Herba Natura

Природна алтернатива за Вашето здравје
  • македонски
  • English

Општо познато е дека загадениот воздух бавно го труе организмот и ни нанесува сериозна штета на нашето здравје. Кога воздухот е полн со PM10 честички и помали од нив, секое вдишување е вдишување мала доза отров која нѐ не убива веднаш, но на долг рок ни нанесува сериозни здравствени проблеми, кои често пати завршуваат дури и со прерана смрт. Од загадениот воздух најмногу страдаат децата, возрасните и луѓето со хронична болест.

Што се случува со човековото тело кога дишеме загаден воздух? 

PM10 честичките во себе ги содржат сите отровни материи кои ги испуштаат индустриските објекти, возилата, термороцентралите итн. Овие честички се толку мали, што во една обична точка, како што е точката на крајот од оваа реченица, има неколку илјади такви честички.

Големината на честичките е главната детерминанта за тоа каде во респираторниот тракт ќе навлезат честичките кога се вдишуваат. Поголемите честички обично се филтрираат во носот и грлото преку влакненцата или мукусот, но честичките помали од 10 микрометри, може да навлезат во бронхиите и белите дробови и да предизвикаат сериозни здравствени проблеми. Големината од 10 микрометри не претставува строга граница помеѓу навлегувањето и не-навлегувањето на честичките во белите дробови, но како константа е прифатена од страна на повеќето регулаторни агенции во светот. Поради нивната мала големина, честичките од редот на ~ 10 микрометри или помалку (PM10) можат да навлезат во најдлабокиот дел на белите дробови, како што се бронхиолите и алвеолите. Слично на тоа, т.н. фини микро честички, (најчесто означени како PM2.5), имаат тенденција да навлезат во регионите каде се одвива размената на гасови во белите дробови (алвеолите), а уште помалите честички (<100 нанометри) може да поминат низ белите дробови и да влијаат на здравствената состојба и на други органи. Пенетрација на честички не зависи целосно од нивната големина, односно обликот и хемискиот состав, исто така, играат голема улога.

Кои се последиците за здравјето на човекот од вдишувањето на PМ10 честичките и помалите честички

Со самото вдишување на PМ10 честичките, чија концентрација во нашите поголеми градови покажува и по десет и повеќе пати зголемено присуство над дозволените количини, човечкиот организам е изложен на мошне сериозни здравствени последици. Тука, пред се се истакнуваат проблеми со дишењето (отежнато дишење и болки во градите при дишењето), астма, силно изразено кашлање, хроничен бронхитис и намалување на функцијата на белите дробови. Не ретко овие честички предизвикуваат и зголемување на ризикот од срцев удар, зголемување на ризикот од заболување од рак, па дури и зголемување на ризикот од аномалии кај фетусите, односно новороденчињата. PM10 честичките се сериозен предизвикувач на прерана смрт кај лужето, како последица на дишење воздух со превисока концентрација на овие отровни и канцерогени честички. Податоците на СЗО покажуваат дека во 2015 година дури 6 милиони луѓе во светот умреле од загаден воздух, од кои 600 илјади се деца, а дури 9 од 10 луѓе дишаат загаден воздух. Проблемите со загадениот воздух се карактеристични за поголемите градови, но ниту помалите места на живеење не се поштедени.

N_Gx_090803_AIR1MAIN08_C copy

Кои категории на луѓе се со најголема изложеност на ризик од загадениот воздух

Фактот што смртноста е многу поголема во загадените подрачја, укажува на тоа дека без исклучок, сите се изложени на здравствен ризик, но сепак, најчувствителни на него се децата, постарите лица и лицата кои веќе имаат срцеви или респираторни болести.

Во светски рамки, околу 300 милиони деца живеат на места каде воздухот е загаден до таа мера, што кај нив може да предизвика сериозни проблеми во нивниот ментален и физички развој. Речиси секое седмо дете, според извештаите на УНИЦЕФ, дише воздух кој е најмалку шест пати позагаден од пропишаните стандарди. Причината поради која децата страдаат од загадениот воздух е поради тоа што нивните бели дробови сè уште се развиваат и им е потребен повеќе воздух отколку на возрасен човек. Кога кревкиот детски организам е изложен на PM10 честичките, кај него почесто се појавуваат детски болести и што е најстрашно, често пати преминуваат во акутни состојби  и доведуваат до состојба белите дробови да не се развијат доволно. Ваквиот воздух им ја намалува нивната функција уште додека се мали и потоа е доцна за подобрување на ситуацијата. Со тоа расте и ризикот за заболување пред се  хорничен бронхитис и од астма.

