Herba Natura

Природна алтернатива за Вашето здравје
  • македонски
  • English

Escherichia Coli или скратено E.coli е многу расширена бактерија која влегува во храната во текот на нејзиното производство (во најголем број случаи во месото и зеленчукот) и преминува во човечкиот дигестивен систем. Во организмот може, но немора да дејствува како паразит.

Во нашето тело живее цела низа на бактерии, од кои најголем дел, познати како “добри бактерии”, всушност помагаат во правилното функционирање на метаболизмот. Некои од овие бактерии помагаат при варењето на храната или против одредени болести.

E.coli живее во нашите црева, каде што му помага на нашиот организам во процесот на разградување и варење на храната. За жал, одредени видови на E.coli (т.н. соеви) може од цревата да влезат во крвотокот и понатаму во одредени органи, каде предизвикуваат сериозни здравствени проблеми во форма на воспаленија, а може да доведат и до смрт.

Кој вид на E.coli е смртоносен и како луѓето се инфицираат?

E.coli O157:H7, или EHEC, и нејзиниот опасен ентерохеморагиски сој за прв пат беше откриен во 1982 година, и е расширен низ целиот свет. Како и сите други соеви на E.coli и тој обично живее во дигестивниот тракт на говедата, во цревата на другите домашни животни и птици, но кај животните тоа не е опасно, бидејќи тие немаат рецептори со кои бактеријата може да се поврзе и да влезе во крвотокот. Кај луѓето, овој опасен сој на E.coli за жал се однесува како и сите други соеви на оваа бактерија и може да влезе во крвотокот и да го зарази организамот, притоа предизвикувајќи сериозни здравствени проблеми, па дури и смрт.

Луѓето обично се инфицираат со E.coli (вклучувајќи го и EHEC сојот) на следниве начини:
– преку изметот на домашните животни;

– преку зеленчук кој е третиран со заразено шталско ѓубре или е наводнувано со загадена вода;

– преку месо (обично во случај на недоволно печено мелено месо) и салама;
– контакт со заразени животни или луѓе;

– конзумирање на непастеризирано млеко или сок;

– ретко преку загадена бунарска вода и во недезинфицирани базени.

Ако во храната има E.Coli, тоа не може да се препознае преку изгледот или мирисот. Бактеријата може да се “убие” само со висока температура.

EColi_1

Симптоми на инфекција со E.Coli

Симптомите на инфекција најчесто зависат од тоа во кој дел од телото се наоѓа бактеријата, каде има воспаление и за кој сој на E.coli се работи.

Првите симптоми се јавуваат во период од 10 часа до 8 дена по инфекцијата.
Најчестите симптоми се: тешка болка во стомакот и грчеви, повраќање, пролив, крвава дијареа.

При инфекција со E.coli O157:H7 се јавува висока температура, крв во столицата и/или урината, заразеното лице страда од низок број на тромбоцити, анемија, и најчесто доаѓа до оштетување на бубрезите.

Кај воспаление на уринарниот тракт, предизвикано од E.coli се јавува покачена температура, прекумерно и отежнато мокрење, чувство на печење при мокрењето, болка во мочниот меур и крв во урината.

E.coli кај бебиња

Бактеријата E.coli е честа причина за менингитис и сепса кај новороденчињата. Бебињата можат да бидат инфицирани со E.coli за време на породувањето, ако бактеријата се наоѓа во вагината на мајката.

Првите симптоми кај новороденчињата може да бидат речиси незабележливи. Ќе забележите дека вашето бебе јаде помалку, прави големи паузи во дишењето, има премногу висока или премногу ниска температура, нервозно е, плачливо и спие подолго од вообичаеното. Некои бебиња повраќаат, добиваат пролив или се појавува надуеност на стомакот.

Сепсата како и кај возрасните се дијагностицира со анализа на крвта, менингитисот се утврдува со микробиолошка анализа на цереброспиналната течност.

Како се дијагностицира и лекува E.coli?

Доколку некој покажува симптоми на E.coli, се прави детална анализа на примерок од крв, урина и/или столица. Ако како симптоми се појави пролив, заразените лица не треба да земаат лек за пролив, бидејќи на тој начин ќе се забави процесот на лекување на бактериската инфекција. Во зависност од тежината на воспалението и инфекцијата, некои пациенти мора да останат во болница, со оглед на тоа што може да се развие сериозно воспаление на бубрезите и други воспаленија на виталните органи, опасни по живот.

Лекувањето на E.coli може да трае кратко или премногу долгу, зависно од видот на бактеријата, имуниот систем на организамот на заболениот и количината на бактеријата во уринарниот тракт. Количината на бактеријата се мери по еден милилитар урина. Присуството на 1000 единици бактерија на 1 мл уролозите не го сметаат за инфекција, и добар имун систем лесно се справува со оваа количина на бактерија. Кај посериозни инфекции може да се земат антибиотици, но истите заради мутирањето на бактеријата имаат се помала ефикасност. Лекарите се приморани да препорачуваат користење на се појаки антибиотици, кои пак го нарушуваат имуниот систем на организамот, на кој начин влијаат на создавање на нови инфекции. Во одредени случаи земањето на антибиотици треба да се избегнува, бидејќи тоа само ќе ја влоши состојбата на пациентот.

Во ситуација на зголемената отпорност на Е.coli на антимикробни конвенционални лекови, сé повеќе се користат различни природни билки и препарати кои делуваат повеќе или помалку на справувањето со оваа бактериска инфекција. Тоа се најчесто билки кои се диуретици и делуваат на уринарниот тракт. Најчесто користена билка за оваа намена е ува или мечкино грозје од која се подготвува чај (увин чај).

Во последно време во голем број на истражувања се потврдува ефектот на маслото од диво оригано при лекување на Е.coli. Маслото од диво оригано е природен антиоксиданс и прочистувач, чија основна состојка карвакрол делува антивирусно, антибактериски, антигфунгално и го зајакнува имунитетот. Научно е потврдено дека маслото од диво оригано и во многу мали дози може ефикасно да ги замени пеницилинот, стрептомицинот и вакномицинот. За разлика од фармацевтските антибиотици, ориганото не ја оштетува клеточната мембрана на бактериите со што е оневозможено нивното мутирање. Покрај ова, маслото од диво оригано ги уништува и веќе мутираните бактерии. Маслото од диво оригано има силен ефект врз вообичаените патогени бактерии, како што е E.coli. При земање на масло од диво оригано за лекување на E.coli, важно е да се одбере оригано кое има што поголем процент на супстанцата карвакрол (кај чистите масла овој процент изнесува до 90,58 како што е маслото на Херба Натура).

Во лекувањето на оваа бактерија, може да се примени и третман со чај од диво оригано, кој ги има својствата како и маслото, но третманот трае подолг период.
Заштита од E.coli

Потребно е храната која се конзумира да биде добро измиена и термички обработена. Треба да се избегнува недопечено месо, непастеризирано млеко и сокови. Овошјето и зеленчукот треба добро да се измијат пред да се конзумираат. Учете ги вашите деца секогаш темелно да ги мијат рацете по користење на тоалет и пред јадење.