Herba Natura

Natural Alternative for Your Health
  • Macedonian
  • English

Само две капки масло од ѓумбир имаат поголем ефект од една таблета ибупрофен, против различни болки…

Едно ново истражување, кое е објавено во списанието “Arthritis”, открива дека ѓумбирот делува на намалување на болките подеднакво како и лековите против болки, како на пример ибупрофенот.

Иако ибупрофенот е еден од најпопуларните лекови против болки, сепак ова истражување покажува дека тој не влијае на намалување на нивото на цитокините во телото. Цитокините можат да бидат негативни и позитивни, а негативнитие се вид на супстанција која ги шири воспалителните процеси во телото. Истражувањата покажале дека негативните цитокини се поврзани со влошување на симптомите на артритис и остеоартритис. За ѓумбирот научно е докажано дека има антиинфламаторно (противвоспалително) дејство и значително го намалува нивото на цитокините во телото.

Dr. Krishna C. Srivastava, која била водач на тимот кој го правел истражувањето, вели: „Ѓумбирот е добро познат по своите одлични лековити својства, а ова истражување уште еднаш го потврди тоа“.

Следниот пат кога ќе почувствувате болка, размислете дали ќе употребите таблета за болка или ќе се ослободите од болката со природно средство.

image001

Претходните истражувања покажале дека користењето на лекови против болки може да го зголемат ризикот од различни здравствени проблеми, вклучувајќи проблеми со видот, зголемување на телесната тежина, намалување на респираторниот капацитет, срцева аритмија, мускулна слабост, зголемен крвен притисок, главоболки, анксиозност, болки во градите, акни, бавно зараснување на раните и многу други последици.

Благодарение на неговото аналгетско дејство, исто така се користи и за намалување на болката предизвикана од воспаление на мускулите, реуматски состојби, главоболка, мигрена, болна менструација итн. Освен за орална употреба, маслото од ѓумбир може да се користи и надворешно, односно за масажа на воспалените мускули или зглобови, при пто задолжително се разредува со некое базично масло (на пример кокосово или маслиново масло).

Што се однесува на неговото штетно дејство, треба да се почитуваат напатствијата дадени од лекарите или стручните лица, бидејќи некои истражувања покажале дека прекумерното користење на ѓумбир може да има штетно дејство на пробавниот систем.

Освен што го намалува чувството на болка, ѓумбирот спречува и појава на хронично воспаление на телото. Исто така, ѓумбирот го ублажува и веќе постоечкото воспаление, од што и да е предизвикано, без разлика дали е како резултат на физички напор или одреден здравствен проблем.

Голема предност е во тоа што и свежиот ѓумбир и неговиот екстрат кој е во форма на масло, ги имаат истите својства. Единствено ѓумбирот во прав, при обработката, губи дел од лековитете својства.

Важно е да се напомене дека една капка екстрат (масло) од ѓумбир е екавивалентна на 100 грама свеж ѓумбир, или 12 грама жумбир во прав. А секако, ова масло е достапно и кај нас, во аптеките (на пр. Еурофарм, но и сите други подобро снабдени аптеки) или продавниците за здрава храна (како што е една од најдобрите кај нас – Биокулт).

maslo gumbir pridobivki