МАСЛО ОД СЕМКИ ОД ГРЕЈПФРУТ ЗА ЛАДНИТЕ ДЕНОВИ ШТО ДОАЃААТ
Во последно време може да се забележат голем број на луѓе кои имаат симптоми на настинка: кивање, течење на носот, итн. Ова е времето од годината кога настинките и вирусите се дел од нашето секојдневие. Променливото и сè поладно време, неизбежно ги носи и овие несакани состојби.
Наместо веднаш да посегнеме кон антибиотици или други хемиски лекови за настинки, можеме да се обидеме да ги намалиме симптомите со користење на некои природни препарати. Секако, нашето тело ќе се излекува самото по природен пат доколку му обезбедиме оптимални услови за тоа: многу течности, одмор, чист и свеж воздух, лесна храна богата со ензими, минерали и витамини.
Но, понекогаш на сите ни треба нешто да го поттикне и забрза процесот на оздравување и да го зајакне имунитетот. Силниот имунитет ќе ви помогне да останете здрави или полесно да се справите со настинките и грипот. Сите знаеме дека постојат повеќе природни средства кои можат да помогнат при настинка и грип (витамин Ц, лук, мед, ѓумбир…). Меѓутоа во последните декади сè повеќе се посочува маслото од семки од грејпфрут, како едно од најефикасните природни средства за зајакнување на имунитетот и уништување на микро-организмите (вируси, бактерии, габи и паразити).
Што е тоа поточно? Маслото од семки од грејпфрут се добива со метод на ладна екстракција од семките на грејпфрутот (Citrus Paradisi) и претставува соединение богато со антиоксиданси, кое може да се користи за лекување на различни состојби. Најважната состојка на маслото од семки од грејпфрут се биофлавоноидите, кои директно делуваат на зајакнување и поддршка на имунолошкиот систем на организамот. Исто така, содржи голем број на други материи кои влијаат на човековото здравје, вклучувајќи стероли, токофероли, лимонска киселина и минерали. Ова масло е одличен извор на витамин Ц, калиум и пектин, и од тие причини има моќни антиоксидативни ефекти врз организмот во целост. Маслото од семки од грејпфрут, со својата пријатна арома и вкус, е познат природен имунолошки засилувач што поддржува и различни метаболички функции. Првата документирана медицинска употреба на маслото од семки од гејпрфут се среќава уште во далечната 1972 година, и оттогаш па се до денес се зголемува неговата популарност како корисна состојка за човековото здравје. Денес, ова масло е присутно во речиси секоја домашна аптека, а со право го носи епитетот на најголем имуностимуланс и најмоќен природен антибиотик.
Поради активните супстанци што ги содржи маслото од семки од грејпфрут, како што се флавоноидите и полифенолите, тоа делува бактерицидно и бактериостатски на повеќе од 800 видови на бактерии, 100 видови на габи и голем број на вируси. Активните состојки на маслото од семки од грејпфрут делуваат на бактериите така што ја уништуваат нивната клеточна мембрана (бактерицидно дејство), а кај одредени бактерии го намалуваат нивното размножување (бактериостатски).
Маслото од семки од грејпфрут докажано уништува широк спектар на грам-позитивни и грам-негативни микроорганизми вклучувајќи: Shigella, Staphylococcus, Pseudomonas Aeruginosa, Giardia Lamblia, Streptococcus Pneumonia, Haemophilus Influenzae, Mycobacterium Species, Campylobacter, Candida Albicans, Escherichia Coli, Salmonella, Klebsiella, Proteus, Vibio Cholerae, Chlamydia Trachomatis, Trichomonas Vaginalis, Legionella Pneumophila, Helicobacter Pylori, Herpes Simplex 1, Influenza A2. Меѓутоа, најзначајната придобивка од користењето на овој природен антибиотик, е тоа што тој не ги уништува добрите бактерии во организмот, како што е случај при користењето на синтетички антибиотици. Исто така, неговото користење не предизвикува резистентност, односно бактериите и вирусите не стануваат имуни на него со тек на времето.
Во деновите што следат практикувајте здрав начин на живот и здрави навики, вклучително добар сон и одмор, здрава храна, одржувајте ја физичката и психичката активност, намалете го стресот. И секако користете ги благодетите на билките, плодовите и други супстанции кои се познати како природни антибиотици и антивиротици во народната медицина.