Ginger oil

gumbir pr

  • Relives digestive upsets

  • Increases the potency

  • Reduces stress, depression and anxiety

Buy now

Natural alternative for your health

Buy now

Our products are carried at the EUROFARM pharmacy stores throughout the country and in other well supplied pharmacy stores. Buy them online on www.hipermarket.mk

Properties of Ginger oil

The ginger oil should be used diluted. For preventive use take up to 3 drops once daily. When specified conditions are detected, take 1-3 drops on a tablespoon of honey or sugar, 3 times a day. For massage to relieve pain from rheumatism, arthritis and inflammation of muscles mix 5-10 drops of ginger with other types of natural neutral oil (almond, eucalyptus, coconut).

Use of Ginger oil

Not recommended for more than four days in pregnant women. Not recommended for children under six years of age and for people with problems with blood clotting. Ginger oil is photosensitive and the massaged body part should not be exposed directly to the sun for 24 hours.

Напомена:

Сите информации околу својствата, индикациите и начинот на употреба на маслото од ѓумбир се засноваат на стручната литература и на светски интернет страници посветени на лековити билки и здрав живот. Содржините се од информативен карактер и не се наменети за дијагностицирање или лекување. Одлуката да се користи маслото од диво оригано е одговорност на читателот.

Мерки на претпазливост:

Не се препорачува употреба повеќе од четири дена кај трудници. Не се препорачува за деца до шест годишна возраст и за луѓе со проблеми со коагулацијата на крв. Маслото од ѓумбир е фотосензитивно и при масажа не треба да се изложува директно на сонце  во период од 24 саати.

Маслото од ѓумбир е еден од најдобрите природни лекови за проблеми со варењето, стомачни болки, диспепсија, колики, грчеви (спазмолитик), пролив, гасови (карминатив) и други проблеми поврзани со стомакот и цревата. Во исто време ова масло е антисептик и карминатив и како резултат на тоа, може да се користи за лекување на труење со храна, за лекување на цревни инфекции и бактериска дизентерија.

Истражувањата на научниците од Универзитеот Brigham Young покажуваат дека маслото од ѓумбир е ефикасно средство против гадење и повраќање, и делува подобро од повеќето лекови против мачнини. Употреба на маслото од ѓумбир, исто така, може да го намали проблемот со мачнини и повраќање  кај жените во текот на бременоста.

Исто така, едно американско истражување неодамна докажа дека маслото од ѓумбир ги намалува негативните последици од хемотерапијата, кои ги имаат пациентите со рак. Истражувањето, извршено на 644 пациенти, покажало дека пациентите кои дневно земале по половина милилитар од масло од ѓумбир, чувствувале и до 40% помала мачнина и вртоглавица, кои ги предизвикува хемотерапијата.

Маслото од ѓумбир има својство на експекторант и затоа е ефикасно средство за лекување на разни респираторни проблеми како што се настинки, кашлица, грип, астма, бронхитис и гушење. Маслото од ѓумбир е многу ефикасно средство за отстранување на слузот од грлото и белите дробови.

Маслото од ѓумбир често се користи во традиционалната медицина за да се намалат воспаленијата. Досега направените истражувања докажуваат дека неговите анти-воспалителни својства може да се припишаат на присуството на една супстанција наречена Zingibain. Тоа е природен аналгетик кој ја намалува болката предизвикана од воспаление на мускулите, артритис, ревматизам, главоболка и мигрена.

Истражувањата направени на „University of Georgia“ во САД  откриле дека секојдневната консумација на маслото од ѓумбир го загрева телото, ја подобрува и забрзува циркулацијата на крвта и затоа е одличен природен лек за болните и воспалени мускули. Се верува дека редовната употреба на масло од ѓумбир доведува до намалување на простагландините,  кои се соединенија поврзани со болката. Неодамна, неколку кинески истражувачи објавија дека маслото од ѓумбир може да биде многу ефикасно во лекување на воспаление на тестисите.

За отстранување на мускулни болки и воспаленија може да се прави и масажа со масло од ѓумбир на воспаленото место. Ако маслото од ѓумбир се користи како средство за масажа, потребно е истото да се раствори во сооднос 50:50 со некое базично масло (маслиново масло, масло од семки од кајсија, бадемово масло итн.)

Дали патите од болни менструални грчеви? Нередовната и болна менструација  може да се третира со конзумирање на масло од ѓумбир. Студијата објавена во списанието „Journal of Alternative and Complementary Medicinе“ покажува дека маслото од ѓумбир кај болните менструални грчеви е подеднакво ефикасно средство како и ибупрофенот. Во овој случај, маслото се конзумира орално, како што е опишано во упатството погоре.

Маслото од ѓумбир се користи како средство за спречување и лекување на разни срцеви заболувања. Прелиминарните истражувања покажуваат дека маслото од ѓумбир може да биде корисно за намалување на нивото на холестерол и спречување на згрутчување на крвта. Истражувачите во Данска утврдиле дека маслото од ѓумбир ефикасно делува против згрутчување на крвта бидејќи ја спречува синтезата на супстанцата наречена тромбоксан која сигнализира на крвните клетки да се групираат, што е прв чекор за формирање на тромбовите. Истражувачите на “Cornell University” констатирале дека ѓумбирот ја разредува крвта со што може да ги разбие веќе создадените тромбови со помош на супстанцата наречена Gingerol која има структура многу слична на аспиринот, кој е меѓу останатото познат и како добар  антикоагуланс. Со намалување на нивото на холестерол и разредување на крвта, шансите за запушување на крвните садови се намалуваат, а со тоа се намалува и веројатноста за срцев удар.

Маслото од ѓумбир има својства на стимуланс и со тоа ја намалува депресијата, менталниот стрес, заморот и анксиозноста. Кога се користи како стимуланс, маслото од ѓумбир може да се употребува орално, како што е препорачано во упатството погоре или пак на малку памук се капнува 2 до 3 капки од маслото и од него се вдишува во текот на денот.

Маслото од ѓумбир е корисно и за сексуалното здравје на мажите и на жените. Ова масло има својства на природен афродизијак и е ефикасно средства за подобрување на потенцијата и спречување на прерана ејакулација. За оваа примена, маслото од ѓумбир се користи орално, како што е опишано во упатството погоре, а истовремено и како средство за масажа, за што е потребно истото да се раствори во сооднос 50:50 со некое базично масло (маслиново масло, масло од семки од кајсија, бадемово масло итн.).

Според Американското здружение за рак, прелиминарните истражувања врз животни покажале дека ѓумбирот може да бидат корисно средство при лекувањето на рак. Ѓумбирот се покажал како блокатор на непотребните мутации на човековите гени кои водат кон појава на рак. Заради својствата што ги има маслото од ѓумбир може да го намали ризикот од колоректален карцином.

Buy now

Natural alternative for your health

Buy now

Our products are carried at the EUROFARM pharmacy stores throughout the country and in other well supplied pharmacy stores. Buy them online on www.hipermarket.mk