CitroNasal – спреј за нос со масло од семки од грејпфрут
-
Го олеснува дишењето
-
Го разредува секретот
-
Делува антибактериски и антивирусно
Природна алтернатива за Вашето здравје
Купи веднашПроизводите побарајте ги во аптеките на Еурофарм и останатите Продажни Места, или пак купете ги преку интернет www.hipermarket.mk
Останати производи
Овој спреј се користи за помагање во многу различни здравствени состојби, поврзани со носните патишта. Во текот на сезоната на алергии, помага за навлажнување на носните шуплини и ги чисти од прашина, нечистотија, полен, и други алергени. CitroNasal спрејот за нос е корисен и при воспаление или инфекција на синусите, како и при состојба на синузитис. Исто така, им помага на сите кои повеќето од времето го поминуваат во затворен простор или простор со централно греење или клима уред, како што е градинка, училиште, канцеларија, стан итн. Особено важно е овој спреј да се користат кај децата кога ќе се вратат од градинка, каде поради поголемиот број на деца и размената на вируси и бактерии е континуирана и во голем обем. Со плакнењето на носните шуплини со овие спрејови, во голема мера ќе се намали можноста отровните честички од загадениот воздух да се наталожат, односно вирусите и бактериите да се размножуваат, со што му се овозможува на организмот да остане здрав.
Зошто CitroNasal е подобар од останатите спрејови
Синтетичките спрејови и спрејовите со медикаменти, содржат состојки кои ја собираат слузницата во носната шуплина, при што создаваат ефект на широкоотворени носни шуплини и полесно дишење. Иако ова може да претставува привидно олеснување за оној кој го користи, тоа всушност го доведува корисникот во циклус на зависност од овие спрејови. Корисникот е навикнат да дише со невообичаено широко отворени носни шуплини, а потоа, кога на лекот ќе му помине дејството, отвореноста на носните шуплини се намалува и се враќаат во нормала положба. Ова намалувањето се чувствува како носот да е затнат повторно, така што корисникот има потреба да ре-администрира спреј кој содржи лек, со што повторно ги отвора носните шуплини во позиција која е далеку од нивната нормална отвореност. Спрејот за нос CitroNasal е направен од исклучиво природни состојки, без синтетички додатоци и медикаменти. Состојките од кои е направен спрејот, не предизвикуваат состојба на зависност од неговото користење. CitroNasal спрејот за нос делува навлажнувачки на слузокожата на носните шуплини и ги плакне иритантите од нив, создавајќи заштитна бариера против разни инфекции. Истовремено, доколку се користи локално за третирање на одредена бактериска или вирусна инфекција од која се зафатени носните шуплини, овој спреј благодарение на својствата на маслото од семки од грејпфрут, ќе ги уништи насобраните инфициенси, со што нема да дозволи истите да се развијат во поголема количина и да го нападнат организмот. CitroNasal спрејот е безбедна за долготрајна употреба, без да има потреба да се прават прекини во неговото користење.
Дозирање и начин на употреба
CitroNasal спрејот за нос е произведен од исклучиво природни состојки. Не содржи хемиски додатоци, конзерванси или било какви синтетички медикаменти, ниту пак некоја од состојките кои се чести предизвикувачи на алергии.
Безбеден е за користење кај деца со наполнета една година старост и возрасни. Дозирањето е различно во зависност од возраста:
- Кај деца од една до три години, една до две апликации во секоја ноздра од три до пет пати на ден.
- Кај деца од три до шест години, две до три апликации во секоја ноздра од четири до шест пати на ден.
- Кај деца од шест до дванаесет години, две до три апликации во секоја ноздра до осум пати на ден.
- Кај деца постари од дванаесет години и возрасни, три до четири апликации во секоја ноздра до осум пати на ден.
Состав:
изотоничен раствор (0,9% NaCl), масло од семки од грејпфрут, растителен глицерин
Природна алтернатива за Вашето здравје
Купи веднашПроизводите побарајте ги во аптеките на Еурофарм и останатите Продажни Места, или пак купете ги преку интернет www.hipermarket.mk