Масло од ѓумбир

-
Ги отстранува тегобите во дигестивниот систем
-
Ја зголемува потенцијата
-
Ги намалува стресот и нервозата
Природна алтернатива за Вашето здравје
Купи веднашПроизводите побарајте ги во аптеките на Еурофарм и останатите Продажни Места, или пак купете ги преку интернет www.hipermarket.mk
Останати производи
Својства на маслото од ѓумбир
Маслото од ѓумбир се добива од ризомот (подземното стебло) на растението Zingiber officinale, по пат на дестилација. Најголем дел од зравствените придобивки на ова масло се должат на присуството на соединението наречено Gingerol. Маслото од ѓумбир делува како дигестив, аналгетик, антиеметик, антисептик, карминатив, експекторант, диафоретик, нервин, афродизијак и стимулант. Здравствените придобивки од маслото од ѓумбир вклучуваат и проблеми со стомакот, гадење, срцев удар, проблеми со варењето, воспаленија, респираторни проблеми и менструални нарушувања.
Начин на употреба на маслото од ѓумбир
Маслото од ѓумбир задолжително се користи разредено. За превентивна употреба се зема до 3 капки еднаш на ден. При утврдени заболувања дневно се зема по 1 до 3 капки масло од ѓумбир на лажица мед или шеќер, до три пати на ден. За масажа при болка од реума, артритис и воспаление на мускулите се меша 5-10 капки масло од ѓумбир со друг вид на природно неутрално масло (бадемово, еукалиптус, кокосово). За употреба кај деца до 12 годишна возраст, се користи половина од дозата препорачана за возрасни.
Напомена:
Сите информации околу својствата, индикациите и начинот на употреба на маслото од ѓумбир се засноваат на стручната литература и на светски интернет страници посветени на лековити билки и здрав живот. Содржините се од информативен карактер и не се наменети за дијагностицирање или лекување. Одлуката да се користи маслото од диво оригано е одговорност на читателот.
Мерки на претпазливост:
Не се препорачува употреба повеќе од четири дена кај трудници. Не се препорачува за деца до шест годишна возраст и за луѓе со проблеми со коагулацијата на крв. Маслото од ѓумбир е фотосензитивно и при масажа не треба да се изложува директно на сонце во период од 24 саати.
Истражувањата на научниците од Универзитеот Brigham Young покажуваат дека маслото од ѓумбир е ефикасно средство против гадење и повраќање, и делува подобро од повеќето лекови против мачнини. Употреба на маслото од ѓумбир, исто така, може да го намали проблемот со мачнини и повраќање кај жените во текот на бременоста.
Исто така, едно американско истражување неодамна докажа дека маслото од ѓумбир ги намалува негативните последици од хемотерапијата, кои ги имаат пациентите со рак. Истражувањето, извршено на 644 пациенти, покажало дека пациентите кои дневно земале по половина милилитар од масло од ѓумбир, чувствувале и до 40% помала мачнина и вртоглавица, кои ги предизвикува хемотерапијата.
Истражувањата направени на „University of Georgia“ во САД откриле дека секојдневната консумација на маслото од ѓумбир го загрева телото, ја подобрува и забрзува циркулацијата на крвта и затоа е одличен природен лек за болните и воспалени мускули. Се верува дека редовната употреба на масло од ѓумбир доведува до намалување на простагландините, кои се соединенија поврзани со болката. Неодамна, неколку кинески истражувачи објавија дека маслото од ѓумбир може да биде многу ефикасно во лекување на воспаление на тестисите.
За отстранување на мускулни болки и воспаленија може да се прави и масажа со масло од ѓумбир на воспаленото место. Ако маслото од ѓумбир се користи како средство за масажа, потребно е истото да се раствори во сооднос 50:50 со некое базично масло (маслиново масло, масло од семки од кајсија, бадемово масло итн.)
Eфикасноста на ѓумбирот при превенција од постоперативно гадење и повраќање
Активните состојки на ѓумбирот корисни за превенција и лекување на болести
Антиоксидантски и антимикробни карактеристики на маслото од ѓумбир
Ефикасност на маслото од ѓумбир при лекување на Helicobacter Pylori
Фарамаколошки активности на маслото од ѓумбир
Ѓумбир за зголемување на потенцијата
Природна алтернатива за Вашето здравје
Купи веднашПроизводите побарајте ги во аптеките на Еурофарм и останатите Продажни Места, или пак купете ги преку интернет www.hipermarket.mk