Масло од диво оригано

origano pr

  • Ги спречува грипот и настинките

  • Најмоќен природен антисептик

  • Ефикасно ги отстранува бактериите (ешерихија коли, стафилококи, стрептококи, листерија)

Купи веднаш

Природна алтернатива за Вашето здравје

Купи веднаш

Производите побарајте ги во аптеките на Еурофарм и останатите Продажни Места, или пак купете ги преку интернет www.hipermarket.mk

Својства на маслото од диво оригано

Маслото од диво оригано е моќен природен антибиотик, конкурент на најсилните конвенционални антибиотици. Докажано е дека основната состојка на маслото од диво оригано – carvacrol, има сили антивирусни, антифунгални, антибактериски и антипаразитски својства и ефикасно уништува над триесет видови на микроорганизми (бактерии, вируси, габи). Ефикасно ги спречува грипот и настинките, помага при воспаленија, намалување на болката и избегнување на инфекции.

Начин на употреба на маслото од диво оригано

Маслото од диво оригано задолжително се користи разредено, најчесто со некое базично  масло (маслиново, ленено, кокосово, бадемово). За превентивна употреба се зема еднаш на ден по 4 капки, растворено во една кафена лажица базично масло. При утврдени заболувања се зема најмногу до 4 капки од маслото од диво оригано растворено во една кафена лажица базично масло и се конзумира 3 пати на ден континуирано во период не подолг од 15 дена. До следната употреба на маслото од диво оригано, се прави пауза од 10 дена. Деца до 12 годишна возраст, смеат да го употребуваат маслото од диво оригано, но половина од препорачаната дневна доза за возрасни.

Напомена:

Сите информации околу својствата, индикациите и начинот на употреба на маслото од диво оригано се засноваат на стручната литература и на светски интернет страници посветени на лековити билки и здрав живот. Содржините се од информативен карактер и не се наменети за дијагностицирање или лекување. Одлуката да се користи маслото од диво оригано е одговорност на читателот.

Мерки на претпазливост:

Маслото од диво оригано треба да се чува на суво и темно место, недостапно за деца. Не се препорачува кај трудници и доилки, затоа што карвакролот влијае на железото во крвта;  кај деца до три годишна возраст; и кај луѓе со зголемен крвен притисок и срцево-болните, затоа што може да предизвика забрзано чукање на срцето. При конзумирање не треба да се меша со сок од лимон.

Дивото оригано (Origanum minutiflorum) е ендемична билка која расте единствено на високите планински предели во јужна Турција, на надморска височина од над 2000м. Токму климата и условите кадешто расте дивото оригано овозможува висока концентрација од над 80% на активната состојка – carvacrol и го прави да биде со органско потекло. Дивото оригано се разликува од питомото оригано (Origanum Marjoram), кое најчесто се користи како зачинска билка во исхраната.  Маслото од диво оригано се добива со природен процес на дестилација на листовите, единствено кога растението е во фаза на цветање и е богато со етерични масла.
Користите од маслото од диво оригано биле познати уште од античко време, кога Хипокрит го користел ова масло за лечење на разни болести, како стомачни болки и респираторните заболувања. Подоцна, во 15 век, Парацелзус го користел маслото од диво оригано  за лечење на  жолтица, псоријаза, дијареа и некои други габични заболувања.

Според бројни студии, главната антибактериски активна состојка на дивото оригано е carvacrol, кој претставува природен фенол. Други слични состојки содржани во маслото од диво оригано се флавоноиди, кои имаат антисептичко дејство, тимол и терпени кои делуваат антивоспалително. Маслото од диво оригано делува против воспаленија и болки предизвикани од артритис, астма, егзема, синузитис, хепатитис, псоријаза и други воспалителни нарушувања. Докажано е дека маслото од диво оригано не дозволува бактериите да дишаат и во многу краток временски период ги убива. Не дозволува мутација и отпорност на бактериите, a ефикасно ги убива и веќе мутираните бактерии, резистентни на конвенционална антибиотска терапија. Постојат голем број на научни студии со кои се докажува моќта на маслото од диво оригано и уште во 1910 година е потврдено дека маслото на диво оригано е најсилниот растителен антисептик во светот.

