Herba Natura

Природна алтернатива за Вашето здравје
  • македонски
  • English

Летото е време кога треба да размислуваме за заштитата на нашата кожа многу повеќе отколку во другите периоди од годината. Во лето, поголемиот дел од денот го поминуваме надвор, изложувајќи се на сонцето и УВ зраците, кои се еден од најголемите надворешни непријатели на кожата.

Кога кожата е предолго изложена на сонце, доаѓа до создавање на слободни радикали, кои го оштетуваат ткивото на кожата и ја намалуваат нејзината еластичност и влажност. Видливи знаци на оштетувањето се брчките, темните флеки и изгореници од сонце, меѓутоа УВ зраците предизвикуваат и оштетувања што не можеме да ги видиме со голо око и кои го зголемуваат и ризикот за појава на рак на кожата.

Користењето на креми со заштитен фактор, покривање на деловите на телото кои се изложени на сонце со облека, како и седење под сенка, сеуште се меѓу најдобрите методи за заштита на кожата.

Дополнително, научните истражувања укажуваат на тоа дека користењето на одредени хранливи состојки ја заштитува кожата од оштетувања и помага при заздравувањето на веќе оштетената кожа. На тој начин се намалува и ризикот од појава на рак на кожата. Такви хранливи состојки, корисни за кожата и кои делуваат како антиоксиданти, се: бета каротинот, витаминот А, Ц, Е, селенот и цинкот.

Бета каротинот е еден од најпознатите антиоксиданси и исклучиво се наоѓа во растенијата. Тој се нарекува и „природен чадор за сонце“, бидејќи ја штити кожата од штетните УВ зраци, намалувајќи ја активноста на слободните радикали, кои настануваат поради изложеноста на УВ зраци при сончањето.

Едно од позначајните дерматолошки откритија е способноста на витаминот Ц да ги намали негативните последици настанати при изложувањето на сончевите зраци и создавање на слободни радикали. Витаминот Ц, како моќен антиоксиданс ги неутрализира слободните радикали и на тој начин спречува да дојде до оштетување на кожата. Освен превенција од оштетување, витаминот Ц игра важна улога и во регенерација на веќе оштетената кожа.

Витаминот Е се нарекува и „витамин на убавината“, бидејќи ги поттикнува бројните хемиски реакции во организмот, кои ја подобруваат состојбата на кожата. Тој е јак антиоксиданс и има позитивен ефект на сите типови на кожа. Витаминот Е ја навлажнува кожата, го забрзува репарирањето на оштетувањата предизвикани од дејството на слободните радикали, ја штити кожата од негативните надворешни влијанија, го намалува црвенилото, настанато поради прекумерна изложеност на сонце, го спречува настанувањето на темни флеки на кожата, го намалува настанувањето на брчки и ја одржува кожата мазна и витална за подолг период. Студиите на Американското дерматолошко друштво покажале дека со внесување на одредена дневна доза на витаминот Е, се намалува ризикот од оштетување на кожата поради изложеност на сонце, а истовремено се намалува и продукцијата на канцерогени клетки. Покрај оралната примена на витаминот Е, тој може да се применува и со директно нанесување на кожата. Според некои студии, внесувањето заедно на витаминот Е и Ц, може да даде подобри резултати, отколку да се внесува секој витамин посебно. Комбинацијата на витаминот Е и Ц се покажала како поефикасна во заштитата и спречување на последиците кои настануваат од изгореници од сонце.

Витаминот А има значајна улога за одржување на здравјето на кожата и овозможува репарирање на оштетувањата настанати од УВ зрачење. Долгото изложување на сонце може да предизвика уништување на витаминот А во кожата, поради што може да дојде до негов недостиг во кожата. Како последица на тоа, се јавуваат темни флеки, брчки, лупење на кожата и, во најлош случај, појава на преканцерозни лезии. Витаминот А најдобро е да се внесува преку природни производи, кои го содржат овој витамин.

Масло од семки од кајсија за нега на кожата и ублажување на изгореници од сонце

Маслото од семки од дива кајсија е моќен природен антиоксиданс, кој ги уништува слободните радикали во човечкиот организам и претставува ефикасно средство за нега на кожата изложена на сончевите зраци. Маслото од семки од дива кајсија ги содржи сите неопходни хранливи материи за одржување на здравјето на кожата и намалување на оштетувањата предизвикани од УВ зраците. Дополнително, овој природен антиоксиданс го хармонизира метаболизмот и помага за чистење и исфрлање на токсините од телото. Многу научни студии докажаа дека маслото семки од дива кајсија е моќен имунолошки зајакнувач. Со користење на само 5 капки од ова масло дневно, значително се зајакнува имунитетот и се одржува доброто здравје.

Маслото на Херба Натура се добива по природен пат, преку ладно цедење односно пресирање на семките од дива кајсија (Prunus armeniaca). Исклучително е богато со витамините А, Е и Ц, кои се од суштинско значење за здравјето на целиот организам, вклучително и нашата кожа, а содржи и линолна и олеинска есенцијална масна киселина, минерали и многу други хранливи материи.

Ова масло совршено се апсорбира од страна на кожата и не остава остатоци или чувство на маснотија. Покрај тоа, не предизвикува алергиски реакции дури и на најчувствителната кожа. Кожата ја прави лесна и нежна, а на сувата кожа делува хидратантно и ја прави да биде влажна и мека. Линолната масна киселина дејствува тонизирачки на кожата, а витамините А и Е пак дејствуваат смирувачки и го забавуваат стареењето на кожата и успешно ги отстрануваат акните.

Антивоспалителното дејство на ова масло помага во лекување на сериозни кожни заболувања, како што се егзема и дерматитис.

Со директно нанесување на кожата, ефикасно ги ублажува изгорениците и црвенилото предизвикано од сончање. За одржување на здравјето на кожата најдобри резултати има кога се користи како ноќен крем. Со нежна масажа го чисти и тонира лицето и помага во чистење на затнатите пори. Исто така, може да се употребува и за намалување на темните кругови околу очите, предизвикани од замор или несоница, како и за намалување на линиите и брчките околу очите. Помага и при отстранување на лузни предизвикани од физички повреди или изгореници, доколку се нанесува на самата лузна, со лесно втривање.

 

kajsija svojstva