Масло од семки од грејпфрут

  • Го зајакнува имунитетот

  • Најмоќен природен антибиотик

  • 100% отстранува кандида

  • Ефикасно ги согорува масните наслаги и целулитот

Купи веднаш

Природна алтернатива за Вашето здравје

Купи веднаш

Производите побарајте ги во аптеките на Еурофарм и останатите Продажни Места, или пак купете ги преку интернет www.hipermarket.mk

Својства на маслото од семки од грејпфрут

Маслото од семки од грејпфрут е најмоќниот природен антибиотик кој докажано уништува широк спектар на грам-позитивни и грам-негативни микроорганизми (преку 900 познати видови на вирусни, бактериски, паразитни и габични инфекции), вклучувајќи: Shigella,  Staphylococcus,  Pseudomonas Aeruginosa, Giardia Lamblia, Streptococcus Pneumonia,  Haemophilus Influenzae,  Mycobacterium Species, Campylobacter, Candida Albicans,  Escherichia Coli,  Salmonella, Klebsiella, Proteus,  Vibio Cholerae, Chlamydia Trachomatis ,  Trichomonas Vaginalis, Legionella Pneumophila,  Helicobacter Pylori,  Herpes Simplex 1, Influenza A2.
Најважната состојка на маслото од семки од грејпфрут се биофлавоноидите, кои директно делуваат на зајакнување и поддршка на имунолошкиот систем на организамот. Исто така, содржи голем број на други материи кои влијаат на човековот здравје, вклучувајќи стероли, токофероли, лимонска киселина и минерали. Ова масло е одличен извор на витамин Ц, калиум и пектин, и од тие причини има моќни антиоксидативни ефекти врз организмот во целост.
Маслото од семки од грејпфрут се добива со метод на ладна екстракција  од семките и пулпата на грејпфрутот (Citrus Paradisi) и претставува соединение богато со антиоксиданси, кое може да се користи за лекување на различни состојби. Ова масло, со својата пријатна арома и вкус, е познат природен имунолошки засилувач што поддржува и различни метаболички функции. Првата документирана медицинска употреба на маслото од семки од гејпрфут се среќава уште во далечната 1972 година, и оттогаш па се до денес се зголемува неговата популарност како корисна состојка за човековото здравје.

Дозирање и начин на употреба

Маслото од семки од грејпфрут е безбедно за користење кај деца со наполнета една година старост и возрасни. Задолжително се користи разредено во течност.

 Дозирање за јакнење и одржување на имунитет:

– Кај деца од една до две години, два пати на ден по две капки, растворени во 40 до 60ml. течност.
– Кај деца од две до седум години, два пати на ден по три капки, растворени во 50 до 100 ml. течност.
– Кај деца од седум до дванаесет години, еднаш дневно по пет капки, растворени во 50 до 100 ml. течност.
– Кај деца постари од дванаесет години и возрасни, два пати на ден по пет капки, растворени во 50 до 100 ml. течност.

 Дозирање за третирање на одредени инфекции (освен кандида кај возрасни, за кое има посебна терапија):

– Кај деца од една до две години, три пати на ден по три капки, растворени во 50 до 100ml. течност.
– Кај деца од две до седум години, три пати на ден по четири капки, растворени во 50 до 100 ml. течност.
– Кај деца од седум до дванаесет години, три пати на ден по пет капки, растворени во 50 до 100 ml. течност.
– Кај деца постари од дванаесет години и возрасни, три пати на ден по осум капки, растворени во 50 до 100 ml. течност.

Маслото од семки од грејпфрут може да се користи по потреба и без ограничување на периодот на користење. Најдобри резултати се добиваат при негово континуирано користење.

Напомена:

Сите информации околу својствата, индикациите и начинот на употреба на маслото од семки од грејпфрут се засноваат на стручната литература и на светски интернет страници посветени на лековити билки и здрав живот. Содржините се од информативен карактер и не се наменети за дијагностицирање или лекување. Одлуката да се користи маслото од семки од грејпфрут е одговорност на читателот.

Мерки на претпазливост:

Да не се употребува неразредено. Да не се користи кај деца помали од 1 годинa без консултација со лекар, заради можност од алергичност на некоја од состојките. Да не се користи од страна на лица алергични на цитрусни овошја. Да не се користи после рокот на употреба и после 6 месеци од отвoрањето.

Маслото од  семки од грејпфрут помага при детоксикација на организмот и подобрување на функциите на имуниот систем. Ја подобрува ресорпцијата и искористувањето на витамините во организмот, ги неутрализира слободните радикали и на тој начин делува антиоксидативно. Ова масло е ефикасно во заштитата на организамот од штетите што ги предизвикуваат оксидантите, како стареење, дегенрација на клетките и мускулите, губење на видот и слухот, ментално и физичко забавување, нервни растројства итн. Маслото од семки од грејпфрут е познато по тоа што го става имунитот во “петта брзина“ и затоа во Америка го нарекуваат  “вакцина за имунитет“.
Исто така помага да се подигне нивото на pH на крвта и на тој начин го алкализира организмот, што е од особена важност при болести предизвикани од микроорганизми како што се вируси и бактерии, кои не можат да преживеат во алкална средина. Голем број на дегенеративни болести кај човекот се поврзани со киселото pH ниво.
За подобрување на имунитетот се земаат 3-5 капки масло од семки од грејпфрут 3 пати на ден, растворени во вода, сок или чај.

