CitroSeptol Plus – спреј за грло и уста со масло од семки од грејпфрут и еукалиптус

CitroSeptolPlus
  • Помага при воспаление на грлото и го олеснува дишењето

  • Отсранува кандида во усната шуплина

  • Помага при парадентоза, гингивитис и афти

  • Го освежува здивот

Купи веднаш

Природна алтернатива за Вашето здравје

Купи веднаш

Производите побарајте ги во аптеките на Еурофарм и останатите Продажни Места, или пак купете ги преку интернет www.hipermarket.mk

Овој спреј се користи за помагање во многу различни здравствени состојби, поврзани со устата и грлото. CitroЅeptol спрејот е корисен при воспаление или инфекција на грлото и крајниците, кандида во усната шуплина, афти, како и воспаление на непцата, парадентоза и гингивитис. Особено е корисен за третирање на бактериски инфекции, предизвикани од бактериите стрептокока или стафилокока. При состојба на суво и надразнето грло, им помага на децата кои повеќето од времето го поминуваат во затворен простор или простор со централно греење или клима уред, како што е градинка или училиште, при што ја навлажнува слузокожата на грлото.

Зошто CitroSeptol е подобар од останатите спрејови

Синтетичките спрејови и спрејовите со медикаменти, содржат состојки кои ја собираат слузницата во усната шуплина, при што создаваат ефект на широко отворено грло и полесно дишење. Иако ова може да претставува привидно олеснување за оној кој ги користи, тоа всушност го доведува корисникот во циклус на зависност од овие спрејови. Оваа зависност се создава поради привидното навлажнувачко дејство на овие спрејови.

Спрејот CitroSeptol Plus е направен од исклучиво природни состојки, без синтетички додатоци и медикаменти. Состојките од кои е направен спрејот, не предизвикуваат состојба на зависност од неговото користење. Toj делува навлажнувачки на слузокожата на грлото и ги плакне иритантите, создавајќи заштитна бариера против разни инфекции. Истовремено, доколку се користи локално за третирање на одредена бактериска или вирусна инфекција од која се зафатени устата и грлото, овој спреј благодарение на својствата на маслото од семки од грејпфрут, ќе ги уништи насобраните инфициенси, со што нема да дозволи истите да се развијат во поголема количина и да го нападнат организмот. Својствата на маслото од еукалиптус го прави овој спреј да биде силен антисептик, а истовремено го олеснува дишењето и го освежува здивот. CitroSeptol Plus спрејот е безбеден за долготрајна употреба, без да има потреба да се прават прекини во неговото користење.

Дозирање и начин на употреба

CitroSeptol Plus спрејот е произведен од исклучиво природни состојки. Не содржи хемиски додатоци, стабилизатори или било какви синтетички медикаменти, ниту пак некоја од состојките кои се чести предизвикувачи на алергии.

Безбеден е за користење кај деца со наполнета 6 години  и возрасни.

  • Кај инфекции на грлото спрејот се аплицира 1 до 3 пати во задниот дел на грлото, од еднаш до неколку  пати на ден, по потреба и тоа:
    • Кај деца од шест до дванаесет години, една до две апликации до четири пати на ден.
    • Кај деца постари од дванаесет години и возрасни, две до три апликации до осум пати на ден.
  • Кај инфекции и воспаленија во усната шуплина спрејот се аплицира директно на непцата и гингивите по неколку пати на ден по потреба.

 Состав: изотоничен раствор (0,9% NaCl), масло од семки од грејпфрут, еукалиптус, растителен глицерин

Пакување: 30ml во стаклено шише со хоризонтален распрскувач (~200 апликации)

Начин и место на издавање: Се издава без лекарски рецепт во аптеки и на други продажни места.

Рок на употреба: Втиснат на амбалажата.

Начин на чување: Да се чува на температура до 25 ºC недостапно за деца.

Мерки на претпазливост

Да не се прска во очи.

Да не се користи кај деца помали од 6 години без консултација со лекар, заради можност од алергичност на некоја од состојките.

Еден апликатор треба да се користи само од едно лице. Користењето на еден апликатор од страна на повеќе лица може да предизвика ширење на инфекцијата.

Да не се користи после рокот на употреба и после 6 месеци од отвoрањето.

Купи веднаш

Природна алтернатива за Вашето здравје

Купи веднаш

Производите побарајте ги во аптеките на Еурофарм и останатите Продажни Места, или пак купете ги преку интернет www.hipermarket.mk