CitroNasal Plus– спреј за нос со масло од семки од грејпфрут и еукалиптус
-
Помага при воспаление на синусите
-
Помага при настинки и алергиски ринитис
-
Чисти од прашина и загаден воздух
-
Делува антибактериски и антивирусно
Природна алтернатива за Вашето здравје
Купи веднашПроизводите побарајте ги во аптеките на Еурофарм и останатите Продажни Места, или пак купете ги преку интернет www.hipermarket.mk
Останати производи
Овој спреј наоѓа примена во многу различни здравствени состојби, поврзани со носните шуплини и дишењето.
Помага при затнатост на носот и синусите, а особено при настинки, грип и алергии. Со смирувачките ароматични својства на маслото од еукалиптус, овој спреј го олеснува дишењето, ја одржува влажноста на носните шуплини и ги чисти од алергени како прашина и полен. Кај настинка и грип CitroNasal Plus помага за разредување и отстранување на вишокот на секрет во носот и го олеснува дишењето, а благодарение на антибактериските и антивирусните својства на маслото од семки од грејпфрут дејствуа локално и помага и за отстранување на бактериите и вирусите, а посебно на стрептококите и стафилококите.
Кај синузитис и ринитис CitroNasal Plus спрејот има својство на ослободување од назална конгестија и помага да се неутрализира киселоста во синусната шуплина при синузитис. Дополнително, маслото од еукалиптус кое е познат антисептик и антиспазматик, со својата силна арома го олеснува отежнатото дишење предизвикано од сув или загаден воздух, што овој спреј го прави исклучително корисен во периодите кога загаденоста на воздухот е на висoко ниво.
Во текот на сезоната на алергии, помага за навлажнување на носните шуплини и ги чисти од прашина, нечистотија, полен, и други алергени. CitroNasal Plus спрејот за нос е корисен за сите кои повеќето од времето го поминуваат во затворен простор или простор со централно греење или клима уред, како што е градинка, училиште, канцеларија, стан итн. Особено важно е овој спреј да се користат кај децата кога ќе се вратат од училиште, каде поради поголемиот број на деца и размената на вируси и бактерии е континуирана и во голем обем. Со плакнењето на носните шуплини со овие спрејови, во голема мера ќе се намали можноста отровните честички од загадениот воздух да се наталожат, односно вирусите и бактериите да се размножуваат, со што му се овозможува на организмот да остане здрав.
Зошто CitroNasal Plus спрејот е подобар од другите спрејови
Синтетичките спрејови и спрејовите со медикаменти, содржат состојки кои ја собираат слузницата во носната шуплина, при што создаваат ефект на широкоотворени носни шуплини и полесно дишење. Иако ова може да претставува привидно олеснување за оној кој го користи, тоа всушност го доведува корисникот во циклус на зависност од овие спрејови. Корисникот е навикнат да дише со невообичаено широко отворени носни шуплини, а потоа, кога на лекот ќе му помине дејството, отвореноста на носните шуплини се намалува и се враќаат во нормала положба. Ова намалувањето се чувствува како носот да е затнат повторно, така што корисникот има потреба да ре-администрира спреј кој содржи лек, со што повторно ги отвора носните шуплини во позиција која е далеку од нивната нормална отвореност. Спрејот за нос CitroNasal Plus е направен од исклучиво природни состојки, без синтетички додатоци и медикаменти. Состојките од кои е направен спрејот, не предизвикуваат состојба на зависност од неговото користење. CitroNasal Plus спрејот за нос делува освежувачки и навлажнувачки на слузокожата на носните шуплини и ги плакне иритантите од нив, создавајќи заштитна бариера против разни инфекции. Истовремено, доколку се користи локално за третирање на одредена бактериска или вирусна инфекција од која се зафатени носните шуплини, овој спреј благодарение на својствата на маслото од семки од грејпфрут, но и на маслото од еукалиптус, ќе ги уништи насобраните инфициенси, со што нема да дозволи истите да се развијат во поголема количина и да го нападнат организмот. CitroNasal Plus спрејот е безбедна за долготрајна употреба, без да има потреба да се прават прекини во неговото користење.
Дозирање и начин на употреба
CitroNasal Plus спрејот за нос е произведен од исклучиво природни состојки. Не содржи хемиски додатоци, конзерванси или било какви синтетички медикаменти, ниту пак некоја од состојките кои се чести предизвикувачи на алергии.
Безбеден е за користење кај деца постари од 6 години и возрасни. Дозирањето е различно во зависност од возраста:
- Кај деца од шест до дванаесет години, една до две апликации во секоја ноздра до четири пати на ден.
- Кај деца постари од дванаесет години и возрасни, две до три апликации во секоја ноздра до осум пати на ден.
Состав: изотоничен раствор (0,9% NaCl), масло од семки од грејпфрут, еукалиптус, растителен глицерин
Пакување: 30ml во пластично шише со вертикален распрскувач (~200 апликации)
Начин и место на издавање: Се издава без лекарски рецепт во аптеки и на други продажни места.
Рок на употреба: Втиснат на амбалажата.
Начин на чување: Да се чува на температура до 25 ºC недостапно за деца.
Мерки на претпазливост
Да не се прска во очи.
Да не се користи кај деца помали од 6 години без консултација со лекар, заради можност од алергичност на некоја од состојките.
Еден апликатор треба да се користи само од едно лице. Користењето на еден апликатор од страна на повеќе лица може да предизвика ширење на инфекцијата.
Да не се користи после рокот на употреба и после 6 месеци од отвoрањето.
Природна алтернатива за Вашето здравје
Купи веднашПроизводите побарајте ги во аптеките на Еурофарм и останатите Продажни Места, или пак купете ги преку интернет www.hipermarket.mk