ШТО Е КАНДИДИЈАЗА И КАКО ДА ЈА ИЗЛЕКУВАТЕ
Кандидијазaта е габична инфекција предизвикана од габа од видот Candida. Постојат повеќе од 20 видови на Candida, кои можат да предизвикаат инфекција кај луѓето, а најчесто застапена е Candida albicans. Кандидата живее нормално на кожата и слузокожата, без притоа да предизвика инфекција. Меѓутоа, прекумерното размножување на овие микроорганизми може да предизвика сериозни здравствени проблеми.
Кандидијаза може да се јави на различни места на телото – во устата, на делови од кожата кои се често влажни, на слузокожата на половите органи, а во потешки случаи може да се јави и системска кандидијаза (состојба при која инфекцијата преку крвта може да се прошири на органи низ целиот организам).
Орална кандидијаза
Оралната кандидијаза се јавува на слузокожата на образите, непцето, аглите на усните, јазикот и се карактеризира со постоење на бели налепи со изглед на засирено млеко, кои потешко се отстрануваат од површината и кои по отстранувањето откриваат еритематозна, зацрвенета површина која може и да крвари.
Причина за појава на оралната кандидијаза е нарушување на природната рамнотежа на микроорганизмите кои нормално ги има во усната празнина (кандидата ја има во устата на скоро сите здрави лица). Оваа рамнотежа може да се наруши како резултат на долготрајно земање на антибиотици или поради намалена одбранбена способност на организмот – намален имунитет. Оралната кандидијаза е релативно често заболување кај новороденчиња (2-5%), кај стари лица, кај изнемоштени лица со хронични заболувања, како и кај болни од дијабетес, СИДА или леукемија. Исто така, ова заболување може да се јави и кај лица кои носат забни протези.
Вагинална кандидијаза
Најмалку седум типови на габи можат да се изолираат од вагината. Во вагината можат да се сретнат патогени, опортунистичко патогени (патогени во одредени услови) и непатогени габи. Во 95 % од случаевите кога се манифестира габична инфекција кај жената, причина за тоа е габата Candida albicans, а во останатите случаи најчеста е Candida glabrata. Иако кандидата може да се појави кај речиси секоја жена, постојат групи на луѓе кои имаат зголемен ризик, а тоа се: дијабетичари, трудници, жени кои се на широкоспектарни антибиотици, жени кои се на имуносупресивна терапија. Освен овие групи на луѓе кои имаат поголеми шанси да заболат од кандида, постојат и постапки кои можат да го зголемат ризикот, како што се испирање на вагината, користење на парфеми и хигиенски препарати и спрејови, синтетичка облека, тесни гаќички и сл.
Најчести симптоми кои се јавуваат при кандидата се интензивен јадеж, иритација во пределот околу вагината, секретот е густ како топено сирење, интензивно бел и без мирис, додека околу 20% од жените не манифестираат симптоматологија.
Бидејќи кандидата е и нормално присутна во организмот во некои делови, по лекувањето често се јавуваат рецидиви, можно е да се пренесува и преку заразен партнер. Важно е да се знае дека лицата кои имаат кандида, треба да им се направи и испитување на шеќерот во крвта, бидејќи често се јавува како пореметување на истото, иако тоа воопшто не мора да значи.
Дијагнозата се поставува преку анамнестички податоци, гинеколошки преглед и микроскоспки преглед.
Цревна и системска кандидијаза
Цревната кандидијаза најчесто се јавува кај лица кои биле на долготрајна терапија со антибиотици или користеле многу јаки антибиотици во пократок временски период, кај лица кои примале кортикостероиди или се на терапија со орални контрацептиви. Често се јавува кај дијабетичари, бремени жени, кај лица кои имаат долго време ослабен имунолошки систем. Денес се смета дека токму слабеењето на имунолошкиот систем е една од главните причини за појава на цревна кандидијаза, бидејќи одржувањето на нормалното ниво на популацијата на кандида е улога на имунитетот. Причина за неконтролираното размножување на кандидата често е и стресот, кој за жал, е составен дел од животот на секој од нас.
Кога кандидата прекумерно ќе се размножи во цревата, таа во целост ја нарушува нормалната цревна флора. Тоа им овозможува на токсините кои габичката ги произведува директно да влезат во крвотокот, што има за последица појава на системска кандидијаза. Некои од општите симптоми на системската кандидијаза се замор и немање сила (хронична измореност), депресија, главоболки, болки во мускулите и зглобовите, сува уста, зголемена киселина во желудникот, лош здив, чувство на зашеметеност, солзни (стаклести) очи или слаб имунитет. Придружни симптоми се: желба за леб замесен со квасец и слатка храна, чести габични инфекции на кожата или ноктите (атлетско стапало), како и вагинални инфекции кои се повторуваат. Од симптомите поврзани со варењето на храната може да се јават подуеност, гасови, болки во стомакот, дијареја или запек. Кожните симптоми кои се придружен дел од кандидијазата се егзема, исип или чешање, црвенило на лицето. Луѓето со поодминат стадиум на системаска кандидијаза имаат проблеми со меморијата во вид на деменција (губење на помнењето) и заборавеност, а во потешки случаи може да дојде до сериозни ментални пореметувања проследени со халуцинации.
Лекување на кандидијаза
- Фармаколошка терапија
Исто како што антибиотиците ги лекуваат бактериските инфекции, антифунгалните лекови се користат за лекување на габични инфекции. При лекувањето на кандидата најчесто се користат следните фармацевтски лекови: Nystatin, Klortrimazol, Kanesten, Mycoril, Mikonazol, Ekonazol, Fentikonazol, по претходна препорака од лекар.
