ЗДРАВИТЕ ДЕЦА СЕ СРЕЌНИ ДЕЦА!
Маслото од семки од грејпфрут го става имунитот во “петта брзина“ и затоа во Америка го нарекуваат “вакцина за имунитет“. Се добива со метод на ладна екстракција од семките и пулпата на грејпфрутот (Citrus Paradisi) и претставува соединение богато со антиоксиданси, кое може да се користи за лекување различни состојби. Ова масло, со својата пријатна арома и вкус, е познат природен имунолошки засилувач што поддржува и различни метаболички функции. Првата документирана медицинска употреба на маслото од семки од грејпрфут се среќава уште во далечната 1972 година, и оттогаш па сè до денес се зголемува неговата популарност како една од најкорисните состојки за човековото здравје. Маслото од семки од грејпфрут ги подобрува функциите на имуниот систем и помага при детоксикација на организмот. Ја подобрува ресорпцијата и искористувањето на витамините во организмот, ги неутрализира слободните радикали и на тој начин делува антиоксидативно. Ова масло е ефикасно во заштитата на организамот од штетите што ги предизвикуваат оксидантите, како стареење, дегенерација на клетките и мускулите, губење на видот и слу- хот, ментално и физичко забавување, нервни растројства итн.
БАКТЕРИЦИДНО И БАКТЕРИОСТАТСКО ДЕЈСТВО
Помага да се подигне нивото на pH на крвта и на тој начин
го алкализира организмот, што е од особена важност при болести предизвикани од микроорганизми како што се вируси и бактерии, кои не можат да преживеат во алкална средина. Голем број на дегенеративни болести кај човекот се поврзани со киселото pH ниво.
Поради активните супстанци што ги содржи маслото од семки од грејпфрут, како што се флавоноидите и полифенолите, делува бактерицидно и бактериостатски на повеќе од 800 видови на бактерии, 100 видови на габи и голем број на вируси.
Активните состојки на маслото од семки од грејпфрут делуваат на бактериите така што ја уништуваат нивната клеточна мембрана (бактерицидно дејство), а кај одредени бактерии го намалуваат нивното размножување (бактериостатски).
Маслото од семки од грејпфрут докажано делува ефикасно при воспаленија на мочниот меур и уринарните патишта предизвикани од бактеријата Escherichia Coli, посебно при случаи на резистентност на конвенционални антибиотици.
Маслото од семки од грејпфрут е најмоќниот приро- ден антибиотик кој докажано уништува широк спектар на грам-позитивни и грам-негативни микроорганизми (вируси, бактерии и габи), вклучувајќи: Shigella, Staphylococcus, Pseudomonas Aeruginosa, Giardia Lamblia, Streptococcus Pneumonia, Haemophilus Influenzae, Mycobacterium Species, Campylobacter, Candida Albicans, Escherichia Coli, Salmonella, Klebsiella, Proteus, Vibio Cholerae, Chlamydia Trachomatis, Trichomonas Vaginalis, Legionella Pneumophila, Helicobacter Pylori, Herpes Simplex 1, Influenza A2.
АНТИОКСИДАТИВЕН ЕФЕКТ
Најважната состојка на маслото од семки од грејпфрут се биофлавоноидите, кои директно делуваат на зајакнување и поддршка на имунолошкиот систем на организамот. Исто така, содржи голем број на други материи кои влијаат на човековото здравје, вклучувајќи стероли, токофероли, лимонска киселина и минерали. Ова масло е одличен извор на витамин Ц, калиум и пектин, и од тие причини има моќни антиоксидативни ефекти врз организмот во целост.
Својствата на маслото од семки од грејпфрут како диуретик придонесуваат со негово користење да се исфрлат вишокот на течности од организмот, вишокот на масти, уринарната ки- селина и други токсини, што влијае на намалување на крвниот притисок и одржување на здрвјето на срцето.
Маслото од семки од грејпфрут е ефикасно средство за разградување на масните наслаги и целулитот. Токсините кои се задржуваат во телото и задржувањето на течностите во организамот создаваат целулит во масните клетки. Кога токсините не се чистат од телото, тие се акумулираат во клетките. Ова масло делува како диуретик и ги подобрува функциите на лимфниот систем, кој е важен дел за отстранување на токсините во телото. Помага за отстранување на вишокот на масни наслаги и на слободните радикали кои го создаваат целулитот.