ЗДРАВИ ДЕЦА – СЕМЕЈНО ЗДРАВЈЕ
Имунитетот – основа на здравјето
Имунитетот претставува систем од органи и клетки чија главна задача е да го спречи навлегувањето на штетните микроорганизми во телото и да ги уништи оние кои ќе влезат во организмот. Кога микроорганизмите ќе влезат во нашето тело, нив ги напаѓаат клетките кои се наоѓаат на првата линија на одбрана – белите крвни зрнца. Имуните клетки се активираат под дејство на предизвикувачот на болеста, при што ги препознаваат и уништуваат патолошките микроби – бактерии, вируси, паразити и габички кои навлегуваат во организмот. На тој начин имунолошкиот систем не штити од инфекции. Доколку имуниот одговор е послаб и не успее да одговори на нападот на микроорганизмите, тогаш настанува болест која е предизвикана од самата инфекција.
Зачестените инфекции – знак дека имунитетот е намален
Најчести болести кај децата се инфекциите на дишните патишта. Од повторувачки инфекции на дишните патишта се разболуваат повеќе од половината од децата до 6 годишна возраст, а при тоа има два периоди во кои појавата на инфекции е најголема:
- старост на детето од 6 до 12 месеци – детето ги потрошило заштитните антитела кои ги добило од мајката пред раѓање, а свои сеуште не развило;
- прв контакт на детето со група на деца (градинка, училиште, детски игротеки) – каде постои висок степен на изложеност на различни заразни болести заради другите деца во групата.
Децата до својата петта година (периодот на одење во градинка) најмногу се разболуваат од вирусни инфекции. По тргнувањето во училиште, кај децата преовладуваат бактериски инфекции.
Зачестени инфекции на дишните патишта во пракса се многу чести. Тоа се пред се инфекции на горните дишни патишта (назални и параназални синуси, средно уво, крајници и грло), додека од инфекции на долните дишни патишта заболуваат околу 30% од децата.
Зачестени но благи инфекции – посебно инфекции на горните дишни патишта (на пр. обична настинка) – во детството се многу чести и кај повеќето деца не е потребен дополнителен лекарски преглед, туку е доволен соодветен третман во домашни услови.
Како можеме да го зајакнеме имунитетот кај децата?
Денес има навистина широка лепеза на производи со кои може да се влијае на подобрување на имунолошкиот систем кај децата. Станува збор за производи кои содржат активни состојки кои делуваат на детскиот имунитет на различни нивоа. Повеќето од нив, како што се природниот мед, маслото од семки од грејпфрут, витаминските додатоци и пробиотиците имаат докажано влијание на имунолошкиот систем на детето.
Во секој случај, почитувањето на некои општи правила е мошне важно за одржување на имунитетот, а тоа секако е што подолг престој на чист воздух, спортски активности кои се дозволени за соодветната возраст на детето, внесувањето на храна богата со минерали и витамини, секојдневна хигиена на носните шуплини и устата (каде што се таложат вирусите и бактериите), а особено по земање на детето од градинка или училиште и тоа со раствори кои се направени исклучиво од природни состојки.
МАСЛО ОД СЕМКИ ОД ГРЕЈПРФУТ – НАЈДОБРИОТ ПРИРОДЕН ИМУНОМОДУЛАТОР И НАЈМОЌЕН ПРИРОДЕН АНТИБИОТИК И АНТИВИРЕТИК
Маслото од семки од грејпфрут е најмоќниот природен зајакнувач на имунитетот и затоа во Америка го нарекуваат “вакцина за имунитет“. Се почесто е препорачувано од голем број педијатри како најдобар природен имуномодулатор, кој треба да се користи за превенција, но и вистинска замена за конвенционалните антибиотици доколку се користи тераписки.
Првата документирана медицинска употреба на маслото од семки од гејпрфут се среќава уште во далечната 1972 година, и оттогаш па се до денес се зголемува неговата популарност како една од најкорисните состојки за човековото здравје. Маслото од семки од грејпфрут ги подобрува функциите на имуниот систем и помага при детоксикација на организмот. Истовремено, ја подобрува и ресорпцијата и искористувањето на витамините во организмот.
Маслото од семки од грејпфрут помага да се подигне нивото на pH на крвта и на тој начин го алкализира организмот, што е од особена важност при болести предизвикани од микроорганизми како што се вирусите и бактериите, кои не можат да преживеат во алкална средина.
Поради активните супстанци што ги содржи маслото од семки од грејпфрут, како што се биофлавоноидите и полифенолите, тоа делува бактерицидно и бактериостатски на повеќе од 800 видови на вируси и бактерии, 100 видови на габи и голем број на паразити.
Активните состојки на маслото од семки од грејпфрут делуваат на вирусите и бактериите така што ја уништуваат нивната клеточна мембрана (бактерицидно дејство), а кај одредени бактерии и вируси го намалуваат нивното размножување (бактериостатски). Поради начинот на кој делува, вирусите и бактериите не можат да бидат резистентни на него.
Ова масло делува ефикасно и при воспаленија на мочниот меур и уринарните патишта предизвикани од бактеријата Escherichia Coli, посебно при случаи на резистентност на конвенционални антибиотици.
Маслото од семки од грејпфрут е најмоќниот природен антибиотик и антивиретик, доколку се се користи во тераписка доза, кој докажано уништува широк спектар на грам-позитивни и грам-негативни микроорганизми (вируси, бактерии и габи).
Најважната состојка на маслото од семки од грејпфрут се биофлавоноидите, кои директно делуваат на зајакнување и поддршка на имунолошкиот систем на организамот, со тоа што го подигаат вкупниот број на Т-лимфоцитите, како и нивото на имонглобулин Г и интерлеукин 1 и 2. Исто така, содржи голем број на други материи кои влијаат на човековото здравје, вклучувајќи стероли, токофероли, лимонска киселина, витамини и минерали. Ова масло е одличен извор на витамин Ц, калиум и пектин, и од тие причини има моќни антиоксидативни ефекти врз организмот во целост.
Што друго да се направи за подобро здравје кај децата?
Сепак, покрај производите кои можете да им ги давате на децата за јакнење и одржување на имунитетот, многу важни се и здравата храна, добриот сон и физичката активност.
Здравата храна пред се вклучува свежо овошје, зеленчук и месо. Овошјето и зеленчукот може да бидат и свежо исцеден сок, ако детето не ги јаде доволно. Во оброците внесете здрави закуски како што се јогурт, кисело млеко или интегрални житарици со суво овошје, направени дома. Избегнувајте брза и масна храна и храна богата со шеќер, која може да доведе до ослабнување на имунитетот, како и храна која може да предизвика алергиска реакција.
На децата им е потребно повеќе сон отколку на возрасните. Една студија, направена од американски научници, покажува дека децата треба да спијат барем десет часа на ден. Затоа, инсистирајте детето да спие кога е време за спиење.
Скратете го времето поминато пред телевизор, компјутер или таблет колку што можете повеќе. Имунолошкиот систем бара физичка активност и вежби кои ќе му помогнат на телото да остане здраво, затоа инсистирајте детето да биде физички активно и да биде на свеж воздух, секогаш кога временските услови го дозоволуваат тоа.