Herba Natura

Природна алтернатива за Вашето здравје
  • македонски
  • English

Ѓумбирот е едно од најценетите зачински растенија во светот. Не само што дава единствен вкус на храната, туку поседува и значајни лековити својства. Со векови различни цивилизации ширум светот го користеле ѓумбирот како лек и ги опишувале неговите позитивни својства. Традиционалната кинеска медицина го вклучува ѓумбирот во третирањето на повеќе здравствени проблеми како што се респираторните проблеми, па се до забоболка. Античките Грци го користеле ѓумбирот за намалување на последиците од отров. Кралот Хенри VIII од Англија го препорачал користењето на ѓумбирот против големата чума во 16-иот век.

Маслото од ѓумбир се добива од ризомот (подземното стебло) на ѓумбирот (Zingiber officinale), по пат на дестилација. Најголем дел од здравствените придобивки на ова масло се должат на присуството на  соединението наречено Gingerol. Маслото од ѓумбир делува како дигестив, аналгетик, антиеметик, антисептик, карминатив, експекторант, диафоретик, нервин, афродизијак и стимулант. Маслото од ѓумбирот најчесто се користи за разновидни проблеми со стомакот, вклучувајќи морска болест, колики (грчеви), вознемирен стомак, надуваност и гасови во стомакот, дијареа, гадење предизвикано од цитостатици, повраќање, како и при губење на апетит. Здравствените придобивки од маслото од ѓумбир се значајни и кај различни воспаленија, настинки, респираторни проблеми, менструални нарушувања и подобрување на либидото.

image003

Масло од ѓумбир – најдобар природен лек против мачнини и повраќање

Секој од нас барем еднаш ги имал симптомите како гадење, повраќање, дијареа и други дигестивни проблеми. Маслото од ѓумбир е еден од најдобрите природни лекови за проблеми со варењето, стомачни болки, диспепсија (болки во горниот дел на абдоменот), колики, грчеви (спазмолитик), пролив, гасови (карминатив) и други проблеми поврзани со стомакот и цревата.

Во исто време ова масло е антисептик и карминатив и како резултат на тоа, може да се користи за лекување на труење со храна, за лекување на цревни инфекции и бактериска дизентерија.

Истражувањата на научниците од Универзитетот Brigham Young покажуваат дека маслото од ѓумбир е ефикасно средство против гадење и повраќање, и делува подобро од повеќето лекови против мачнини при патување. Употреба на маслото од ѓумбир, исто така, може да го намали проблемот со мачнини и повраќање  кај жените во текот на бременоста. Маслото од ѓумбир значително ги намалува постоперативните мачнини.

Исто така, едно американско истражување неодамна докажа дека маслото од ѓумбир ги намалува негативните последици од хемотерапијата, кои ги имаат пациентите со рак. Истражувањето, извршено на 644 пациенти, покажало дека пациентите кои дневно земале по половина милилитар од масло од ѓумбир, чувствувале и до 40% помала мачнина и вртоглавица, кои ги предизвикува хемотерапијата.

image005

Маслото од ѓумбир ја уништува хеликобактер пилори

Резултатите од истражувањето, спроведено од страна на Универзитетот Илиноис во Чикаго, покажуваат дека екстрактот од подземното стебло на ѓумбирот го спречува размножувањето на бактеријата хеликобактер пилори во желудникот.

Денес, хеликобактер пилори инфекцијата се смета за најчеста инфекција кај луѓето, со приближна застапеност од околу 50% од светската популација. Застапеноста на оваа инфекција во Македонија се движи во рамки на светските вредности, односно околу половина од населението се соочува со оваа бактериска инфекција.

Зголеменото присуство на бактеријата Хеликобактер пилори во организамот на луѓето може да предизвика воспаление на желудникот (гастритис) и на дванаестопалачното црево, чир на дванаестопалачното црево и желудникот, малигно заболување на крвниот систем (кај 1% од инфицираните), карцином на желудникот (кај 1-2 % од инфицираните).