МАСЛО ОД ЃУМБИР – ПРИРОДНО СРЕДСТВО ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ПОТЕНЦИЈАТА КАЈ МАЖИТЕ
Импотенција кај мажите
Импотенција или еректилна дисфункција е неспособност за постигнување и одржување на ерекција, потребна за задоволителен сексуален однос. Се поголем број на мажи се одлучуваат да побараат помош за својот проблем и благодарение на постоечките методи на лекување го нормализираат нивниот сексуален живот, бидејќи импотенцијата може да се излечи.
Во последните неколку години се зголемува бројот на луѓе што се лекуваат од еректилна дисфункција, но тоа не значи дека се зголемува бројот на луѓе со овој проблем, туку тоа е одраз на сé подобрите резултати во дијагностиката и третманот на импотенцијата. Со овој проблем не се погодени само мажите, импотенцијата често се јавува и кај жените.
Импотенцијата во бројки
- Кај мажите на 40 години, инциденцата изнесува 5%, со повеќе од 65 години од 15% до 25%.
- Секој десетти човек во светот има проблем со ерекцијата.
- Околу 40% од мажите постари од 40 години велат дека барем повремено имаат проблеми со ерекција или нејзино одржување.
- Повеќе од половина од мажите на возраст од 40 до 70 години имаат проблеми со потенцијата, а повеќе од 70% кај оние кои се постари од 70 години.
- Проблеми со ерекцијата имаат 50% до 60% од мажите над 60-годишна возраст кои имаат атеросклероза, како и 35% до 50% од оние со дијабетес.
Физиолошки аспекти на импотенција кај мажите
Причините за појава на импотенција од физиолошки тип се васкуларните проблеми, односно проблеми со крвните садови. За да еден човек биде во можност да постигне и одржи ерекција, потребно е да се зголеми протокот на крв во пенисот. Стеснувањето на крвните садови може да го спречи протокот на крв во пенисот, што може да доведе до проблеми во постигнувањето на ерекција.
Висок крвен притисок, пушењето, дијабетесот и високиот холестерол се најчестите причини за импотенција. Покрај тоа, хормонални нарушувања и проблеми со тироидната жлезда, исто така, може да придонесат за појава на овој проблем. Многу мажи кои консумираат стероиди се соочуваат со овој проблем, затоа што тоа го попречува создавањето на природна хормонална рамнотежа што е потребна за нормално сексуално функционирање. Конзумирањето на голем број лекарства (диуретици, антидепресанти, бета блокатори и др.) исто така има негативно влијание врз потенцијата.
Психолошки аспекти на импотенција кај мажите
Еден од најчестите психолошки фактори за импотенција се очекувањата кои мажите ги имаат во врска со своите сексуални перформанси. Откако ќе се соочат со овој проблем мажите со ирационален начин на размислување се доведуваат во состојба на депресија, чувство на несоодветност и сомнеж на сопствената машкост, што влијае на понатамошно одржување и продлабочување на овој проблем. Импотенцијата како сексуален проблем во голема мера ја нарушува сликата која човекот ја има за себе, и го зголемува стравот од идни неуспеси во сексуалното функционирање.
Како да ја подобрите потенцијата на природен начин?
Доколку проблемот со импотенцијата не е од психолошка природа, неможноста да се постигне и одржи ерекција најчесто се јавува заради недоволен проток на крв во пенисот, а не заради недостиг на сексуална желба.
Природата има одоговор и за вакви проблеми. Kathi Keville и Peter Korn, автори на книгата “Herbs for Health and Healing,” потенцираат дека слабата циркулација може да доведе до импотенција кај мажите затоа што оштетените крвни садови едноставно не се полнат со крв. Според нив, одредени растенија, како што е ѓумбирот може да влијаат на ширење на крвните садови и да ја подобрат циркулацијата на крвта.
Активни состојки на маслото од ѓумбир се gingerol, shogaol и zingiberene. Според “Physicians’ Desk Reference for Herbal Medicines” соединението gingerol докажано делува на крвните садови. Така на пример истражувачите од Toyama Medical and Pharmaceutical University во Јапонија откриле дека состојката gingerol ги стимулира контракциите на крвните садови.
Маслото од ѓумбир ја подобрува циркулацијата на крвта, помага за отстранување на згрутчувањата во крвните садови, влијае на намалување на холестеролот, а сите овие позитивни влијанија помагаат за зголемување на потенцијата.