(Македонски) 10 МОЌНИ АНТИБИОТИЦИ ЗА КОИ НЕ Е ПОТРЕБНА РЕЦЕПТА
Хипокрит рекол “Храната нека биде твој лек, а лекот храна“. Оваа позната изрека е повеќе од вистината и порачува да му дадете на вашиот организам тоа што му е потребно за да се избори со инфекциите.
Во последната декада, прекумерното користење на антибиотиците се чини го достигна својот максимум. Резултатот од ваквата состојба е сé поголем број на резистентни и мутирани бактерии и вируси, кои се создаваат побргу отколку што научниците можат да најдат лек за истите. Иднината во која бактериите се наоѓаат на врвот на ланецот на исхрана и не е толку незамислива.
Многу време пред да се откријат фарамцевтските антибиотици луѓето користеле голем број на растенија и природни производи за справување со инфекциите и болестите. Овие природни антибиотици делуваат ефикасно при справувањето на голем број на здравствени проблеми, како што се бактериски, вирусни, паразитски и габични инфекции. Меѓутоа, најзначајната придобивка од користењето на природни антибиотици, е тоа што тие не ги уништуваат “добрите“ бактерии во организмот, како што е случај при користењето на синтетички антибиотици. Исто така, нивното користење не предизвикува резистентност, односно бактериите и вирусите не стануваат имуни на нив.
Наместо да чекате да се разболите или да откриете дека препишаниот антибиотик не делува, почнете да го јакнете вашиот имунолошки систем со користење на овие природни производи.
1. Лук
Лукот е природен антибиотик, кој делува како антиоксидант, антивоспалително, антибактериски, антивирусно и антифунгално, го штити и зајакнува имуниот систем. Научната студија, објавена во 1999 година во списанието Микроби и инфекции (Microbes and Infection), докажува дека состојката во лукот позната како алицин (allicin) делува како природен антибиотик, и има многу слични својства како пеницилинот. Дополнително, лукот содржи голем број на витамини и минерали кои се многу корисни за здравјето на луѓето, а делува и антипаразитски. Препорачливо е да се земаат 2-3 парчиња свеж лук секој ден на гладен стомак.
2. Мед
Хербалистите го посочуваат медот како еден од најдобрите природни антибиотици, кој има антивоспалителни, антисептички и антимикробни својства. Истражувањата покажуваат дека медот има способност да се бори со инфекциите на повеќе нивоа, што оневозможува бактериите да развијат резистентност. Неговиот уникатен состав од хидроген пероксид, киселина, висока концентрација на шеќер и полифеноли помага за уништување на бактериите. За да се добијат овие користи од медот, истиот треба да се конзумира сиров.
3. Ѓумбир
Ѓумбирот е едно од најценетите зачински растенија во светот. Не само што дава единствен вкус на храната, туку поседува и значајни лековите својства. Со векови различни цивилизации ширум светот го користеле ѓумбирот како лек и ги опишувале неговите позитивни својства. Традиционалната кинеска медицина го вклучува ѓумбирот во третирањето на повеќе здравствени проблеми како што се респираторните проблеми, па се до забоболка. Античките Грци го користеле ѓумбирот за намалување на последиците од отров. Кралот Хенри VIII од Англија го препорачал користењето на ѓумбирот против големата чума во 16-иот век. Ѓумбирот е природен антиоксиданс, кој го чисти организамот и влијае на зајакнување на имунитетот. Има изразени својства на дигестив, аналгетик, антиеметик, антисептик, карминатив, експекторант, диафоретик, нервин, афродизијак и стимулант. Може да се користи во свежа состојба или сушен, но најдобри својства.
