ШТО ПРЕТСТВАУВА CITRONASAL PLUS СПРЕЈОТ ЗА НОС?

CitroNasal Plus спрејот за нос е наменет пред се за деца од шест годишна возраст и возрасни. Предноста на овој спреј пред остантаите такви спрејови е во тоа што CitroNasal Plus e формулиран исклучиво од природни состојки кои не предизвикувваат зависност или алергичност, а истовремено може да се користи буквално секој ден.

ЗОШТО ДА ГО КОРИСТИТЕ CITRONASAL PLUS СПРЕЈОТ ЗА НОС?

Овој спреј наоѓа примена во многу различни ситуации, поврзани со носните шуплини и дишењето.

Помага при затнатост на носот и синусите, а особено при настинки, грип и алергии. Со смирувачките ароматични својства на маслото од еукалиптус, овој спреј го олеснува дишењето, ја одржува влажноста на носните шуплини и ги чисти од алергени како прашина и полен. Кај настинка и грип CitroNasal Plus помага за разредување и отстранување на  вишокот на секрет во носот и го олеснува дишењето, а благодарение на антибактериските и антивирусните својства на маслото од семки од грејпфрут дејствуа локално и помага и за отстранување на бактериите и вирусите, а посебно на стрептококите и стафилококите.

Кај синузитис и ринитис CitroNasal Plus спрејот има својство на ослободување од назална конгестија и помага да се неутрализира киселоста во синусната шуплина при синузитис. Дополнително, маслото од еукалиптус кое е познат антисептик и антиспазматик, со својата силна арома го олеснува отежнатото дишење предизвикано од сув или загаден воздух, што овој спреј го прави исклучително корисен во периодите кога загаденоста на воздухот е на висoко ниво.

Во текот на сезоната на алергии, помага за навлажнување на носните шуплини и ги чисти од прашина, нечистотија, полен, и други алергени. CitroNasal Plus спрејот за нос е корисен за сите кои повеќето од времето го поминуваат во затворен простор или простор со централно греење или клима уред, како што е градинка, училиште, канцеларија, стан итн.

citronasal plus 2

ВО ШТО Е ПОРАЗЛИЧЕН СПРЕЈОТ ЗА НОС CITRONASAL PLUS ОД СИНТЕТИЧКИТЕ СПРЕЈОВИ И ОНИЕ КОИ СОДРЖАТ МЕДИКАМЕНТИ?

Синтетичките спрејови и спрејовите со медикаменти, содржат состојки кои ја собираат слузницата во носната шуплина, при што создаваат ефект на широкоотворени носни шуплини и полесно дишење. Иако ова може да претставува привидно олеснување за оној кој го користи, тоа всушност го доведува корисникот во циклус на зависност од овие спрејови. Корисникот е навикнат да дише со невообичаено широко отворени носни шуплини, а потоа, кога на лекот ќе му помине дејството, отвореноста на носните шуплини се намалува и се враќаат во нормала положба. Ова намалувањето се чувствува како носот да е затнат повторно, така што корисникот има потреба да ре-администрира спреј кој содржи лек, со што повторно ги отвора носните шуплини во позиција која е далеку од нивната нормална отвореност. Спрејот за нос CitroNasal Plus е направен од исклучиво природни состојки, без синтетички додатоци и медикаменти. Состојките од кои е направен спрејот, не предизвикуваат состојба на зависност од неговото користење. CitroNasal Plus спрејот за нос делува освежувачки и навлажнувачки на слузокожата на носните шуплини и ги плакне иритантите од нив, создавајќи заштитна бариера против разни инфекции. Истовремено, доколку се користи локално за третирање на одредена бактериска или вирусна инфекција од која се зафатени носните шуплини, овој спреј благодарение на својствата на маслото од семки од грејпфрут, но и на маслото од еукалиптус, ќе ги уништи насобраните инфициенси, со што нема да дозволи истите да се развијат во поголема количина и да го нападнат организмот. CitroNasal Plus спрејот е безбедна за долготрајна употреба, без да има потреба да се прават прекини во неговото користење.

КАКО СЕ КОРИСТИ CITRONASAL PLUS СПРЕЈОТ ЗА НОС?

Начинот на дозирање на CitroNasal Plus спрејот за нос е следен: Кај деца од шест до дванаесет години, една до две апликации во секоја ноздра до четири пати на ден. Кај деца постари од дванаесет години и возрасни, две до три апликации во секоја ноздра до осум пати на ден.

Состојки: дејонизирана вода, натриум хлорид, растителен глицерин, масло од семки од грејпфрут и масло од еукалиптус.