ШТО ПРЕТСТВАУВА CITRONASAL СПРЕЈОТ ЗА НОС?

CitroNasal спрејот за нос е наменет пред се за најмладата популација и тоа за деца од една до шест години, но не е ограничено да го користат и возрасните. Предноста на овој спреј пред остантаите такви спрејови е во тоа што CitroNasal e формулиран исклучиво од природни состојки кои не предизвикувваат зависност или алергичност, а може да се користи буквално секој ден.

ЗОШТО ДА ГО КОРИСТИТЕ CITRONASAL СПРЕЈОТ ЗА НОС?

Овој спреј е корисен за помагање во многу различни ситуации. Во текот на сезоната на алергии, помага за навлажнување на носните шуплини и ги чисти од прашина, нечистотија, полен, и други алергени. CitroNasal спрејот за нос е корисен и при воспаление или инфекција на синусите, како и при состојба на синузитис. Исто така, им помага на сите кои повеќето од времето го поминуваат во затворен простор или простор со централно греење или клима уред, како што е градинка, училиште, канцеларија, стан итн.

citronalsa 2

ВО ШТО Е ПОРАЗЛИЧЕН СПРЕЈОТ ЗА НОС CITRONASAL ОД СИНТЕТИЧКИТЕ СПРЕЈОВИ И ОНИЕ КОИ СОДРЖАТ МЕДИКАМЕНТИ?

Синтетичките спрејови и спрејовите со медикаменти, содржат состојки кои ја собираат слузницата во носната шуплина, при што создаваат ефект на широкоотворени носни шуплини и полесно дишење. Иако ова може да претставува привидно олеснување за оној кој го користи, тоа всушност го доведува корисникот во циклус на зависност од овие спрејови. Корисникот е навикнат да дише со невообичаено широко отворени носни шуплини, а потоа, кога на лекот ќе му помине дејството, отвореноста на носните шуплини се намалува и се враќаат во нормала положба. Ова намалувањето се чувствува како носот да е затнат повторно, така што корисникот има потреба да ре-администрира спреј кој содржи лек, со што повторно ги отвора носните шуплини во позиција која е далеку од нивната нормална отвореност. Спрејот за нос CitroNasal е направен од исклучиво природни состојки, без синтетички додатоци и медикаменти. Состојките од кои е направен спрејот, не предизвикуваат состојба на зависност од неговото користење. CitroNasal спрејот за нос делува навлажнувачки на слузокожата на носните шуплини и ги плакне иритантите од нив, создавајќи заштитна бариера против разни инфекции. Истовремено, доколку се користи локално за третирање на одредена бактериска или вирусна инфекција од која се зафатени носните шуплини, овој спреј благодарение на својствата на маслото од семки од грејпфрут, ќе ги уништи насобраните инфициенси, со што нема да дозволи истите да се развијат во поголема количина и да го нападнат организмот. CitroNasal спрејот е безбедна за долготрајна употреба, без да има потреба да се прават прекини во неговото користење.

КАКО СЕ КОРИСТИ CITRONASAL СПРЕЈОТ ЗА НОС?

Начинот на дозирање на CitroNasal спрејот за нос за деца е следен: Кај децата од една до три годишна возраст се прснува по еднаш до два пати во секоја ноздра од три до пати на ден. Кај деца од три до шест годишна возраст, се прснува по два до три пати во секоја ноздра од четири до шест пати на ден. Кај деца од шест до дванаесет годишна возраст, се прснува по два до три пати во секоја ноздра до осум пати на ден. Кај деца од двнаесет годишна возраст и возрасни, се прснува од три до четири пати во секоја ноздра до осум пати на ден.

Состојки: дејонизирана вода, натриум хлорид, растителен глицерин и масло од семки од грејпфрут.