4. Масло од семки од грејпрфрут
Маслото од семки од грејпфрут е најмоќниот природен антибиотик кој докажано уништува широк спектар на грам-позитивни и грам-негативни микроорганизми. Според студијата објавена во Списанието за алтернативна и комплментарна медицина (The Journal of Alternative and Complementary Medicine) “Маслото од семки од грејпфрут делува бактерицидно и бактериостатски на повеќе од 800 видови на бактерии, 100 видови на габи и голем број на вируси. Ниту едно друго природно антимикробно средство нема толку широк спектар на делување.“ Најважната состојка на маслото од семки од грејпфрут се биофлавоноидите, кои директно делуваат на зајакнување и поддршка на имунолошкиот систем на организамот. Исто така, содржи голем број на други материи кои влијаат на човековото здравје, вклучувајќи стероли, токофероли, лимонска киселина и минерали. Ова масло е одличен извор на витамин Ц, калиум и пектин, и од тие причини има моќни антиоксидативни ефекти врз организмот во целост. Маслото од семки од грејпфрут се добива со метод на ладна екстракција од семките и пулпата на грејпфрутот (Citrus Paradisi) и претставува соединение богато со антиоксиданси, кое може да се користи за лекување на различни состојби. Првата документирана медицинска употреба на маслото од семки од гејпфрут се среќава уште во далечната 1972 година, и оттогаш па се до денес се зголемува неговата популарност како една од најкорисните состојки за човековото здравје. Денес, ова масло е присутно во речиси секоја домашна аптека, а со право го носи епитетот на најголем имуностимуланс и најсилен природен антибиотик.
5. Ехинацеа
Ехинацеата е природен антибиотик кој делува ефикасно при бактериски инфекции и лекување на рани. Стотици години луѓето ја користат ехинацеата за зајакнување на одбранбениот механизам на организмот. Во комбинација со некои други растенија (ува, лук, мајчина душица и др. ) може да се користи против инфекции и воспаленија низ целото тело, а исто така е многу ефикасна и против вируси. Најчесто се користи при настинки и грип, инфекции на грло, афти, инфекции на препони, кожни реакции предизвикани од бактерии, при состојба на пад на имунитетот и други слични состојби. Ехинацеата не треба да се користи континуирано повеќе од неколку недели.
6. Масло од диво оригано
Маслото од диво оригано е моќен природен антибиотик, конкурент на најсилните конвенционални антибиотици. Докажано е дека основната состојка на маслото од диво оригано – carvacrol, има силни антивирусни, антифунгални, антибактериски и антипаразитски својства и ефикасно уништува над триесет видови на микроорганизми (бактерии, вируси, габи). Ефикасно ги спречува грипот и настинките, помага при воспаленија, намалување на болката и избегнување на инфекции. Мошне важно при изборот на ова масло е да се внимава процентот на carvacrol да биде што поголем (кај некои масла од диво оригано овој процент стигнува и дури до 90,58%).
7. Масло од лист од маслинка
Екстрактот од лист од маслинка делува како природен антибиотик и се користи против различни видови на бактериски инфекции. Објавените научни истражувања посочуваат дека ова масло има значителни антимикробни својства кои делуваат против бактерии и габи. Како други користи од ова масло се наведуваат: зајакнување на имунитетот, зголемување на енергијата, подобрување на циркулацијата и кардиоваскуларниот систем. Слични својства, но со помал интензитет, покажува и чајот од листови од маслинка.
8. Цимет
Циметот поседува значајни антибактериски, антифунгални, антимикробни и антикоагулациони својства. Богат е со манган, железо и калциум и содржи голема количина на растителни влакна. Циметот најчесто се користи при респираторни проблеми, кожни инфекции, менструални проблеми и проблеми со срцето, како и проблеми со дијабетис.
9. Каранфилче
Каранфилчето, а посебно маслото од каранфилче поседува изразити антибактериски и антигфунгални својства. Согласно студијата објавена во Journal of Antimicrobial Chemotherapy во 2004 година, ова масло ефикасно уништува повеќе од 60 видови бактерии, 15 видови габи, како и некои вируси. Стоматолозите го користат маслото од каранфилче како орален антисептик и за дезинфекција на коренските канали. Еугенолот, што се наоѓа во поголеми количества во каранфилчето, важи како примарен антимикробен елемент на оваа билка што го документирале многу научници ширум светот.
10. Оцет од диви јаболка
Оцетот од диви јаболки се добива со ферментација на непрскани јаболка без додавање вештачки состојки и се карактеризира со антибактериско, антисептичко и лаксативно дејство. Поволно дејствува на циркулацијата, ги штити срцето и крвните садови, го штити организмот од токсични материи, го нормализира крвниот притисок и помага за регулирање на нивото на холестерол, маснотии и шеќер во крвта.