Кај постарите луѓе загадениот воздух е најчест причинител на прерана смрт. Во периодот пред да се соочат со смртта како последица од загадувањето, нивната здравствена состојба нагло се влошува, а посебно се истакнуваат проблеми со отежнато дишење и болки во градите при дишењето, астма, намалување на функцијата и често пати дури појава на рак на белите дробови.

Луѓето кои имаат проблеми со респираторни или срцеви заболувања имаат потреба од исклучително чист воздух, за да си го продолжат животниот век, но загадениот воздух не им го овозможува тоа. Тој предизвикува симптомите на нивната болест да се засилат и да им ја влошат состојбата.

image004

Како да ги намалите ризикот и последиците од загадениот воздух?

Во периодот кога концентрацијата на загадениот воздух е на високо ниво, можеме барем со личен пример да си помогнеме во борбата за почист воздух. Има повеќе начини да го направиме тоа:

Да престанеме да загадуваме. Дел од честичките кои ги дишеме се создадени лично од нас преку нашите автомобили. Во Македонија единствено во Скопје честопати е неопходно превозно средство, но во овој случај транспортот со велосипед е најбрз ако се земат во предвид големите сообраќајни гужви по улиците. Останатите градови можете да ги изодите од еден до друг крај за помалку од еден час и затоа не ви треба автомобил за да се движите низ нив. Ако имате велосипед, уште подобро.

Проверете ја количината на PM10 честичките пред да излезете од дома. Има бесплатни апликации за мобилните уреди, како што е „Мој Воздух”, кои постојано ќе ви даваат информации дали е добро или не да излезете надвор во тој момент.

Избегнувајте да излегувате во критичните периоди. Ако надвор е премногу загадено, а припаѓате на некоја од ризичните групи, подобро е да не излегувате на отворено. Ова важи и за луѓето кои практикуваат спортски активности на отворено, особено поради тоа поради забрзаното дишење додека спортувате, ќе вдишете и голем број од овие лоши честички, кои со голема брзина ќе навлезат во алвеолите на белите дробови.

Прочистувајте ги носните шуплини и грлото постојано. Постои мошне едноставен и ефикасен начин да ги исчистите отровните честички од носните шуплини и грлото. Со употребата на спрејовите за нос и спрејовите за уста и грло кои се на природна база, а посебно оние со есенцијални и етерични масла, како што се маслото од семки од грејпфрут или маслото од еукалиптус, во голема мера ќе ги исфрлите овие честички, односно нема да дозволите да навлезат во организмот, со што ќе го намалите ризикот од настанување на инфекции. Овие спрејови особено треба да ги користат луѓето кои подолго време престојуваат на отворено во периодите кога воздухоте е загаден, но и оние кои работат во затворени простории, каде воздухот е сув. Уште поважно е овие спрејови да се користат кај децата кога ќе се вратат од училиште односно од градинка, каде поради големиот број на деца и размената на вируси и бактерии е континуирана и во голем обем. Со плакнењето на носните шуплини и грлото со овие спрејови, во голема мера ќе се намали можноста отровните честички да се наталожат, односно вирусите и бактериите да се размножуваат, со што му се овозможува на организмот да остане здрав.

CitroSeptol + FB

Спрејовите за нос CitroNasal и CitroNasal Plus се користат за хигиена на носните шуплини и ги чистат од инфективни агенси и честички од загаден воздух. Помагаат за разредување на секретот и го олеснуват дишењето при настинки и грип, како и при проблеми со воспаление на синусите, алергии и ринитис. Ги навлажнуваат носните шуплини и дејствуваат смирувачки и регенерирачки на надразнетата слузница. Поседуваат антибактериски и антивирусен ефект благодарение на маслото од семки од грејпфрут, како и антисептичен ефект кој доаѓа од маслото од еукалиптус.

CitroSeptol и CitroSeptol Plus спрејовите помагаат при воспаление на грлото предизвикано од бактериски, вирусни инфекции или алергии. Се одликуваат со продолжено антисептично и антиинфламаторно дејство и помагаат за разредување на наталожениот секрет на грлото и дејствуваат смирувачки и регенерирачки на надразнетата слузница. Помагаат и при проблеми со парадентоза и инфекции во усната шуплина. Овие спрејови се единствени такви природни препарати на база на масло од семки од грејпфрут и еукалиптус кои имаат докажани антивирусни, антибактериски и антисептични својства, а особено помагаат при:
– вирусни и бактериски инфекции на грлото (грип, стрептококи/фарингитис, стафилококи);
– гингивитис, парадентоза и афти во усната шуплина;
– воспаление на горни и долни дишни патишта, кашлица;
– кандида во усната шуплина;
Овие спрејови го олеснуваат отежнатото дишење предизвикано од сув или загаден воздух, што ги прави исклучително корисни во периодите кога загаденоста на воздухот е на висoко ниво.