Ова писмо ни го испрати човек кој има лично искуство со користење на маслото од диво оригано на Херба Натура. Се работи за лично сведочење, за кое сметаме дека треба да биде достапно до сите, поради што одлучивме да го објавиме интегрално, како што ни е испратено.

МОЕТО ЛИЧНО ИСКУСТВО СО МАСЛОТО ОД ДИВО ОРИГАНО

Почитувани Херба Натура,

Сакам со Вас да го споделам моето искуство со среќен крај, поврзано со маслото од диво оригано на Херба Натура.

Имено, во 2017 година мој прв братучед имаше симптоми на инфекција, за која изворот и причината не ја најдоа во три болници во Македонија. Крвната слика му беше одлична, ехото на сите органи исто така уредно, а за цел тој период имаше покачена телесна температура од 39,5Сᵒ. Испитувањата, но и таквата состојбата, траеа цела година. Јас го посетив во јуни 2017 година, додека беше сместен во една од клиниките, без заштитна маска и без ракавици на мене, што подоцна се испостави дека ми беше најголема грешка. За два до три дена од посетата, добив симптоми на инфекција, изразени преку суво грло, но многу суво. На четвртиот ден, се разбудив со отечени жлезди зад ушите, под вилицата и сериозни отоци и црвенило во грлото. Отидов кај матичнот лекар, кој констатираше дека ова се симптоми на бактериска инфекција стрептокока. Веднаш ми препиша антибиотик. Како речиси секој друг пациент, веднаш почнав со терапија, но антибиотикот немаше никаков резултат. После 10 дена, бидејќи бактеријата не се повлекуваше, матичниот лекар ми препиша посилен антибиотик од претходниот, но и од тој антибиотик немаше никаков резултат. За цело време имав неподносливи болки. Не можев ниту да голтам, ниту да јадам. Не сакав да бидам хоспитализиран во болница, поради претходното лошо искуство со мојот братучед, а воедно бев убеден дека останувањето во болница ќе се сведе повторно на третман со нови дози на антибиотици.

После речиси четири месеци со проблеми, го купив маслото од диво оригано (во аптека на Еурофарм ми го понудија токму маслото од диво оригано на Херба Натура). Уште при првото пиење, разредено во маслиново масло, веднаш ми се смирија црвенилото и болката во грлото. После три недели направив брис во една од приватните лаборатории, од кој се испостави дека имам мутирана форма на бактеријата стрептокока, резистентна на сите видови синтетички антибиотици. Откако завршив со терапијата со маслото од диво оригано (два пати по 15 дена, со 10 дена пауза), направив нов брис, кој се покажа негативен. Оваа мутирана стрептокока повеќе ја немаше. За жал, кога ми паѓа имунитет бактеријата се појавува повторно. Но, јас веднаш почнувам со користење на маслото од диво оригано и така ја елиминирам уште во рана фаза.

Од друга страна, сакам да Ви кажам и дека откако го користам маслото од диво оригано, го поминувам периодот на грипови, без да се разболам. Цели три години јас немам фатено грип.

Уште едно искуство кое сакам да го споделам со Вас е тоа дека, пред еден месец бев во контакт со вирулентно лице од свински грип и тоа три дена, по 2 до 3 часа дневно. Болниот буквално ми дишаше во лице. А за тој период поради воспалено непце, го пиев маслото од диво оригано и ете, ме заштитило од свинскиот грип.

Во однос на мојот братучед, го натерав да го купи Вашето масло од диво оригано и, верувале или не, иако не се знаеше изворот на инфекцијата, човекот за 30 дена целосно се регенерира. Ја снема температурата, плус го детоксифицира црниот дроб од антибиотиците.

Сево ова го пишувам бидејќи сум цврсто убеден дека маслото од диво оригано делува и против овој нов фамозен лабораториски вирус. Дури имам прочитано неколку научни студии спроведени во САД, чии истражувања покажуваат дека маслото од диво оригано го елиминира САРС вирусот дури 98%, а вирусот познат како Свински грип (АH1-N1) го уништува во целост, односно има 100% ефикасност. На овој линк можете да видите студија од 2003 година, направена исто така во САД, која докажува дека маслото од диво оригано го уништува човечкиот корона вирус (HCoV) http://static.shop033.com/resources/8B/13707/Other/humancoronavirus.pdf

Јас знам дека на големите корпорации не им одговора една обична планинска билка да има лековити својства, но се чувствувам за должен да го споделам моето искуство, а со тоа можеби да помогнам на некого кој има таков здравствен проблем.

Од аспект на моќта на оваа билка, слободно можам да кажам дека кога излечив супер-бактерија за месец дена, овој вирус верувам дека е детска играчка. За мене лично, друг лековит производ во животот, освен маслото од диво оригано, повеќе не постои. Болки во желудник, болки во стомак, замор, омалаксаност, регулација на притисок, главоболка, забоболка, болки во синуси, затнат нос, болка во грло, затнати уши, претераност со цигари, алкохол и нездрава храна, СЕ ШТО НАВЕДОВ ГО РЕШАВАМ СО ОВАА МОЌНА БИЛКА.

За мене МАСЛОТО ОД ДИВО ОРИГАНО Е РЕЦЕПТ ЗА ДОЛГ ЖИВОТ.

Ви благодарам од срце.

Р.М. од Скопје