Маслото од диво оригано има силни антиоксидантски и стимулирачки својства. Антиоксидантските својства на маслото од диво оригано предизвикуваат забавување и запирање на процесот на оксидација на молекулите. Маслото од диво оригано може да го намали влијанието на слободните радикали, да ја намали и отстрани штетата причинета на организамот. Маслото од диво оригано ја стимулира работата на жолчката со што го подобрува протокот и варењето на храната.
Многу научни студии докажаа дека маслото од диво оригано е моќен имунолошки зајакнувач. Со користење само на 1 до 4 капки масло од диво оригано разредено во друго базично масло, три пати дневно, значително се зајакнува имунитетот и се одржува доброто здравје.

Маслото од диво оригано ефикасно делува против настинки, грип и херпес. Во последните години во САД и Канада особено се користи за превенција од свински грип (А-H1N1), сезонски грип и настинки.
Со секојдневно користење на маслото од диво оригано се зајакнува имунолошкиот систем и се ослабнуваат вирусите. При првите знаци на вирусни инфекции, како што се настинка, грип, херпес, осип, итн., земете 4 капки масло од диво оригано разредено во друго базично масло најмногу три пати на ден. Дополнително, во случај на херпес и осип, маслото може да се нанесе директно на местото каде што може да се почувствува воспалување пред појавувањето на херпесот или осипот.  На овој начин може да се спречи појавувањето на овие болести. Маслото од диво оригано не треба да се користи на чувствителни делови на кожата и слузокожата.

Кај воспаление на синусите и бронхитис се прави инхалација два до три пати на ден со топла вода во која се ставаат 1 до 4 капки масло од диво оригано. Маслото од диво оригано не смее да се става директно во носните шуплини и треба да се избегнува контакт на пареата со очите.

Научно е потврдено дека маслото од диво оригано и во многу мали дози може ефикасно да ги замени пеницилинот, стрептомицинот и вакномицинот. За разлика од фармацевтските антибиотици, ориганото не ја оштетува клеточната мембрана на бактериите со што е оневозможено нивното мутирање. Покрај ова, маслото од диво оригано ги уништува и веќе мутираните бактерии. Маслото од диво оригано има силен ефект врз вообичаените патогени бактерии, како стафилококи, стрептококи, ешерихија коли и листерија. Состојката Carvacrol ефикасно делува против Candida albicans, како и против салмонела и Pseudomonas eruginoze, кои се резистентни на антибиотици.

Истражувањата спроведени на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон покажаа дека дивото оригано е одлично антифунгално средство кое целосно ја убива Candida albicans.
Кандидата е габична инфекција која е широко распространета меѓу луѓето. Маслото од диво оригано содржи силни антифунгални состојки кои сигурно и ефикасно влијаат на отстранување на кандидата. Се земаат до 4 капки масло од диво оригано разредено со друго базично масло, три пати дневно, во период не подолг од 15 дена. Третманот се повторува после пауза од 10 дена и трае до 3 месеци. За време на терапијата неопходно е да се избегнува храна со висока концентрација на шеќер, како и производи од бело брашно, од причина што истите ја хранат кандидата. Дополнително, задолжително треба да се пие 8-12 чаши вода за исфрлање на токсините од организмот, кои се создаваат при уништувањето на кандидата.
Габичните инфекции на ноктите често се упорни и тешко се отстрануваат, но затоа маслото од диво оригано има докажана 100% ефикасност за овој проблем. Два до три пати дневно ноктите треба да се измијат и исушат и да се премачкаат со 2 до 3 капки масло од диво оригано, се додека ноктите не се нормаилизираат. Лечењето на кандидата е подолготраен процес и може да трае и до 3 месеци. Ефектот е уште поголем доколку во исто време се земаат до 4 капки масло од диво оригано разредено со друго базично масло, три пати дневно, затоа што габичните инфекции на ноктите се најчесто предизвикани од инфекција на крвта со кандида.  Задолжително треба да се пие 8-12 чаши вода за исфрлање на токсините од организмот, кои се создаваат при уништувањето на кандидата.

Додадете една капка масло од диво оригано во вода која не е микробиолошки испитана за да се заштитите од паразити, како што се Cryptosporidium и Giardia. За отстранување на паразити во организмот, се земаат до 4 капки масло од диво оригано разредено со друго базично масло, три пати дневно, во период не подолг од 15 дена.

Купи веднаш

Природна алтернатива за Вашето здравје

Купи веднаш

Производите побарајте ги во аптеките на Еурофарм и останатите Продажни Места, или пак купете ги преку интернет www.hipermarket.mk