Поради активните супстанци што ги содржи маслото од семки од грејпфрут, како што се флавоноидите и полифенолите, тоа делува бактерицидно и бактериостатски на повеќе од 800 видови на бактерии, 100 видови на габи и голем број на вируси.
Активните состојки на маслото од семки од грејпфрут делуваат на бактериите така што ја уништуваат нивната клеточна мембрана (бактерицидно дејство), а кај одредени бактерии го намалуваат нивното размножување (бактериостатски).
Маслото од семки од грејпфрут докажано делува ефикасно при воспаленија на мочниот меур и уринарните патишта предизвикани од бактеријата Escherichia Coli, посебно при случаи на резистентност на конвенционални антибиотици.
Препорачаната доза кај бактериските инфекции е 10 капки масло растворени во 200-300мл. вода, сок или чај, два пати дневно.

Маслото од семки од грејпфрут содржи голем број на витамини кои влијаат на значително подобрување на општата здравствена состојба, а исто така помагаат при третман на кандида. Маслото од семки од грејпфрут го подобрува имунолошкиот систем и помага да се регенерираат клетките на црниот дроб кои можат да бидат оштетени заради ослободување на токсини при уништувањето на кандидата. Во голем број на научни студии се потврдува ефикасноста на маслото од семки од грејпфрут против разни габи и мувли (Candida, Geotrichum, Aspergillus и PeniciIlium sp.). Антифунгалните својства на маслото од семки од грејпфрут овозможуваат отстранување на кандидата со убивање на габичните клетки кои се наоѓаат во цревата.

Кај системска и цревна кандидијаза неопходно е да се зема од маслото од семки од грејпфрут најмалку 4 недели, со тоа што се започнува со 5 капки масло по 3 пати на ден растворено во 200мл. вода. Оваа доза се зголемува секој ден по 1 капка се до 10 капки масло 3 пати на ден. Во текот на третманот задолжително се конзумираат по најмалку 8 чаши вода дневно, што ќе помогне да се исчистат токсините од организмот, кои ги создаваат мртвите клетки на кандидата.

Вагиналната кандидијаза е вообичаено заболување кај жените во репродуктивниот период, кое може да се јави и во текот на бременоста, кај лица со шеќерна болест или после земање на антибиотици. Најчест причинител за вагиналната кандидијаза е Candida albicans (85-90%) и за третирање на оваа габична инфекција потребно е да се направи раствор од 10 капки масло од семки од грејпфрут  во 200 мл. вода или физиолошки раствор, со кој 3 пати дневно во период од најмалку 7 дена ќе се промива вагината.

Кај кандидијаза на усната шуплина најдобро е да се растворат 10  капки масло од семки од грејпфрут во 200мл. вода или незасладен чај,  20 секунди да се прави гаргара и потоа да се исплука. Постапката да се повторува дури не се потроши растворот, до 3 пати дневно, се дури постојат тегоби.

За третирање на инфекции во усната шуплина и воспаленија на гингивите, потребно е да се направи раствор од 10 капки масло од семки од грејпфрут во 200мл. чај од камилица или жалфија и да се плакне устата после секое миење на забите.
Маслото од семки од грејпфрут може да се користи и за дезинфекција на протези, кои се идеална подлога за развој на бактерии и габи. Дезинфекцијата може да се направи со директно чистење на протезите со четка на која се капнуваат 2-3 капки масло, или со потопување на протезата во времетраење од 20 минути во раствор  од 200 мл. вода и  5 капки од масло од семки од грејпфрут. Маслото од семки од грејпфрут ги уништува сите бактерии и габи.

Маслото од семки од грејпфрут е ефикасно средство за разградување на масните наслаги и целулитот.  Токсините кои се задржуваат во телото и задржувањето на течностите во организамот создаваат целулит во масните клетки. Кога токсините не се чистат од телото, тие се акумулираат во клетките. Ова масло делува како диуретик и ги подобрува функциите на лимфниот систем, кој е важен дел за отстранување на токсините во телото. Помага за отстранување на вишокот на масни наслаги и на слободните радикали кои го создаваат целулитот. Се земаат 3 до 5 капки масло од семки од грејпфрут 3 пати на ден, растворени во вода, сок или чај. Исто така може  1 до 2 капки масло од семки од грејпфрут да се размешаат со кокосово масло и со кружни движења да се масираат деловите од телото со целулит секоја вечер.

Својствата на маслото од семки од грејпфрут како диуретик придонесуваат со негово користење да се исфрлат вишокот на течности од организмот, вишокот на масти, уринарната киселина и други токсини, што влијае на намалување на крвниот притисок и одржување на здрвјето на срцето.

Купи веднаш

Природна алтернатива за Вашето здравје

Купи веднаш

Производите побарајте ги во аптеките на Еурофарм и останатите Продажни Места, или пак купете ги преку интернет www.hipermarket.mk