Стомачните вируси се најизразени во текот на летниот период

Стомачен вирус или гастроентеритис е заболување кое најчесто се појавува кај помладата популација, во текот на целата година, а особено кон крајот на пролетта и во текот на летото. Со зголемувањето на температурите расте бројот на стомачни инфекции предизвикани од различни типови на вируси и бактерии.

Гастроентеритис е медицинска состојба која се карактеризира со воспаление на гастроинтестиналниот тракт, кој ги вклучува стомакот и тенкото црево. Тој се нарекува и „стомачен грип“, иако не е поврзан со грипот. За сериозноста на ова заболување упатува и големиот број на регистрирани лица со симптоми на стомачен вирус во текот на една летна сезона (над 20.000 во Република Македонија).

Најчести симптоми на стомачниот вирус се повраќање и дијареа. Кај некои лица се појавува  само дијареа, без повраќање. Фазата на повраќање обично трае само 1 – 3 дена, додека дијареата може да продолжи и 1 до 2 недели. Исто така, може да се појави главоболка, треска и абдоминална болка. Во многу ретки случаи стомачните вируси може да предизвикаат и компликации, особено кај лицата со намален имунитет, како што се мозочни и срцеви заболувања, воспаление на бели дробови итн.

Стомачниот вирус најчесто се шири при контакт со заболено лице, или индиректно преку загадена вода, храна и предмет. Ова особено е изразено во текот на летните одмори, каде што вирусите и бактериите имаат идеални услови за размножување (топло време, топло море, плажи со многу луѓе).

Вирусниот гастроентеритис обично се дијагностицира врз основа на симптомите. Дополнително, може да се направи лабараториски тест на столицата за да се утврди типот на вирусот од кој е предизвикан гастроентеритисот.

Кој е предизвикувач на стомачниот вирус?

 Голем број на вируси можат да предизвикаат стомачен вирус или вирусен гастроентеритис, како што се ротавирусот, аденовирусот, астровирусот, норовирус, итн.

Ротавирусот е најчеста причина за гастроентеритис кај децата и предизвикува ист степен на заболувања и во развиените и во земјите во развој. Вирусите предизвикуваат околу 70% од случаите на инфективна дијареа во педијатријата. Ротавирусот е помалку чест причинител кај возрасните поради стекнатиот имунитет. Периодот на инкубација е околу 48 часа и децата обично имаат поизразени симптоми во споредба со стомачните инфекции предизвикани од други типови на гастроентеритис вируси. Ротавирусот е исклучително заразен.

Аденовирусот е друг тип на вирус што предизвикува гастроентеритис кај децата и возрасните. Постојат повеќе видови на аденовируси, а само два од нив се причина за гастроентеритис: тип 40 и тип 41. Периодот на инкубација трае околу 1 недела. Аденовирусите можат да бидат сериозно заболување, од причина што дијареата може да трае и до 2 недели.

Астровирусот најчесто предизвикува гастроентеритис кај децата, а со послаби симптоми и кај возрасните. Периодот на инкубација вообичаено е од 1-5 дена. Постојат седум видови на астровируси, а на возраст од 5-10 години 75% од децата имаат антитела од најмалку еден вид од овој вирус.

Ентеровирусите се голема фамилија на вируси кои предизвикуваат различни болести, а некои од нив се причинители на гастроентеритис. Тие се значително застапени, и голем број на луѓе, инфицирани со овие вируси,  не покажуваат никакви симптоми. Меѓутоа децата и бебињата можат значително да се разболат. Првите симптоми на болеста се температура и повраќање, а еден ден покасно се појавува дијареа и абдоминална болка. Неколку денови подоцна се јавува кашлица, воспалено грло и течење на носот.

Покрај вирусите, како причинител на гастроентеритис може да бидат и бактерии. Кај децата, бактериите се причина за околу 15% од случаите на гастроентеритис. Најчести видови на бактерии предизвикувачи на гастроентеритис се: ешерихија коли (Escherichia Coli), салмонела (Salmonella), шигела (Shigella), кампилобактер (Campylobacter). Доколку храната е контаминирана со бактерии и е оставена на собна температура неколку часа, бактериите ќе се размножат и ризикот од инфекција се зголемува за оние што ќе ја консумираат храната.  Некои прехранбени производи што обично се поврзани со оваа болест се сирово или недопечено месо, пилешко, морска храна и јајца, сирови никулци, непастеризирано млеко и младо сирење, овошје и зеленчук, сокови од овошје и зеленчук. Обично т.н. “патничка дијареа“ е вид на бактериски гастроентеритис, што се пренесува преку контаминирана вода или храна.

