МАСЛО ОД СЕМКИ ОД ГРЕЈПФРУТ ЗА ИНФЕКЦИИ НА СИНУСИ
Маслото од семки од грејпфрут е 100% природен производ кој е особено ефикасен за олеснување на горните дишни патишта при воспаление на синусите и тоа при бактериски инфекции предизвикани од стрептококи, стафилококи и др. или вирусни инфекции, како на пример инфлуенцата – грипот, но и од нечистотиите кои ги предизвикува загадениот воздух. Притисок, болка, затнат нос и отежнато дишење се најчести симптоми при воспаление на синусите, кои тешко се отстрануваат. Маслото од семки од грејпфрут е најдобра опција за ослободување од овие симптоми на природен начин. Тоа има пријатен вкус и лесно го прифаќаат неговото аплицирање дури и најмалите.
Маслото од семки од грејпфрут претставува безбедно и природно средство, кое може да се користи за третирање на различни состојби. Се добива со метод на ладна екстракција од семките на грејпфрутот (Citrus Paradisi) и претставува еден од најефикасните природни антибиотици. Поради активните супстанци што ги содржи маслото од семки од грејпфрут, како што се флавоноидите и полифенолите, тоа делува антибактериски, антивирусно и антивоспалително. Ова масло е одличен извор на витамин Ц, калиум и пектин, и од тие причини има моќни антиоксидативни ефекти врз организмот во целост. Маслото од семки од грејпфрут докажано уништува широк спектар на грам-позитивни и грам-негативни микроорганизми вклучувајќи: Shigella, Staphylococcus, Pseudomonas Aeruginosa, Giardia Lamblia, Streptococcus Pneumonia, Haemophilus Influenzae, Mycobacterium Species, Campylobacter, Candida Albicans, Escherichia Coli, Salmonella, Klebsiella, Proteus, Vibio Cholerae, Chlamydia Trachomatis, Trichomonas Vaginalis, Legionella Pneumophila, Helicobacter Pylori, Herpes Simplex 1, Influenza A2. Меѓутоа, најзначајната придобивка од користењето на овој природен антибиотик, е тоа што тој не ги уништува добрите бактерии во организмот, како што е случај при користењето на синтетички антибиотици. Исто така, неговото користење не предизвикува резистентност, односно бактериите и вирусите не стануваат имуни на него со тек на времето.
Најголем ефект при третирање на воспаление на синусите има навлажнување на носните шуплини со спреј од масло од семки од грејпфрут, иако не помали ефекти се потврдени и со орално конзумирање на ова масло, разредено во вода, сок или чај. За разлика од другите третмани за синусни инфекции, кои може да предизвикаат непријатни ефекти и иритација на слузокожата, со третман со правилно подготвен раствор од маслото од семки од грејпфрут се постигнува сериозен ефект кој овозможува ослободување на дишните патишта и елиминирање на воспалението на природен начин.
Како се користи маслото од семки од грејпфрут за лекување на воспаление на синусите?
Растворете 1/4 кафена лажица морска сол во 200 ml. топла вода. Откако солта убаво ќе се раствори, додадете 4 капки масло од семки од грејпфрут. Ставете го растворот во празно шишенце од спреј за нос и нанесувајте повеќе пати на ден во носните шуплини. Овој раствор може да се користи на било која возраст и неограничено време. Користењето на маслото од семки од грејпфрут не предизвикува никакви несакани штетни последици. Ги чисти синусите на природен начин и го штити организамот од нови инфекции.
Особено важно е да се врши прочистување на носните шуплини кај децата од предшколска и школска возраст. Веднаш штом ќе дојдат дома после градинка или училиште, и исто како што ги мијат рацете, прснете им од спрејот од масло од семки од грејпфрут на децата во носната шуплина, со што ќе ги исплакнете и исчистите бактериите или вирусите кои тој ден ги вдишале, а исто така ќе се исплакнат и наслагите кои се насобрале од нечистиот воздух кој го вдишуваме. На овој начин, ќе се сведе на минимум можноста детето да се разболи од одредена инфекција на горните дишни патишта.