Но, исто како што некои бактериски инфекции стануваат се поотпорни на антибиотици, така и габите веќе не реагираат на антифунгалните лекови, наменети токму за такви инфекции. Овој се поголем феномен е познат како антифунгална резистенција, а тоа е првенствено проблем кај инвазивните инфекции со габата Candida. Резистентноста кај бактериите е веќе општо прифатена закана за јавното здравје, но помалку познати се ефектите од антифунгалната резистенција и проблемите кои ги предизвикуваат габичните инфекции отпорни на лекови. Ова ја нагласува потребата за подобро разбирање на причините за нивната појава, зголемување на свесноста за овие инфекции, како и посветување на поголемо внимание на алтернативните методи кои може да се користат за спречување и контрола на овие инфекции.
- Анти-кандида диета
Клучен фактор при лекувањето на кандидијаза е исхраната. Анти-кандида диетата подразбира рестриктивен внес на храна која габичките најмногу ја сакаат, а тоа се шеќерот, белото брашно и киселите производи. Со сведување на овие намирници на минимум кандидата се изгладнува и постепено изумира, па до подобрување доаѓа веќе после неколку недели, но е неопходно да се продолжи со диетата барем уште два месеца. Анти-кандида диетата може да се спроведува самостојно или во комбинација со друг вид на терапија.
Еве неколку клучни совети кои ќе ви помогнат да ја спроведете диетата на правилен начин. Избегнувајте ги сите видови на шеќер кои им се додаваат на намирниците (бел шеќер и мед), како и сите слатки оброци (торти, колачи, слатки, сладолед, газирани пијалаци), со оглед на тоа што кандидата се храни со шеќер. Дозволена е замена за шеќерот (аспартам, сахарин или стевиа) и неколку овошни оброци неделно. Од овошјето пожелни се лимон, грејп, боровинка, портокал, додека многу слатките видови на овошје (грозје, лубеница, круша и банана) треба да се избегнуваат. Од исхраната е потребно во целост да се исклучи суво и конзервирано овошје, како и засладени овошни сокови. Не користете намирници од бело брашно (бел леб и пециво, солени крекери и тестенини) и бел ориз. Во умерена количина може да се внесува брашно од целото зрно на пченица, како и кафеав или интегрален ориз, интегрални тестенини и интегрални пецива. Не консумирајте храна која содржи габички како што се пекарскиот и пивскиот квасец. Тоа значи дека неколку месеци треба да се откажете од омилената пица и од останатите пекарски производи со квасец, но и од пиво, бидејќи токму овие намирници го олеснуваат неконтролираното размножување на кандидата.
Печурките кои се јадат се вид на габички, па исто така треба да се исфрлат од исхраната. Избегнувајте оцет, мајонез, сенф, кечап и друга кисела храна со низок pH фактор, бидејќи во такви услови кандидата се храни и се размножува.
Црното кафе и јаките чаеви треба да се сведат на минимум, а алкохолни пијалаци да не се консумираат.
- Алтернативна природна терапија – МАСЛО ОД СЕМКИ ОД ГРЕЈПФРУТ
Mаслото од семки од грејпфрут е едно од најефикасните природни средства против инфекции со габата Candida. Од појавата на маслото од семки од грејпфрут, неговата примена драстично почна да се зголемува откако и докторите и пациентите ги искусија придобивките од широкиот спектар на дејства на ова масло против разни видови на инфекции, вклучувајќи ја и габичната инфекција предизвикана од Candida Albicans.
Во научните истражувања спроведени во текот на 90-те години, маслото од семки од грејпфрут се докажало како поефикасно или еднакво ефикасно средство против оваа габична инфекција во споредба со повеќе од 30 антибиотици и 18 фунгициди. Меѓутоа, она што е важно да се нагласи е дека како 100% природен производ, третрирањето со ова масло не предизвикува никакви несакани последици, како останатите тестирани фармацевтски лекарства. И што е уште поважно, габите, како и бактериите и вирусите, не мутираат при користење на маслото, како што тоа го прават при користење на фармацевтските производи и не стануваат отпорни на маслото од семки од грејпфрут.
Маслото од семки од грејпфрут содржи таква селекција на витамини, кои покрај тоа што имаат позитивно влијание на целиот организам, претставуваат ефикасно средство против Candida. Влијае на подобрување на имуниот систем и помага за регенерација на клетките на црниот дроб кои можат да бидат оштетени од токсините кои ги ослободува кандидата при нејзиното уништување.
Како маслото од семки од грејпфрут помага за уништување на кандидата? Истражувањето спроведено во 1990 година, објавено во Journal of Orthomolecular Medicine (истражување) докажува дека маслото од семки од грејпфрут е “многу ефикасно средство прорив различни габи и мувли, како што се Candida, Geotrichum, Aspergillus и PeniciIlium sp.”. Маслото од семки од грејпфрут ги уништува габичните клетки. Исто така составот на ова масло, витаминот Ц и Е и биофлавоноидите помагаат за обновување на клетките во организамот. Поконкретно, биофлавоноидот Hesperedin, може значително да го зајаке имуниот систем на организмот. Природната киселост на маслото од семки од грејпфрут ја неутрализира pH вредноста во стомакот и цревата и оневозможува размножување на кандидата.
Предноста од земање на природни средства, како што е маслото од семки од грејпфрут, е тоа што не ги уништува корисните бактерии во гастроинтестиналниот тракт, споредено со антифунгалните фармацевтски лекови, кои покрај штетните организми ги уништуваат и корисните.
Извор: Centers for Disease Control and Prevention, USA www.cdc.gov; www.thecandidadiet.com; www.doktori.mk