Парадентозата (парадонтитис) е бактериска инфекција која ги оштетува непцата и коските кои ги држат забите во устатa. Статистиката покажува дека 6 од 10 лица имаат проблеми со оваа болест и е една од најчестите причини за губењето на забите кај повозрасните луѓе.

Главна причина за парадентозата се големиот број бактерии кои живеат во нашата усна шуплина и кои се размножуваат заради лоша хигиена и создавање на наслаги на забите – плак, и забен камен. Бактериите од плакот продираат во пародонтното ткиво предизвикувајќи воспаление. Плакот минерализира и настанува забен камен кој повеќе не може да се отстрани само со четкање на забите.

Парадентозата може да настане поради повеќе фактори: пушење, хормонско пореметување, стрес, наследни фактори, итн. Токсичните состојки на тутунот предизвикуваат намален имунитет, недостаток на плунка, намалена прокрвеност во ткивата на усната шуплина. Одредени болести (дијабетес), имуносупресивна терапија, зрачење и бременост, доведуваат до дисбаланс на хормоните кои доведуваат до развој на парадонтитис.

Симптоми на парадентоза

Еден од првите знаци на парадентоза е повремено крварење на непцата при миење на забите како и често воспаление на непцата. Посебно треба да се внимава на следните симптоми: осетливи, oтечени и воспалени непца, често крварење на непцата, како и непријатен мирис и вкус во устата. Доколку не се лечи, воспалението се шири и може да дојде до губење на забите.

Формирањето на парадентозни џепови (простор помеѓу воспалените непца и коренот на забите) е најважен знак на парадентоза. Хронично воспаление во џебовите на непцата доведува до оштетување на мекото ткиво и настанување на мали рани, а бактериите преку нив лесно стигнуваат до крвта. Покрај тоа што ја нарушува естетиката, парадентозата може да загрози и други органи, па дури да доведе и до разни заболувања.

Понекогаш парадентозата не мора да биде поврзана со крварење на непцата, црвенило и оток. Често се манифестира со благи и прикриени симптоми па така повеќето луѓе не се ни свесни дека ја имаат се додека не биде предоцна.

Лекување на парадентозата

Добра орална хигиена и редовно посетување на стоматолог се главните мерки кои се препорачуваат за превенција и третирање на парадентозата. Редовно чистење на забниот камен и отстранување на плакот влијаат за намалување на воспалението. Важно е да се воспостават услови за одржување на орална хигиена и да се отстранат местата недостапни за чистење.

Покрај редовна контрола и чистење на забниот камен се препорачува користење на антисептички препарати за плакнење на усната шуплина, интрадентални четкички за чистење на тешко достапните места. Конвенционалните начини на лекување на парадентозата предвидуваат дури и користење на антибиотици, во акутно болни состојби, со цел да се спречи губење на забите.

Масло од семки од грејпрфрут – природно средство за спречување и третирање на парадентоза

Маслото од семки од грејпфрут е најмоќниот природен антибиотик и антиоксиданс, чија основна состојка биофлавоноид делува антивирусно, антибактериски, антигфунгално и антипаразитски и го зајакнува имунитетот. Ова масло делува бактерицидно и бактериостатски на повеќе од 800 видови на бактерии, 100 видови на габи и голем број на вируси. Активните состојки на маслото од семки од грејпфрут делуваат на бактериите така што ја уништуваат нивната клеточна мембрана и го спречуваат нивното размножување.

Исто така, содржи голем број на други материи кои влијаат на човековот здравје, вклучувајќи стероли, токофероли, лимонска киселина и минерали. Ова масло е одличен извор на витамин Ц, калиум и пектин, и од тие причини има моќни антиоксидативни ефекти врз организмот во целост.
Маслото од семки од грејпфрут се добива со метод на ладна екстракција  од семките и пулпата на грејпфрутот (Citrus Paradisi) и претставува соединение богато со антиоксиданси, кое може да се користи за лекување на различни состојби. Ова масло, со својата пријатна арома и вкус, е познат природен имунолошки засилувач што поддржува и различни метаболички функции.

За третирање на парадентоза, инфекции во усната шуплина (афти) и воспаленија на гингивите, потребно е да се направи раствор од 10 капки масло од семки од грејпфрут во 200мл. чај од камилица или жалфија и да се плакне устата после секое миење на забите. На тој начин маслото ќе продре и до најтешко достапните места во усната шуплина и благодарение на своето исклучително антибактериско својство ќе ги уништи бактериите кои се главниот виновник за парадентозата. Дополнително, витаминот Ц го смирува воспаленито и ја зајакнува гингивата.

Маслото од семки од грејпфрут е потврдено најдобар природен антибиотик и природен лек против инфекции, вклучувајќи ги и инфекциите и воспаленијата на непцата и усната шуплина.

grejpfrut svojstva