои произведуваат антитела.

Научниците од Имунобиолошката лабораторија за канцер во Јужна Каролина – САД, дошле до констатација дека маслото од црно семе ја стимулира активноста на неутрофилните гранулоцити, најзастапениот тип на бели крвни зрнца во телото, кои се одговорни за пронаоѓање на канцерогените клетки и нивното уништување пред да се претворат во тумори.