“Ракот е последица на хронично пореметување на организмот кое настанува доколку во исхраната недостига една витална состојка„ – смета Д-р Ernst T. Krebs. Тргнувајќи од оваа претпоставка американскиот биохемичар E. Krebs на почетокот на 50-те години од минатиот век успеа да изолира хемиска состојка која се покажа како ефикасен уништувач на клетките на ракот. Станува збор за витаминот Б17 (Amygdalin или Leatrile).
Според Д-р.Ernst Krebs, потребно е внесување од најмалку 100мг од витаминот Б17 на дневна основа, со цел заштита на организамот од рак. Витаминот Б17 може да се внесе преку конзумирање на одредени видови на продукти. Во продложение се наведени типови на храна кои ја содржат оваа состојка:
- Семки од овошје: семки од кајсија, цреша, јаболка, праска, нектарини, слива, круша, грозје;
- Јаткасти плодови: австралиски орев (мacadamia), горчлив бадем, индиски орев;
- Шумски овошја: капина, малина, брусница, јагода;
- Семиња: ленено семе, чиа, сусам;
- Зрнеста храна: црвен грав, леќа, мешунки.
Според бројни студии објавени од страна на голем број независни биолози и медицински стручни лица, семките од дивата кајсија се најдобар извор на витаминот Б17, односно најголема концентрација на витаминот Б17 има во овие семки. Интересен е податокот дека врз основа на опсежни истражувања констатирано е дека одредени изолирани заедници во различни делови од светот, а кои јадат храна богата со витаминот Б17, никогаш не заболуваат од рак. Такви се примерите со Ескимите, Хунзите, народот на Абхазија итн.
Како делува витаминот Б17?
Научниците докажале дека човековото тело постојано произведува канцерогени клетки. Канцерогените клетки, во нормални услови кога организмот е здрав, имунолошкиот систем ги уништува. Меѓутоа, во случај на голем стрес, во состојба на исцрпеност и систематско изложување на канцерогени елементи, размножувањето на клетките на ракот е премногу динамично за да може имунолошкиот систем да ги разгради. Во овие случаеви, витаминот Б17 застанува на страна на имунолошкиот систем и ги напаѓа директно канцерогените клетки.
Витаминот Б17 се состои од 1 молекул бензалдехид, 1 молекул хидроцијанид и 2 молекули гликоза. Бензалдехидот и цијанидот се отровни елементи, меѓутоа во соединение со молекулите на гликоза во витаминот тие стануваат инертни и немаат токсично делување.
За да се ослободат бензалдехидот и цијанидот од витаминот Б17 потребно е да дојдат во контакт со специфичен ензим betaglucosidase. Овој ензим е присутен секаде во човечкиот организам, но во најголем обем го има во клетките на рак (до 3000 пати повеќе). Принципот на делување е многу едноставен: за да растат клетките на ракот имаат потреба од голема количина на енергија, односно гликоза. При внесување на витамин Б17, клетките на ракот ги абсорбираат молекулите на гликоза од витаминот Б17, а со ензимот betaglucosidase ги ослободуваат бензалдехидот и цијанидот, со што ја предизвикуваат сопствената смрт. Како резултат на големата концентрација на ензимот betaglucosidase, витаминот Б17 е исклучително смртоносен за клетките на ракот, додека за останатите здрави клетки не е воопшто штетен. Принципот на функционирање на витаминот Б17 потсетува на тројански коњ: клетките на ракот се полакомуваат по шеќерот, а кога ќе го абсорбираат стануваат уништени. Со цел да биде ефикасно дејството на витаминот Б17, неопходно е во текот на терапијата со витаминот Б17 да се намали внесувањето на други видови шеќер во организамот.
Во периодот од 1972 до 1977 година, е направена пет-годишна студија за влијанието на витаминот Б17, односно неговата активна состојка Amygdaline, при спречување на настанување на тумори и разградување на канцерогени клетки, во најнапредниот центар за истражување на ракот во светот, „Memorial Sloan-Kettering Cancer Centar“. Човекот кој го предводел тимот на истражувачи е д-р Kanematsu Sugiura, еден од најценетите истражувач во областа на карциномот во светот, познат по својот професионален углед со над 60 години искуство во областа на истражувањето на ракот. По завршувањето на истражувањето во 1977 година, на прес конференција одржана по тој повод, д-р Sugiura изјавил дека истражувањето покажало видни резултати при спречувањето на настанување на тумори и лекувањето на канцерогените клетки.
Терапијата со витаминот Б17 е одобрена од страна на многу врвни онколози, вклучувајќи ја и болницата за алтернативно лекување на рак „Oasis of Hope“ во Тихуана – Мексико, каде што успешно се третирани над 100.000 пациенти.
Како поткрепа на делувањето на витаминот Б17, кој во најголема концентрација е застапен во семките од дива кајсија, е и здравствената состојба на народот кој живее на Хималаите. Кај овој народ, речиси и да не е приметено до сега дека некој човек се разболел од карцином, меланом или рак. Во нивната секојдневна исхрана, кајсијата е најмногу застапена како храна, а од семките на кајсијата прават масло кое го употребуваат буквално секој ден и орално и преку надворешна употреба. Според G.Edward Griffin во книгата „Светот без рак“ тие дневно конзумираат помеѓу 50 и 75 мг. витамин Б17 секој ден, а луѓето од цивилизираниот свет вообичаено овој витамин во толкава количина во организмот го внесуваат за период од една година.
Масло од семки од дива кајсија – најголем извор на витамин Б17
Маслото од семки од дива кајсија, всушност е екстракт на целата содржина на семките и тоа се добива по природен пат, преку ладно цедење односно пресирање. Ова е причината зошто многу пациенти пијат природно масло од дива кајсија, кое е богато со витаминот Б17, за превенција и лекување на канцерогени заболувања. Маслото од семки од дива кајсија е моќен природен антиоксиданс, кој ги уништува слободните радикали во човечкиот организам. Освен како превенција од тумори, ова масло се употребува и против симптомите на астма и силна кашлица – за разредување на бронхијалните спазми, а со антивоспалителните својства кои ги има, можат да се третираат сериозни кожни болести, како што се егземи, дерматитис и акни. Честа е неговата употреба и како лаксатив при проблеми со опстипација и мрзливи црева. Ова масло се користи и за хранење на сува и повозрасна кожа, го спречува губењето на косата и ги јакне нејзините фоликули. Совршено се апсорбира во кожата и не остава масни траги, и не предизвикува никакви алергиски реакции дури и на најчувствителната кожа.
Честопати здравствените проблеми не тераат да бараме природна алтернатива за нашето здравје. Некогаш со чудење откриваме дека најдобрите начини се и наједноставни. Лекувањето на било која болест е процес кој, пред се, подразбира промени на навиките во исхраната и земање одредени додатоци во исхраната кои најчесто се дефицитарни во организмот и делуваат на причинителот на таа болест.