ЧУДОТВОРНИОТ ИЗУМ НА Д-Р JAKOB HARICH
Татко на маслото од семки од грејпфрут е без сомнение д-р Jakob Harich (1919-1996), кој е роден во поранешна Југославија. Се школувал во Германија, меѓутоа студиите по нуклеарна физика ги прекинува со почетокот на Втората светска војна, во која се борел како пилот на страната на сојузниците. Во 1957 година емигрирал во САД, каде што ги продолжил студиите и станува добитник на Ајнштајн наградата за физика. Но, неговата главна цел во животот била да направи нешто корисно за човештвото, и да остави зад себе нешто што сите луѓе ќе можат да го користат и ќе им донесе добро. Затоа, покрај физика, зaвршува и медицински факултет, со специјализација во имунологија и гинекологија. Во областа на медицината бил најмногу заинтересиран за истражување на природните производи кои ги уништуваат микроорганизмите, но кои не можат да му наштетат на човекот.
Покрај физиката и медицината, негова голема љубов било градинарството и одгледување на различни видови на растенија. Уживајќи во ова хоби забележува дека семките од грејпфрут во компостот никогаш не скапуваат и не се распаѓаат. Исто така, додека јадел грејпфрут, се случувало да прегризе семка, и го открил нивниот многу горчлив вкус. Сето тоа доста го заинтересирало и одлучил повеќе да се посвети на истражување на грејпфрутот и неговите семки. Во 1967 година се сели во Флорида, земјата на грејпфрутот, каде што започнал сериозни истражувања. Наскоро открил неколку супстанци во маслото добиено со ладно цедење на семките од грејпфрут кои се покажале многу поефикасни во борбата против микроорганизмите во споредба со веќе претходно добро познати антибиотици и што е најважно, овие супстанции не биле токсични и штетни за човечкиот организам.
Со понатамошните уште подетални истражувања тој открил дека неговото масло од семки од грејпфрут не само што ги уништува вирусите туку е и идеално средство против голем број на бактерии и габи. Во 1972 д-р Jakob Harich побарал помош од д-р Steven Otwell и д-р Wayne Marchall, кои биле главни истражувачи на University of Florida во областа на влијанието на бактериите, вирусите и габите врз храната. На почетокот, кога д-р Jakob Harich побарал помош во истражувањето, тие биле многу скептични. Идејата дека семките од грејпфрут содржат такви супстанции кои делуваат против голем број на микроорганизми се чинеше како научна фантастика. Меѓутоа, тие брзо се уверија дека производот кој го направил д-р Jakob Harich многу ефикасно ја штити храната од расипување, предизвикано од бактерии и габи. Ова откритие се прочуло на универзитотот и предизвикало голем интерес за понатамошни истражувања кај научници од други области на медицината.
Дури на почетокот на 1990-тите години лекарите и хомеопатите се заинтересираа за маслото од семки од грејпфрут и тогаш истото почнува масовно да се употребува и да се шири знаењето за овој производ меѓу луѓето. Во 1995 година д-р Jakob Harich е поканет во Европа каде што добива престижна награда и станува почесен член на Луј Пастер Институтот во Париз, кој е најважната институција за истражување на СИДА во Европа. Во рамки на Институт Луј Пастер неколку години се правени истражувања за влијанието на маслото од семки од грејпфрут на ХИВ вирусот, како и на инфекциите кои се јавуваат и се чест придружник на луѓето кои боледуваат од СИДА. Исто така, д-р Jakob Harich добива признание и од европските земјоделци кои додавајќи семки од грејпфрут во прав во сточната и живинарската храна го спречиле ширењето на две потенцијално опасни бактерии Escherichia Colli и Sallmonelаe.
Д-р Jakob Harich почина во мај 1996 година, но во текот на својот живот имаше задоволството да види како неговиот изум беше користен за доброто на народот. Д-р Jakob Harich доживеал научниците и обичните луѓе да му оддадат почит за посветеноста на развојот на целосно неконвенционални начини на борба против микроорганизмите и развој на производи кои ќе им помогнат на луѓето.
Денес маслото од семки од грејпфрут се употребува ширум светот во областа на медицината, земјоделството, ветерината, козметиката, домаќинствата… Постојат многу начини за употреба на маслото од семки од грејпфрут, но најчесто луѓето го користат за да останат здрави или безопасно да се лекуваат од разни вирусни, бактериски и габични инфекции. Маслото од семки од грјепфрут станува производ кој може да се најде во секоја домашна аптека во Америка и Европа, исто како аспиринот, фластерот или медицинскиот алкохол и 3% хидроген. Тоа е исто така неопходен придружник на сите патници, туристи, кампери, затоа што ефикасно ги штити од стомачни проблеми предизвикани од страна на сомнителна храна и вода.