Herba Natura

Природна алтернатива за Вашето здравје
  • македонски
  • English

Голем број на луѓе имаат проблеми со воспалување на синусите, пред сѐ во зимскиот период. Меѓутоа зимата не е единствениот период кога се јавува оваа болест. Првите есенски денови со себе носат променливо време, дождови, ладни ветрови, воздухот е полн со алергени честици, а сите овие фактори се причина за воспалување на синусите.

Што е синузит?

Sinus pain

Воспаление на слузокожата на синусите или синузит се јавува поради несоодветна дренажа на секретот во носот, воспаление на грлото, настинка, алергија или поради вирусни, бактериски и габични инфекции. Синузитот може да биде акутен и хроничен.

Акутниот синузит обично трае од 3 до 8 недели и е предизвикан од бактерии или вируси, и ретко габи. Пневмококните и стрептококните бактерии, кои се присутни во мал процент на слузницата на горните дишни патишта кај голем број на здрави луѓе, обично предизвикуваат акутен синузит. Доколку се задржуваат во носот, бактериите и вирусите се множат и на тој начин настанува постепено развивање на инфекции што доведува до воспаление на слузокожата на синусите.

Хроничниот синузит настанува како резултат на чести акутни воспаленија, кои не се третираат соодветно. Симптомите се исти како и кај акутниот синузит, но имаат тенденција да бидат поблаги и да траат подолго, околу 3 месеци, и поради тоа не е лесно да се дијагностицираат. Најчесто се предизвикани од грам-негативни и анаеробни бактерии и габи. Децата кои се склони кон астма или страдаат од алергии често страдаат и од хроничен синузит.

Симптоми и дијагностицирање

Најчестите симптоми на синузитот се главоболка, висока температура и болна осетливост (обично наутро) која притиска на коските на черепот, зад кој лежат синусите. Покрај тоа, може да се појави течење на носот, болки во грлото и кашлица, замор и исцрпеност. Местото на болката укажува кој синус е најмногу погоден со воспалението, болката може да се манифестира дури и во вратот, заб, око или уво, сетилото за мирис е ослабнато, постои непријатна миризба од носот.  Симптомите се слични со симптомите на настинка ама оваа болест трае подолго и има повеќе симптоми. Синузитот е главно болест од кој страдаат возрасните иако може да заболат и децата.

Дијагностицирањето на синузитот во своите почетни фази не е многу лесно затоа што симптомите наликуваат на настинка (затнат нос, секрет во грлото, омалаксаност). Сепак, симптомите на настинка се повлекуваат по 5-7 дена, додека симптомите на синузитот (ако не се лекува) може да траат и до 8 недели. Најлесен начин да се утврди дали е синузит е со притискање во пределот на синусот. Ако ова предизвикува болка, тогаш најверојатно се работи за инфекција. Исто така, доколку е неопходно, може да се направи и ренген дијагностика. Најсигурен метод за дијагностицирање на синузитот е компјутерска томографија или магнетна резонанца.

Лекување

image005

При воспаление на синусите се користи медикаментозна терапија – разни назални спрејови, антихистаминици, антибиотици и инхалациона терапија. Некогаш е потребно и хируршко лечење. За ублажување на симптомите и намалување на отокот се користат назални капки, физиолошки раствори и мукозни навлажнувачи. Кортикостероидни назални спрејови често се користат кај алергиски синузит затоа што го ублажуваат отокот на назалната слузница. Антихистаминици се користат за ублажување на алергиската реакција во носот и на тој начин се отстрануваат симптомите на алергискиот синузит.

Воспаление на синусите по правило се лекува со антибиотици, но тие можат штетно да делуваат на здравјето, а ако се земаат пречесто, телото може да стане имуно на нив. За среќа, во природата постојат билки кои можат да ни помогнат во ублажување на воспаленијата на синусите, кои исто така ќе го намалат ризикот од појава на ова заболување.

Масло од диво оригано

image007