Превенција и третирање на стомачен вирус

За заштита и превенција од стомачни вируси се препорачува: избегнување контакт со заболено лице; одржување лична хигиена; редовно и почесто миење раце со сапун и топла вода; користење на средства за дезинфекција на рацете; избегнување допирање на очи, нос и уста со неизмиени раце; темелно миење на овошјето и зеленчукот пред конзумирање и термичка обработка на месото; чистење и дезинфекција на површини, а особено на детските играчки; користење на флаширана вода и избегнување на користење на коцки мраз при конзумирање на течности.

Особено важно за помладата популација, е во овој период да се јакне имунитетот, бидејќи силниот имунитет во голема мера ја зголемува можноста на организмот самиот да се справи со овие потенцијални инфекции. Педијатрите најчесто препорачуваат 15 дена пред заминување на летен одмор, во текот на траењето на одморот, како и 15 дена по завршувањето на истиот, на децата да им се дава масло од семки од грејпфрут за јакнење на имунитетот, како и пробиотици за регулирање и заштита на цревната флора.

Лекувањето на стомачниот вирус кај полесните случаи опфаќа симптоматска терапија, проследена со пробиотици и конзумирање повеќе течности и витамини за да се спречи дехидрирање, додека кај поизразената клиничка слика потребна е дополнителна терапија по препорака на лекар.

За превенција и третирање на стомачните вируси најдобро е да се користат 100% природни средства, кои благодарение на нивниот состав и својства значително влијаат на заштита од вируси и бактерии, но и на намалување на симптомите и отстранување на причините за стомачните вируси, како што се: масло од семки од грејпфрут, масло од ѓумбир и масло од диво оригано. При изборот на овие производи, секогаш внимавајте тие да бидат чисти по состав (да не се разредени, да не содржат алкохол, стабилизатори или одредени киселини, кои додатоци можат да му направат штета на организмот).

Масло од семки од грејпфрут

gejpfrut

Маслото од семки од грејпфрут е најмоќниот природен антивиретик и антибиотик кој докажано уништува широк спектар на грам-позитивни и грам-негативни микроорганизми (преку 800 видови вируси, бактерии и габи), вклучувајќи ги и оние кои се предизвикувачи на гастроентеритис: ешерихија коли, салмонела, шигела, кампилобактер.

Начин на користење на маслото од семки од грејпрфут за превенција и третирање на гастроентеритис:

  • Кај бактериските инфекции препорачаната доза е 10 капки масло растворени во 200-300мл. вода, сок или чај, два пати дневно.
  • За превенција од т.н. “патничка дијареа“ доволно е да се земат секој ден 3-5 капки масло растворени во вода или сок.
  • За користење на вода за која не сте сигурни дали е бактериолошки исправна, доволно е да додадете само неколку капки масло од семки од грејпфрут во водата, да ја размешате и да почекате неколку минути пред да ја користите.
  • За миење на овошјето и зеленчукот можете да додадете 2-3 капки масло од семки од грејпфрут во сад со вода и да го оставите да отстои 5-10 минути. На тој начин ќе се уништат бактериите ешерихија коли и салмонела.
  • Маслото од семки од грејпфрут е едно од најефикасните природни средства за дезинфекција на предмети.

Маслото од семки од грјепфрут станува производ кој може да се најде во секоја домашна аптека во Америка и Европа, исто како аспиринот, фластерот или медицинскиот алкохол. Ова масло е неопходен придружник на сите патници, туристи, кампери, затоа што ефикасно ги штити од стомачни проблеми предизвикани од страна на сомнителна храна и вода.

Масло од ѓумбир

gumbir

Маслото од ѓумбир е еден од најдобрите природни лекови за проблеми со варењето, стомачни болки, диспепсија, колики, грчеви (спазмолитик), пролив, гасови (карминатив) и други проблеми поврзани со стомакот и цревата. Во исто време ова масло е антисептик и карминатив и како резултат на тоа, може да се користи за лекување на труење со храна, за лекување на цревни инфекции и бактериска дизентерија.

Масло од диво оригано

divo origano

Во последно време во голем број на истражувања се потврдува ефектот на маслото од диво оригано при лекување на инфекција со ешерихија коли. Маслото од диво оригано е природен антиоксиданс и прочистувач, чија основна состојка карвакрол делува антивирусно, антибактериски, антигфунгално и го зајакнува имунитетот. Научно е потврдено дека маслото од диво оригано и во многу мали дози може ефикасно да ги замени пеницилинот, стрептомицинот и вакномицинот. За разлика од фармацевтските антибиотици, ориганото не ја оштетува клеточната мембрана на бактериите со што е оневозможено нивното мутирање. Покрај ова, маслото од диво оригано ги уништува и веќе мутираните бактерии. Маслото од диво оригано има силен ефект врз вообичаените патогени бактерии, како што е ешерихија коли. При земање на масло од диво оригано за лекување на ешерихија коли, важно е да се одбере оригано кое има што поголем процент на супстанцата карвакрол (кај чистите масла овој процент изнесува до 90,58 како што е маслото на Херба Натура).