Herba Natura

Природна алтернатива за Вашето здравје
  • македонски
  • English

Континуираното и прекумерно користење на антибиотици доведува до уништување на “добрите“ бактерии неопходни за нормално функционирање на дигестивниот систем и одржување на здравјето. Оваа состојба најчесто доведува до прекумерно размножување на габата Candida albicans (кандида), што може да предизвика големи здравствени проблеми.

Mаслото од семки од грејпфрут е едно од најефикасните природни средства против инфекции со габата Candida. Ова масло ги уништува габичните клетки, неговите состојки – витаминот Ц и Е и биофлавоноидите помагаат за обновување на клетките во организамот. Поконкретно, биофлавоноидот Hesperedin, значително го зајакнува имуниот систем на организмот. Природната киселост на маслото од семки од грејпфрут ја неутрализира pH вредноста во стомакот и цревата и оневозможува размножување на кандидата. Предноста од користење на маслото од семки од грејпфрут, е тоа што не ги уништува корисните бактерии во гастроинтестиналниот тракт, споредено со антифунгалните фармацевтски лекови, кои покрај штетните организми ги уништуваат и корисните.

Од појавата на маслото од семки од грејпфрут, неговата примена драстично почна да се зголемува откако и докторите и пациентите ги искусија придобивките од широкиот спектар на дејства на ова масло против разни видови на инфекции, вклучувајќи ја и габичната инфекција предизвикана од Candida Albicans.

Др. Лео Галанд (Dr.Leo Galland, M.D)

image005

интензивно го користи маслото од семки од грејпфрут при лекување на неговите пациенти со дијагностицирани интестинални паразити и хронична кандидијаза. Тој вели: “Имав неколку пациенти на кои единствено маслото од семки од грејпфрут им помогна да ја контролираат хроничната кадидијаза. Другите конвенционални лекови обично се многу јаки и имаат несакани последици доколку се користат подолг временски период, додека маслото од семки од грејпфрут може безбедно да се користи долг временски период без да предизвика несакани дејства и без опасност од појава на резистентност.“

 

Како се користи маслото од семки од грејпфрут за лекување на кандида?

Др. Алан Сак (Dr. Аllan Sachs)

image007

во неговата книгаThe Authoritative Guide to Grapefruit Seed Extract: Stay Healthy Naturally: A Natural Alternative for Treating Colds, Infections, Herpes, Candida and Many Other Ailments“ препорачува 4- неделна терапија за лечење на кандида со масло од семки од грејпфрут.

Терапијата со ова масло најдобро е да се започне со еднонеделна диета за чистење на организамот. Тоа значи рестриктивен внес на храна која кандидата најмногу ја сака, а тоа се шеќерот, белото брашно, киселите производи, храната која содржи габички како што се пекарскиот и пивскиот квасец. Оваа диета овозможува намалување на т.н. “Herxheimer реакција“, што претставува реакција на организмот предизвикана од ослободувањето на токсините при умирање на патогените микроорганизми, како што е кандидата. Во првите денови на третманот може да се јават симптоми како зголемен умор, мачнини, главоболка, зависно од нивото на токсичност во организмот. Исто така, за забрзување на процесот на детоксификација на организмот препорачливо е да се земаат паралелно и пробитоци кои содржат Lactobaccillus и Bifidobacterium.

Маслото од семки од грејпфрут треба да се зема помеѓу оброци, а наведените дози се за лице со просечна телесна тежина од околу 70кг. Дозата треба да се зголеми соодветно на тежината.

  • Ден 1 – 4: 5 капки 100% чисто масло од семки од грејпфрут се земаат два пати дневно растворени, во најмалку 100мл. вода, сок или чај.
  • Ден 5 – 10: 8 капки 100% чисто масло од семки од грејпфрут се земаат два пати дневно, растворени во најмалку 100мл. вода, сок или чај.
  • Ден 11 – 28: 8 капки 100% чисто масло од семки од грејпфрут се земаат три пати дневно, растворени во најмалку 100мл. вода, сок или чај.

Оваа терапија доколку е неопходно може да се продолжи и до 6 месеци.