ГРИПОТ Е ВО ПОЛН ЗАМАВ. ЗАШТИТЕТЕ СЕ ОД НЕГО СО НАЈМОЌНИОТ ПРИРОДЕН ЗАЈАКНУВАЧ НА ИМУНИТЕТОТ – МАСЛОТО ОД СЕМКИ ОД ГРЕЈПФРУТ
Грипот зема сериозен замав и бројот на заболени од ден во ден се повеќе се зголемува. Ова особено се отсликува во училиштата и детските градинки, каде децата се најчесто изложени на оваа инфекција, особено поради фактот што во нивна возраст имунитетот не е на доволно високо ниво, за да може да го зачува организмот здрав. Ако до сега не сте почнале да работите на зајакнување на имунитетот на Вашето дете, па и на Вас самите, почнете веднаш. Здравата исхрана, богата со свежо овошје и зеленчук кое содржи природни витамини, престојот на свеж воздух, спортувањето и физичката активност, но и избегнувањето на стресни состојби, се основни предуслови за добро здравје.
Сепак, главен предуслов за здрав организам е силниот имунитет. Постојат повеќе производи за зајакнување на имунитетот, некои се синтетички, другите се природни. Од синтетичките најчесто се користат витамините, а посебно витаминот Ц, како и одредени сирупи и таблети наменети за јакнење на имунитетот. Од природните производи пак, најчесто се користи медот, природно цедени сокови и секако, најдобриот природен имуностимулатор – Масло од семки од грејпфрут.
Маслото од семки од грејпфрут, како што покажуваат голем број научни студии, но и искуствено, е дефинитивно природен зајакнувач на имунитетот број еден во светски рамки. Ова масло го подига вкупниот број на Т-лимфоцитите и го зголемува нивото на интерлеукин 1 и 2, како и на имуноглобулинот – Г. Почнува да дејствува 15 минути по конзумирањето и не само што го зајакнува имунитетот, туку доколку се користи во тераписка доза, претставува најмоќен природен антибиотик и антивиретик, кој директно ги напаѓа бактериите и вирусите, кои при тоа не стануваат отпорни на него и не мутираат, како што е случајот со синтетичките (фармацевтски) антибиотици.
Особено силни резултати покажува кај голем број бактериски и вирусни инфекции, како што се Стрептококи, Стафилококи, сезонскиот грип – Инфлуенца А2 и свински грип – АХ1Н1. Ова масло истовремено помага да се подигне нивото на pH на крвта и на тој начин го алкализира организмот, што е од особена важност при болести предизвикани од микроорганизми како што се вируси и бактерии, кои не можат да преживеат во алкална средина. Активните состојки на маслото од семки од грејпфрут делуваат на бактериите така што ја уништуваат нивната клеточна мембрана (бактерицидно дејство), а кај одредени бактерии го намалуваат нивното размножување (бактериостатски). Поради активните супстанци што ги содржи маслото од семки од грејпфрут, како што се флавоноидите и полифенолите, делува бактерицидно и бактериостатски на повеќе од 800 видови на бактерии, 100 видови на габи и голем број на вируси.
Најважната состојка на маслото од семки од грејпфрут се биофлавоноидите, кои директно делуваат на зајакнување и поддршка на имунолошкиот систем на организамот. Исто така, содржи голем број на други материи кои влијаат на човековото здравје, вклучувајќи стероли, токофероли, лимонска киселина и минерали. Ова масло е одличен извор на витамин Ц, калиум и пектин, и од тие причини има моќни антиоксидативни ефекти врз организмот во целост, неутрализирајќи ги слободните радикали.
Искуството од користењето на ова масло до сега, преку спроведено научно истражување на 64 пациенти во тек на 12 месеци, покажува дека дури кај 89% од оние кои го користеле маслото од семки од грејпфрут, дозирано во доза за јакнење и зачувување на имунитетот, имунитетот е зајакнат на ниво на кое нема повторувачки инфекции, а кај дури 94% од нив немало потреба од давање на антибиотик. Кај оние пациенти пак, кај кои се повторила одредена инфекција, тие овој пат периодот на боледување го поминале со многу послаби симптоми и истиот траел помалку денови.
Кога се работи за здравјето, сите го заслужуваме најдоброто. А најдоброто за овој период е токму маслото од семки од грејпфрут – кој заслужено го носи епитетот „Природна вакцина за имунитет“.